До кога МПЦ планира да го дере народот?

  • Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
ПОПОВИ=ЛОПОВИ
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Исто така, според мојата логика (на страна шалите за нафтата и сервисот на џипови) цените се очигледно покачени поради тоа што народот нема ебан денар и се помалку остава пари во црква. Си рекле: „Ќе ги сечеме кај што мора да платат“, а тоа се настаните кој ниеден верник нема да ги избегне: венчавките, крштевките и погребите.
Јас не ги кривам поповиве, да живеевме во 15 ти - 16 ти век, каде достапноста до информации била практично нула, каде писмени биле неколку луѓе во целата земја, каде библија имале само поповите, да сметаш дека народот е изманипулиран. Ама сега кога достапноста до информации е моментална и неограничена?! Каде секој може да се информира? Сега, неинформираноста е работа на избор а не неизбежност. Ако некој дозволил да биде третиран како овца (дури и терминологијата е таа, пастири, стадо....), тогаш кој му е крив? За прв пат ќе се согласам со @Изгрев - никој не им става пиштол на глава да одат и да даваат пари на поповите.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
Јас не ги кривам поповиве, да живеевме во 15 ти - 16 ти век, каде достапноста до информации била практично нула, каде писмени биле неколку луѓе во целата земја, каде библија имале само поповите, да сметаш дека народот е изманипулиран. Ама сега кога достапноста до информации е моментална и неограничена?! Каде секој може да се информира? Сега, неинформираноста е работа на избор а не неизбежност. Ако некој дозволил да биде третиран како овца (дури и терминологијата е таа, пастири, стадо....), тогаш кој му е крив? За прв пат ќе се согласам со @Изгрев - никој не им става пиштол на глава да одат и да даваат пари на поповите.
Абе информираност... Џиповите се купуваат со парите од тие што најмалку ги имаат. Бабички и дедовци, полни маки, што оставаат за душа и што се молат за подобро и за здравје... Во утепани земји кај што царува сиромаштијата и неимформираност се знае кои работи се најсилни. Лотаријата и црквата.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Абе информираност... Џиповите се купуваат со парите од тие што најмалку ги имаат. Бабички и дедовци, полни маки, што оставаат за душа и што се молат за подобро и за здравје... Во утепани земји кај што царува сиромаштијата и неимформираност се знае кои работи се најсилни. Лотаријата и црквата.
Оној што во денешно време е неинформиран поради нужност, не е финансиски фактор од кој црквата може да извлече економска корист, оние останатите од кои може, имаат можност да се информираат.
Црквата од првите неможе да се богати, што значи остануваат вториве. Едноставно е.
Џипови, мерцедеси и хотели од десетици милиони евра не се купуваат од десет денари што ќе остави некоја бабичка на икона.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Од кога свештениците се на плата? Има еден чаршиски муабет овде, попот земал што земал од пеењата и оди во црква, ги фрла парите нагоре и вика, господе што е твое земи а што ќе падни е мое :D секако ова е само зафрканција но сметката на црквата после плаќање на се што треба како режии, пензиско, обезбедување.... се дели на сите таму по некоја си „табела“ кој колку сработил и треба да е 0ден на крај. Значи колку влегло толку треба и да излезе, нема фиксна плата или слично. Треба да е има за сите.
Свештениците земаат плата, зборувам за поповите.
Монасите не верувам.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Голем трошок е да умреш у Скопје у пм :pos:.
Ја да сум ко Грујо ќе направам бесплатно да биде за венчавање има да се истурат луѓето,ќе нема место каде па ќе се отвараат нови цркви.
Како што слушнав на вести другите градови не се согласиле на овие нови цени.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.787
Поени од реакции
4.441
Oва што го наведуваш е вистина. Кај нас поставија едно младо попче. Доколку немаш пари, не прави никаков проблем, плус човекот пее на македонски јазик, за да можат сите да го разберат.

Кај католиците имаш верски данок, кај протестантските заедници одвојуваш една десетина од личната заработка за нивната црква. Кај нас дава кој колку има и пак се наоѓаат луѓе на кои тоа не им чини.

Кај нас верниците се големи лицемери. Не е проблем за некој што е сиромав и нема пари. Но највеќе се буни оној кој вели дека му е скапа венчавката, но затоа без никаков проблем ќе фрли 500 евра во кафеана за моминска или ергенска вечер. Или ќе организира свадба на која ќе покани 200 гости. А најголем дел од тие гости не го сфаќаат значењето на свадбата и дека тоа е настан во кој се прославува венчавањето како круна на љубовта помеѓу невестата и младоженецот, туку гледаат како на згодна прилика за да се прејадат и опијат и ако ним не им се види доволно богата трпезата тогаш ќе ги оговарат домаќините дека не знаеле да направат свадба (!).

Или ќе каже домаќинот дека му е скапо осветувањето на колачот за Слава или Служба за светителот, ама затоа ќе направи манџи од пет врсти, колачи од десет вида, со гостите ќе се напијат, најадат и ќе пеат соблазнувачки песни. Многумина ќе се опијат и ќе се степаат итн. Ни ваквиот домаќин, ниту неговите гости не ни знаат кој е светецот и кои се неговите заслуги чија Слава слават, туку на гостите најважно им е да се најадат и напијат, а на домаќинот да се покаже со разни јадења и пијачки и со што повеќе пречекани гости.

Slava kod Srba:
http://www.alo.rs/vesti/reportaza-srbija/slavlje-u-dvoristu-vrtica-uz-go-go-igracice-video/61722

Или за оној кому погребните трошоци му се скапи. Таквиот без никаков проблем ќе даде илјадници евра за најмодерна надгробна плоча. Иако вистинските верници знаат дека за починатиот последното пеење од свештеникот е од непроценлива важност за упокоениот. И единствена работа што може да ѝ помогне на неговата душа на патот низ поднебесието, кадешто не му помага ни златен гроб опсипан со бесценети камења.
Болт 1
Прв пат слушам за таков поп, дури и да постои, редно време е да се појави некој таков, ама не им го обелува образот на стотици дебели попови со џипови лакоми за пари. Не еднаш се десило да се изрезилат поповите, а и дека поп нема наплатено за услуга до сега немам слушнато. За свадби тарифираат дел младоженец, дел старосват, дел девер дел кум и оп се собрале повеќе од 100 евтра. Ако се земе предвид дека во текот на церемонијата се оставаат пари на иконата ќе му дојде ко дупла наплата.
Болт 2
баш верниците се лицемери, значи начинот на кој се слават веселбите денес, треба да се искорени, цела веселба да биде со едно парче леб шо ќе се крши, а сите пари планирани како до сега треба да одат за поповите? На еден од деновите во животот каде е најголема веселба не треба да поканиме многу гости? НМа свадба и крштевка треба што помалку гости да има за да има повеќе пари за попови? Арно ти е тебе?
Болт 3
Имам пример од поп каде не сакал типот да почне со церемонијата за погреб оти не му било платено. Синот на покојната го молел да го причека додека дојде социјалната помош за да му плати, а овој не прифатил

Немој да кажуваш за лицемерие на верници, срамота е
верниците се лицемерни, треба да остават милостиња колку им се сака ама дај милостињава да биде поголема види колку пари трошат на други работи
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Јас мислам дека треба некој закон да се донесе за цркварина или попарина, името по слободен избор и секој месец на плата да ни запираат по 1000ка до 2.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Јас мислам дека треба некој закон да се донесе за цркварина или попарина, името по слободен избор и секој месец на плата да ни запираат по 1000ка до 2.
А тие што се атеисти или нема такво нешто во 21 век, сите сме верници ?
Најубаво е поповите да ослабнат и да не возат џипови, како и тоа да им се бесплатни јавните услуги, како автобуски превоз, воз и слично и да се водат според животот од библијата/куранот што го проповедаат, а не од убавите реклами, бидејќи тие се дело на рогатиот.
Нормално, за пари како што беше претходно, ако сакаш/колку можеш тоа е на верникот
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
МПЦ, односно црквите во денешно време се корпорации, не верски храмови.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Нема врска дека поповите ги користат парите од народот за да купуваат скапи автомобили. Господ им ги дава автомобилите.

Вистинска приказна:

40-дневен помен. Го гледаш попот со БМВ. На 6-месечниот помен, попот овој пат доаѓа со Пасат. "Попе, нели имаше БМВ?" Попот: "Има све, брат. Дал Господ."
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Влегување во црква те прави верник исто колку што влегување во гаража те прави автомобил.
Да, јас сум верник, ама воопшто не сум задоволен од „црковните услуги“ (со исклучок на мојата венчавка во Св. Богородица).
Муабетот ми е: ако нешто не ви се допаѓа, не мора да продолжите да го правите. Греота е за луѓето што чувствуваат некаква обврска и „шубе“ им е ако не ги испочитуваат сите кешоцицачки адети (несоодветни со нашите стандарди) кои свештените лица ги наметнуваат. Извини, ама јас сум речиси сигурен дека дедо Боже не би сакал да е така, барем во најголемиот дел од случаите. Твоите верувања и твоите дела те прават верник, а не дали си го викнал попот да „зачати“ по тарифникот. Барем јас така ги сфаќам работите.
Влегувањето во црква може не ме прави верник ама прави да се чувтвувам спокојно, ослободено, мирно....
Епа стварно е шубе бе човек. Не дека ги сакам јас адетите, ама ај не викни поп за 40 дена или не знам за слава не го пеј лепчето. Стварно некако е шубе после. За Велигден на врата ни доаѓа поп и као демек да ни ја освети куќата. Никој не го викнал ама не си иде додека не му дадеш пари. И ај што да направиш да му затвориш врата или да го избркаш дека немаш 100 ден. да му дадеш!? Пак е шубе :D
Според мене сметам дека е глупав и моментот што се оставаат пари на икони, демек тие пари се користеле за одржување на црквата, мало сутра. Абе си добиваат од државата плата поповите и крај доста им е, мене некој ме плака додатно што сум направила плус интервенции!?
Бутел се најголемите арамии што постојат. Пред некое време организиравме со братучетка ми погреб. Баба беше во државниот старечки дом во Ѓорче. Кога умре ни рекоа да сме отишле да ја облечеме:eek: Не прифативме и рекоа они облекувале, ама се плакало тоа 3000ден. Океј кога си на мака ке ги дадеш. Кога на крај од Бутел ни ја дадоа фактурата што се сме платиле паднав во несвест. Крстот 3000ден. превоз од капела до гроб 2000ден. чување во капела 3000ден. откупување на гробно место уште 6000ден. превоз од домот до гобиштата уште 1500ден. Епа претераа. И како да ја закопаш ако немаш некој денар настрана. Они парите ги бараат уште однапред пред да заврши целиот чин. Па човек не знае што да прави, дали да жали за човекот што си заминал или да мисли дали ке има пари за да преживее следниот ден. Затоа многу луѓе не ги закопуваат од што немаат пари. Си постојат масовни гробишта во Бутел каде тиа што немаат се фрлаат таму и толку. Страшно и жално!!![DOUBLEPOST=1425544229][/DOUBLEPOST]
Нема врска дека поповите ги користат парите од народот за да купуваат скапи автомобили. Господ им ги дава автомобилите.

Вистинска приказна:

40-дневен помен. Го гледаш попот со БМВ. На 6-месечниот помен, попот овој пат доаѓа со Пасат. "Попе, нели имаше БМВ?" Попот: "Има све, брат. Дал Господ."
Ејј нас не тераше да сме го земеле од капела со кола да не трошел он далеку бил гробот:vozbud:
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
А тие што се атеисти или нема такво нешто во 21 век, сите сме верници ?
Најубаво е поповите да ослабнат и да не возат џипови, како и тоа да им се бесплатни јавните услуги, како автобуски превоз, воз и слично и да се водат според животот од библијата/куранот што го проповедаат, а не од убавите реклами, бидејќи тие се дело на рогатиот.
Нормално, за пари како што беше претходно, ако сакаш/колку можеш тоа е на верникот
За сите да важи без исклучок :муслимани , јудисти, будисти, јеховини , атеисти... сите се исти пред Бога чедо Божјо.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема пари
Претенциозни се изјавите на некои верници дека во епархиите постојат одредени ценовници за услуги кои ги вршат свештените лица, познати како давачки за ”треба” или ”Света Тајна”, вели Отец Игор Здравковски од Кумановско – осоговската епархија на прашање дали и ова епархија ги зголеми цените на своите услуги за верниците како што тоа го направи МПЦ.

Верниците кои сакаат својот брак да го крунисаат во храм, или пак да го крстат своето новородено дете, нема да бидат вратени ако немаат пари, вели Здравковски, нагласувајќи дека КОЕ нема промени на т.н цени на услуги за своите верници кои сакаат да бидат дел од седумтте свети тајни.

- Наша света должност е да ги извршуваме светите тајни, без разлика дали верникот има или нема пари за тоа. Пред Бога сите се еднакви, и за црквата нема поделба на богати и сиромашни, па во зависност од тоа, да се бараат суми кои би ги поделиле верниците. Црковните храмови во Куманово не се подеднакво посетени, и со доброволниот прилог на граѓаните, КОЕ успева да ги одржува сите храмови со отворени врати за верниците, но, без притоа да бара пари за одреден обред. Сѐ што ќе биде оставено во црквата се смета за дар, а не за наплаќање на услуги, вели Здравсковски.

Наплаќањето за свештенодејства е грев и канонски прекршок, вели Здравковски и свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема пари.

Кумановско – осоговската епархија во тој правец апелира до своите верници дека во ова епархија не постои ниту зголемување, ниту намалување на т.н ценовник, и средствата дадени за црквата се сметани како ”милостиња”, а не како наплаќање за свештенодејство.

Инаку, МПЦ деновиве го објави новиот тарифник на услугите, кои владиците го донеле уште во почетокот на минатиот месец.

Услугите поскапеа од 500 до 1.000 денари. Од МПЦ велат дела покачувањето на цените било од економски причини. Новиот ценовник веќе се спроведува во некои епархии. Така на пример во скопската епархија крштевка се наплаќа 4.000 денари, за венчавка со еден свештеник 6.000 денари додека со тројца свештеници 7.000 денари. Во оваа епархија погребот чини 3.000 денари.


http://kumanovskimuabeti.mk/koe-sveshtenikot-e-dolzhen-da-ja-izvrshi-tajnata-i-vo-sluchaj-vernikot-da-nema-pari/
Гледам нај многу се засегнале од поскапувањата атистите и богоборците на форумов, зошто ли:cautious:.
Прашуваш зошто?Па вие сакате слеп народ,без свое мислење,на кој како што сакате така ќе го измотавате,и ќе му ги празните џебовите.Па тие атеисти,тоа е совеста на народот исто како во 1945 година.Некои пола век трубеа дека народот не можел да живее без црква,не било убаво да се склучува брак без поп,дека требало да се крштеваат децата во црква(иако и тоа е спорно и небиблиско),дека за се биле криви комунистите.Но што стори црквата сега во 25 години независна Македонија,ништо добро освен стотици манипулации како да се земе повеќе пари од народот,а притоа ништо да не му се даде.Едно добро да стореа од тоа што го сторија комунистите,секоја чест,ама не,ако не беа и комунистите и поповите ќе беа полуписмени или неписмени и самоуки.Се што се постигна во оваа држава се постигна во втората половина на 20 век.Сега само се гледа како тоа да се уништи,да се ограби,да се излаже а притоа се форсира старата теза која успевала 500 години,трпение,ако се нема сега ќе се добие благосостојба по смртта.Колку е бедно тоа што свештениците изиграваат џелати на својот народ,му земаат се што има,а му даваат лажна надеж,дека сега се што изгубиле ке го добијат таму некаде горе.[DOUBLEPOST=1425547549][/DOUBLEPOST]
Голем трошок е да умреш у Скопје у пм :pos:.
Ја да сум ко Грујо ќе направам бесплатно да биде за венчавање има да се истурат луѓето,ќе нема место каде па ќе се отвараат нови цркви.
Како што слушнав на вести другите градови не се согласиле на овие нови цени.
Тешко тоа,па Грујо е во ортаклак со црквата,едниот другиот го заштитува.Едниот со финансиска поткрепа,другиот со убедување на верниците пред избори и помеѓу нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom