Вака сега, тестирав едно 5 минути со FurMark, немаше краш, после тестирав заедно FurMark со CPU burner, и после 5 секунди крашна. Дали тоа значи дека напојањето е проблемот? И ако е се прашувам што е случено, како може да биде исправно па сега да не тера работа? Иначе крш модел е ATX 700w
Тест е кога тестираш 6 саати, како за проба. Кога 48саати е стабилно тогаш можеш дека нешто е стабилно. За 5 минути можеш само да се сликаш.
Навистина, не се шегувам.
Ајде сега назад на проблемот. Според ова што го слушам јас би типувал на напојување (или плоча/процесор/рам). Треба да најдеш или -некој со волтметар, или -друго напојување, и да истестираш се детално.
Друга работа, за да ги исклучиш драјверите за плочата како фактор, треба или да:
- преинсталираш ОС (ризик од погрешни драјвери пак да ставиш, затоа симни ги тие од сајтот на производителот)
- или дa употребиш WinPE за тестирањето, oд USB стик, или од CD/DVD (симни
Hiren's BootCD, 15.2 е последна верзија а торентот може да го најдеш на било кој торент сајт)
- крајна (мрзлива) варијанта, иди во safe mode и пушти prime 95 (small FFT) барем тие 24 саати
Исто така, лесна варијанта за тестирање: вади ја видео картата и истестирај ја кај пријател/роднина. Барем 12саати loop 3DMark со најјаки сетинзи (а може и играње захтевни видео игри неколку денови).