Moмци, не знам како до сега не уепеавте да разберете како функционираат
нискобуџетните авиокомпании. Земете следете ги малку цените на РајанЕр, ИзиЏет, итн, итн... ќе видите дека кај сите нив цените повеќе флуктуираат отколку кај „високобуџетните„ компании.
Нискобуџетните компании за да бидат профитабилни мора да продадат што повеќе од местата во авионот. Високобуџетните компании можат да бидат профитабилни и со полупразен авион.
Затоа „тактиката„ на нискобуџетните компании е отприлика ваква: Првите ХХ билети идат по попуст, тие кога ќе се купат следните билети поскапуваат, последните УУ билети во последните пар недели се најскапи и се приближуваат на цените на „високобуџетните„ компании, освен ако во авионот не останале подоста непродадени билети и тогаш цените знаат да паднат и на поевтино од почетните. Ова е само грубо кажано, си имаат тие економски планери и цените постојано можат да идат горе-долу.
Сериозно, пишувано е повеќе пати како функционираат нискобуџетните компании и како да се извлече подобар дил. Прочитајте наназад.
На крају краева, идете летајте бе во со Аустриан, Адриа, Свис...Таму не флуктуираат толку цените. Ама да не се буните кога ќе видите дека цените таму се неколку пати поголеми.
Ако за нешто човек може да се лути на нискобуџетните компании, тоа е фактот дека не ги спроведуваат правилата на ICAO за димензии на кабинскиот (бесплатен багаж). Практично немаат сите компании исти димензии за таквиот багаж и се соочувате со проблем во кој багажот кој е совршено „легален„ во Wizz не проаѓа по РајанЕр стандардите, и вајс верса.
Но ова е повеќе пропуст ICAO отколку на нискобуџетните компании. По мое мислење ICAO регулациии треба да бидат законска обврска за сите авиокомпании, наместо обична „сугестија„ како што сега стојат работите.