Горе долу очекуван расплет во сите групи,со мали изненадувања....
Група А
Очекувано
Кил на прво место...
Проработе машинеријата,да не беше тој неочекуван кикс со Загреб во второ полувреме ќе беа 100% успешни,но си ја одработија задачата...
Докажаа кој е кој во групата,посебно на дуелите со ПСЖ....
Псж со доста осцилации во играта,сепак заслужено се на второ место....
Доста се очекува од оваа екипа,би требало сезонава да дотуркаа барем до 1/4 финале,имаат ростер за ова....
Загреб е изненадување,во група со Ла Риоха,Мешков,тимови со далеку поголеми ростери успеаа да го лапнат 3тото место,пред се заради добрата игра на домашен терен,на гости се губат.....
Сепак заслужено се на трето место,салам ги исплескаа сите во Загреб,имаа среќа со Ла Риоха и Металург дома,изненадија дома со Кил и Псж,и за малку ќе направеа од готово вересија,но сепак и тоа беше доволно да го земат третото место....
За ждрепката,не ми се верува со оваа игра да поминат 1/8 финале,освен ако не се повампират на првата утакмица и да тепаат со голема разлика,но како играат на гости и победа од 10 гола не им гарантира многу мирен реванш...
Ла Риоха,солидна екипа,која игра доста брз ракомет,имаат добар ростер,добар потенцијал,но слабата одбрана и слабите голмани се голем хендикеп за екипата....
Не ми се верува да прикажат нешто посебно во дуелите со Веспрем,Барса или Киелце(можеби Киелце најмногу ќе им одговара,со осанатите има да доживеат тешка хаварија)
Мешков,разочаа,доста е вложено во екипата,а не успеаа во една од најслабите групи,посебно се изгореа со нерешениот резултат со Ла Риоха дома и со Металург во гости...
Со ПСЖ имаа бод во рацете ама им избега во последен напад....
Има време,ќе се пробаар догодина,нека фрлаат дотогаш пари...
Металург,ШТА РЕЧИ,КОЈУ ПОСЛУКУ ПОРАТИ...
Група Б
Барселона,очекувано дрим тимот на прво место,без разлика на нерешеното со Колдинг и поразот од Висла,едноставно беа класа над сите во групата и се сигурно заедно со Кил најсериозни кандидати за титулата...
Колдинг,не се на нивото од почеток на сезона,дефинитивно,посебно по повредата на Андерсон...
Добра екипа се,ама од вториот шешир се сигурно најпосакуван тим за третопласираните...
Непредвидлива екипа,можат да тепаат со најјаките а да изгубат од најслабите....
Висла,можеби за некој се изненадување но екипа која ги има Јуркевиќ,Шипшак,Никчевиќ,Монторо,Дашек и компанија,и тренер како Кадењас,плус таква навивачка армија зад себе се екипа од која сите стравуваат,посебно кога ќе играат во Полска,најнепосакуван противник од третопласираните екипи се дефинитивно,заедно со мачињата од Ловен

,можат секого да победат...
Опасна екипа,ако го избегнат ПСЖ имаат голема шанса да поминат понатаму..
Фленсбург,толку беше од шампионите,има да ги исчистат сега во 1/8 финале,било кој да го добијат во 1/8 финале ќе ги отепа,единствено мала надеж би имале со Киелце(заради повредите на Пољаците,не за нешто друго)...
Им се повредија Гландорф,сега капак беше и повредата на Могенсен,плус повреди влечат од поодамна и Кауфман,ете денес ги немаше ниту Сван,Захаријасон,пикерот Хајнл....
Добра екипа се,ама се испукаа лани,и ја потрошија целата среќа,сега тешко сезонава да изнанадат...
Останатите екипи од групата не би ги коментирал,
ИНДИЈАНЦИ...
Група Ц
Најсилната група,убедливо....
Веспрем,заслужено на прво место,освен на мечот во Манхајм на сите други беа на ниво...
Треба далеку да дотуркаат...
Вардар,одлична игра на Вардар,да не беше тој несреќен пораз од Веспрем и нерешеното со Монпеље можеа да се борат за прво место,но сепак Веспрем беше за нијанса подобар...
Одлична игра на Вардар,лесно треба да поминат во 1/4 финале,се освен Висла е кец на десетка во ждрепката и лесно треба да ги ишлакаат Загреб и Данкерк...
РНЛ,имаа две лица сезонава,одлични со Монпеље дома,со Веспрем дома,до очајни на двомечот со Вардар и на гостувањето во Цеље,да се чуди човек како оваа екипа е рамо до рамо со Кил и еве веќе втора сезона се води мртва трка за титула во Бундес Лига(значи по оваа математика Вардар би бил шампион во Германија)...

Како и да е,оваа екипа е многу силна,и секој шо ќе ја потцени би се заебал,лани за малку ќе ја скинеа една Барса...
Ќе ги видиме колку вредат во 1/8 финале,за нив добра ждрепка би биле Пик Сегед и Колдинг,со ПСЖ ќе се јадат салам....
Монпеље,очекувано се четврти,иако се помачија и за тоа 4то место,на мускули тепаа со Цеље на два пати,тепаа индијански во Русија и спасија бод дома....
Со другите не можеа,освен со Вардар дома и гостувањето во Веспрем,немаа шанса на другите мечеви....
И за нив важи истото како и за Фленсбург,ќе треба да се надминат за да пружат отпор во 1/8 финале....
Цеље,млада екипа,доста надежна,да беа малце покурнази ќе си беа 4ти,ама сами се заебаа со Монпеље дома....
Имаат потенцијал,треба да биди нешто од нив...
Мечињата,далеку се од некогаш,доста далеку,тешко дека ќе се вратат на старото ниво,иако имаат по некој интересен играч...
Група Д
Најслабата,но и најинтересна група...
Освен Киелце сите други беа тука некаде,и не ми се верува да пружат некои партии во 1/8 финале...
Киелце,очекувано на прво место,класа беа над сите..
Ако се опорават повредените треба да имаат шо да кажат во нокаут фазата....
Пик Сегед,за мала нијанса над останатите екипи,и со време си го обезбедија второто место..
Малце педерски во последните два меча се дупеа и си го ладеа,посебно денес,им поклонија бод на дрвата Алборг...

И после не местеле,ајде таму...
Се дупеа денес,10 минути гол не дадоа во второ,еден куп контри им поклонија на Данците....
Како и да е,никој не може да им замери,нема тие шо да играат за друг,но сепак малце нефер е шо не играа со 100% од своите можности...
Не ми се верува да поминат до 1/4 финале,посебно ако налетаат на РНЛ и Висла,има да ги сомелат...
Единствено добра ждрепка им е Загреб....
Данкерк,искористија тоа шо цела група беше очај па тепаа неколку мечеви и на крај од изгубена позиција се докопаа до трето место..(благодарение на пацерите Мотор)

Сепак толку им е силата и тешко дека ќе изненадат во 1/8 финале,толку им е силата...
Алборг,до ден денес не ми е јасно како успеа оваа боса екипа да се докопа до 1/8 финале...

Па послаб тим нема од сите 16 екипи шо се во втора фаза..
Да немаш ниедна победа дома,и на крај да се пласираш во 1/8 финале,секоја чест...

Сеуште не ми е јасно како успеаа да ги тепаат Данкерк и Мотор во гости,не можам да најдам логично објаснување.да извадат бод со Кадетен,а посебно денес...

На крај,само од Киелце изгубија...
А дома кутрите не знаеја кај тераат...

Не можам да се изначудам,какви пацери,каква среќа имаа...
Скандинавци,одназад се праени овие....
Мотор,лузери на групата,распродадоа еден куп бодови,тепаа кога никој не очекуваше дека ќе тепаат,имаа добитна комбинација и како по обичај сами се ебаа..
Да имаш 9 разлика на полувреме со Киелце,да играш против екипа која има еден куп повредени,која е дојдена да си го лади во последно коло,и на крај да изгубиш треба да си кретен..
А дефинитивно се кретени,имаа 2 разлика на 2 минути до крај,како успеаа да побеат такво водство само тие си знаат...
Кадетен,исто и за дечките,непредвидлива екипа,можеа лесно да бидат и тие во 1/8 финале,ама тоа е...
Ај догодина,сега со Часар ќе сјачаат...

Да видиме сега во вторник каква ждрепка ќе има...