leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Веројатно во сето лудило не сте го заборавиле случајот за дедо Љубе кој од разбојници беше врзан заедно со неговата болна бабичка, при тоа успеа да се ослободи и да застрела еден од копуците. Е сега дојде ред нашиот ценет суд кој пред некој ден го слушнавме како професионално работи по многу јаките реформи во судството нели да го суди дедо Љубе од една до пет години за убиство плус за нелегално поседување на оружје.
Незнам кој судија би го осудил, но во луда држава каде не функционира никакво право и правни закони нема ништо да ме изненади. Да не должам еве ја сторијата, судењето е деновиве.
Незнам кој судија би го осудил, но во луда држава каде не функционира никакво право и правни закони нема ништо да ме изненади. Да не должам еве ја сторијата, судењето е деновиве.
Дедо Љубе од Којково може да оди во затвор затоа што го бранеше семејството од разбојници
997 Views Февруари 22, 2015 Македонија Петре Димитров
11
На дедо Љубе од кратовското село Којково, кој на јавноста и стана познат по смелоста да се спротистави на двајцата разбојници кои го измачуваа него и неговата болна и немоќна сопруга пред две години, деновиве ќе му суди за убиство во миг, за што може да добие казна затвор од една до пет години, пишува Дневник.
На дедо Љубе ќе му се суди и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје, за што може да добие казна од три до десет години. Доколку се докаже неговата вина, дедо Љубе од херој ќе стане злосторник, иако тој само си го бранел својот дом од натрапниците кои го довеле во раздразнета состојба во која го извршил убиството.
Целатата сторија на Дневник, ОВДЕ.
http://emagazin.mk/vesti/vest/6144?title=dedo-ljube-od-kojkovo-mozhe-da-odi-vo-zatvor-zatoa-shto-go-braneshe-semejstvoto-od-razbojnici
Значи мој став е дека не само што не треба да го осудат туку треба и орден да му дадат на дедото. Патем во случај да биде обвинет судот и тие мивки наречени судии заедно со правниот систем на државата кој служи по потреба и по нарачка треба да се запалат.