Ја тврдам, ма не тврдам гарантирам (да речеме) у Колорадо напреднале во доста сегменти баш ради легализацијата (не зборам за тоа што финансиски им е исплатливо што е ноторен факт, туку дека постои голем општествен напредок кај нив со самиот акт на легализација, тотално спротивен од конзервативните размислувања). Знаете, и луѓето така стануваат peaceful. Еве што се не се издешава по USA, полициска бруталност, расно мотивирани убиства ова она, у колорадо се нема криминал десено последниве неколку години откако веќе доста се фураше за легализација. Не тврдам дека само заради марихуаната, но сепак мора да се признае дека има удел, нели.
Во Уругвај мислам дека одамна уште кога декриминализираа снема секаква нарко банда, (замисли у држава од Јужна Америка да нема нарко банди), бидејќи со тоа што е легално, и самата медицинска фела допринесува да не дојде до полошо, а притоа да се искористи бенефитот од користењето на марихуаната.
Да дојдам до целта. Замислете каква ганџа пушат таму!( места кај што е легално и самата билка cannabis сама по себе стана наука), права природа што би се рекло, своевиден (пред се, природен) стимуланс за креативноста. И многу луѓе се пробиваат, успеваат и покрај тоа што користат марихуана можеби секој ден. Зборам нормални личности, ко нас, некои средна класа момци/девојки, да не сфатите зборам за овие познативе што го праат тоа јавно.
Се испоставува дека таму каде што е легално, гледаме многу позитивни,насмеани лица, без насилство, со почит за секаква различност, и притоа имајќи чувство дека се дел од рационализираното модерно хипи движење (така да се изразам), кое што си нуди свои идеи, замисли и перцепции кои можат и те како да го направат човештвото подобро за живеење. И помирно, у секој случај.