- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Влегувањето во црква може не ме прави верник ама прави да се чувтвувам спокојно, ослободено, мирно....
Епа стварно е шубе бе човек. Не дека ги сакам јас адетите, ама ај не викни поп за 40 дена или не знам за слава не го пеј лепчето. Стварно некако е шубе после. За Велигден на врата ни доаѓа поп и као демек да ни ја освети куќата. Никој не го викнал ама не си иде додека не му дадеш пари. И ај што да направиш да му затвориш врата или да го избркаш дека немаш 100 ден. да му дадеш!? Пак е шубе![]()
Тоа што го викаш шубе, е суеверен, примитивен страв. И токму тоа е она што овие арамиите го користат.
Мене така ми дојде еднаш поп на врата, и го поканив да влезе. За воља на вистината, не беше ненајавен, претходниот ден помина еден човек и ми кажа дека ќе помине попот. Не се сеќавам за кој празник беше.
Го оставив да си ги направи сите магии и кога дојде време за пари, му ја дадов Бибилјата и му реков дека ќе му дадам 100 евра за услугите, ако може да ми најде каде во Библијата има напишано дека се свештениците треба да земаат пари. Направи незаборавна фаца, прајслес. Си замина, и никогаш повеќе не стапна кај мене дома. Ниту тој, ниту било кој друг. Веројатно сум им ставен на некоја црна листа на неплаќачи.

Последно уредено: