Браво за Прилеп.
Груевски: „Гентерм“ ќе отвори 2.000 работни места
Петок, 27 Февруари 2015 15:55
Со инвестицијата на американската компанија „Гентерм“ во изградба на фабрика во индустриската зона во Прилеп ќе се отворат 2.000 нови вработувања и ќе има многу работа на локалните фирми, истакна денеска премиерот Никола Груевски.
- Како што објавија претседателот на компанијата и другите негови соработници, „Гентерм“ влегува во Македонија и го одбра Прилеп за локација. Градбата ќе почне многу брзо, некаде март, април и ќе заврши брзо некаде во октомври, затоа што тие веќе ги прават подготовките, рече Груевски, по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци.
Вработувањата, истакна, ќе почнат во октомври и постепено ќе се достигне бројката од 2.000 луѓе. Компанијата објави дека ќе почне да ги регрутира првите вработени и да ги испраќаат на тренинг затоа што во октомври некој треба веќе да започне со работа и тоа е добро, а во октомври ќе почнат помасовно да примаат луѓе.
- Ќе биде одлично за граѓаните на Прилеп и на целиот прилепски регион затоа што сите што живеат во тој регион ќе имаат можност да конкурираат и да се вработат и да бидат дел од овие 2.000 луѓе. Ќе има доста работа и за локалните фирми коишто можат да бидат добавувачи на „Гентерм“, истакна Груевски и додаде дека „Гентерм“ веќе има 8.600 вработени во автомобилската индустрија.
Инвестицијата, како што рече, е резултат на заеднички сили од повеќе лица и долго работење на Владата со оваа компанија, по долги убедувања.
-Во конкуренција на пет други држави, Македонија беше избрана како најдобра локација за градба на нивната следна фабрика, додаде премиерот Груевски.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/191297-Gruevski-Genterm-ke-otvori-2000-rabotni-mesta?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed: kurir/makedonija (Курир - Македонија)[DOUBLEPOST=1425074009][/DOUBLEPOST]Браво и за Валандово. Пред се се радувам што инвеститорот се залага за еколошко ископување.
Инвестиција од 250 милиони евра, нови 250 вработувања во рудник кај Казандол
Петок, 27 Февруари 2015 13:21
Вкупна инвестиција од 250 милиони евра за четири години и 250 нови вработувања само во првата фаза предвидува договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол што денеска го потпишаа министерот за економија Беким Незири и менаџерите на компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ – Скопје.
Согласно договорот, најпрво ќе се гради фабрика за катоден бакар со капацитет од 4.000 тони годишно, а геолошките истражувања продолжуваат на уште два локалитета каде се планира изградба и на објекти за финални производи.
- Владата продолжува со активностите за привлекување странски инвестиции кои имаат позитивен ефект врз растот и развојот на економијата. Компанијата САРДИЧ со англиско-украински капитал во првата фаза од проектот ќе вложи 25 милиони евра и ќе вработи 250 лица, но плановите не застануваат тука, рече министерот Незири пред потпишувањето на договорот.
Како што информира извршниот управител на компанијата Генадиј Сичов, изградбата на фабриката почнува во мај, а производството треба да стартува најдоцна до крајот на годинава.
- Експлоатацијата на бакарната руда ќе се врши со најсовремена технологија, според сите еколошки стандарди, без какви било влијанија на животната средина, напомена Сичов.
Бакарните катоди ќе бидат наменети за македонскиот пазар, но дел и ќе се извезува. Се очекува приливот на средства во државата да изнесува околу два милиона евра.
Во подготвителните активности за целиот процес САРДИЧ досега вложи пет милиони евра.
Компанијата во јануари минатата година по електронското наддавање го доби тендерот за детални геолошки истражувања во рудните наоѓалишта Казандол, Плавуш и Петрошница. Истражувањата завршија во рекордно време и беа изготвени потребните елаборати. Новиот капацитет на САРДИЧ ќе користи напредна, веќе разработена технологија за извлекување бакар. Станува збор за специфичен процес во затворен циклус на извлекување и преработка со електролиза без испуштање какви било гасови, течности или тврди отпадоци во околината
http://kurir.mk/makedonija/vesti/191271-Investicija-od-250-milioni-evra--novi-250-vrabotuvanja-vo-rudnik-kaj-Kazandol[DOUBLEPOST=1425074157][/DOUBLEPOST]Ова уште не е официјално ама чим премиерот го спонува сигурно е 99,997%. Само уште да се открије локацијата
Груевски: Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика во Македонија
Американска компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два.
- Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која што ќе ја остваруваат во таа фабрика- рече Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци, Општина Бутел.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=46079