Сеа ќе морам да ти откријам една тајна. Знам дека досега немаш сфатено, ама не се шокирај. Тој црвениот телефон, на кој водителкава треска слушалка го симболизира Грујо. Кога овие викаат дека дигаат глас против притисок врз медиумите, се подразбира дека притисокот врз медиумите иде од власта, не од некои клингонци.Kako uspea i vo ovoj muabet da go vmetnes i vospevas Grujo, uste malku i vo temite za fudbal ke go vmesas "da Gruevski go izmisli praviloto pasiven ofsajd"
Јасминка беше на Алфа претходно. На Телма е од пред една недела. нејзин прилог од алфаАвтори на кампањата се Атанас Кировски, директор на Телма и креативниот директор на New Moment, Душан Дракалски, а темата е „Не примаме нарачани вести, ниту од власта ниту од опозицијата“.
no can do, кулирајАко не ја „сотрат“.
Уште Серија А да вратат и се ќе биде супер.no can do, кулирај
Телма тек допрва земаат залет, не алудирам на дешавкиве и на политика, туку како што е споменато тука, ребрендирање, процес кој веќе неколку месеци, чекор по чекор го спроведуваат. Одамна се освежување на тв етеров кај нас со серии ко офис, хаус, декстер, па се префрлија на нови филмови што ги откупија, од Ноември и нови серии што ги започнаа, сега и френдс ќе им иде во програма, дефинитивно сметам дека ќе бидат најгледани во однос на помладата публика, во тој контекст буквално ќе немаат никаква конкуренција.
Уште поголем респект и да било се’ однапред смислено. Кои искрени намери треба да ги имаат? Зарем е малце што со години даваат отпор и не се претворија во мегафон на било која власт? И да го прават ова чисто за своја промоција пораката што ја праќаат е силна и доаѓа во одличен момент.Јас мислев дека ова е искажување на револт од новинарката ради цензурата на прилогот со Груевски но сепак било кампањa смислена од директорот на Телма и маркетинг агенцијата New Moment. Малку е контрадикторно пошто баш директорот цензурирал прилог па тој нареден ден почнува ваква кампања, и друга работа тоа што е вклучена маркетинг агенција ми сугерира ситуацијава дека ја прават исклучиво ради нивна промоција и маркетинг а не ради искрени намери... Но, мора да се признае дека одлично се вклопува кампањава во ситуацијата со "бомбите" и со "началниче" иако ја спремале веќе 3 месеци уште пред да станат актуелни бомбиве
Да не бидам погрешно сватен и јас ја поддржувам акцијава а и ја сметам Телма за најобјективен медиум уште од самото постоење немаат воопшто застрането со уредувачката политика.. Но јас лично малку се подразочарав затоа што мислев дека ова е спонтан потег на новинарката што би било многу појако, а не смислена кампања... Сепак, е добро што почнаа да работат и на самопромоција тука беја многу слаби...Уште поголем респект и да било се’ однапред смислено. Кои искрени намери треба да ги имаат? Зарем е малце што со години даваат отпор и не се претворија во мегафон на било која власт? И да го прават ова чисто за своја промоција пораката што ја праќаат е силна и доаѓа во одличен момент.
Според такви критериуми најдобриот сајт на светот е ПорнХаб.Добра телевизија = гледана телевизија. Телма беше далеку од тоа. Сега е на добар пат да стане.
Еј браво многу! )) Сум ја забораил песнава. Ете ја у прав момент!Отсекогаш знаев дека во песнава има нешто визионерско, авангардно.
Искрено мислев дека е шега ова, овие стварно се забегани, не е крив Ставре што вика.Почнаа солзи да ронат, http://fokus.mk/vmro-dpmne-ja-povika-telma-da-kazhe-od-koj-i-vrshi-pritisotsi/
глупи се како к*р
ВМРО-ДПМНЕ ја повика телевизијата Телма јавно да каже кој им се јавувал и и им правел притисоци на нејзините новинари и уредници, бидејќи, како што сметаат од владејачката партија, телевизијата има ваква обврска по кампањата дека нема да трпи притисоци и од власта и од опозицијата, преку симболика со исклучување на повиците од голем црвен телефон.
„ВМРО-ДПМНЕ инсистира Телма да објавува прилози какви што сака и да не прифаќа никакви притисоци. Но, во една ваква политичка ситуација, со вакви чудни маркетиншки потези, само добива сивило кое ни црвен телефон не може да го промени. Ако не ги ослови работите со име и со презиме, тогаш ќе остане јасно дека црвени телефони и површен маркетинг за слобода им се позначајни од транспарентноста и точното информирање“, стои во соопштението на ДПМНЕ.