Дедо Љубе од Којково може да оди во затвор затоа што го бранеше семејството од разбојници

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Веројатно во сето лудило не сте го заборавиле случајот за дедо Љубе кој од разбојници беше врзан заедно со неговата болна бабичка, при тоа успеа да се ослободи и да застрела еден од копуците. Е сега дојде ред нашиот ценет суд кој пред некој ден го слушнавме како професионално работи по многу јаките реформи во судството нели да го суди дедо Љубе од една до пет години за убиство плус за нелегално поседување на оружје.

Незнам кој судија би го осудил, но во луда држава каде не функционира никакво право и правни закони нема ништо да ме изненади. Да не должам еве ја сторијата, судењето е деновиве.

  • Дедо Љубе од Којково може да оди во затвор затоа што го бранеше семејството од разбојници
    997 Views Февруари 22, 2015 Македонија Петре Димитров
    11

    На дедо Љубе од кратовското село Којково, кој на јавноста и стана познат по смелоста да се спротистави на двајцата разбојници кои го измачуваа него и неговата болна и немоќна сопруга пред две години, деновиве ќе му суди за убиство во миг, за што може да добие казна затвор од една до пет години, пишува Дневник.

    На дедо Љубе ќе му се суди и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје, за што може да добие казна од три до десет години. Доколку се докаже неговата вина, дедо Љубе од херој ќе стане злосторник, иако тој само си го бранел својот дом од натрапниците кои го довеле во раздразнета состојба во која го извршил убиството.

    Целатата сторија на Дневник, ОВДЕ.
    http://emagazin.mk/vesti/vest/6144?title=dedo-ljube-od-kojkovo-mozhe-da-odi-vo-zatvor-zatoa-shto-go-braneshe-semejstvoto-od-razbojnici

    Значи мој став е дека не само што не треба да го осудат туку треба и орден да му дадат на дедото. Патем во случај да биде обвинет судот и тие мивки наречени судии заедно со правниот систем на државата кој служи по потреба и по нарачка треба да се запалат.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.135
Поени од реакции
30.917
Сите закони што се однесуваат за нужна самоодбрана треба да се изменат. Ние луѓето треба да имаме право да се браниме, посебно кога полицијата така лошо си ја работи работата.
За овој конкретен случај, некој што се бранел од животна опасност за себе и за најблиските... е целосно невин за убиството. Единствено би требало да биде осуден условно за нелегално поседување оружје за да се запази законот, иако (само велам) тоа оружје би можело, ахемм.... да биде биде и сопственост на напаѓачите.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да е само он. Кој знае колку ни се затворите полни од платени и нарачани „судења“. Па само пример да земам од она што лично го познавам наплати на фактури по судски пат. Па таа приказна нема крај со години и години по тие врати лоповски. Кој повеќе ќе плати тој ќе добие. Судски реформи мај ес.

Еден полицаец од Гостивар лежи во затвор затоа што ја бранеше ќерката.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.540
Поени од реакции
14.673
Еве како треба да се однесувате во случај ве нападнат некогаш

-легнете на земја
-покријајте си ги бубрезите да не си го искомплицирате ќотекот.
-молете се брзо да заврши чинот.
-станете и пријавете во полиција.
-чудете се зошто полицијата ги нема најдено сторителите по доолго долго време.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.046
Поени од реакции
15.014
Еве како треба да се однесувате во случај ве нападнат некогаш

-легнете на земја
-покријајте си ги бубрезите да не си го искомплицирате ќотекот.
-молете се брзо да заврши чинот.
-станете и пријавете во полиција.
-чудете се зошто полицијата ги нема најдено сторителите по доолго долго време.
Тактички скроз погрешно.
Го викаш крадецот на кафе, и притоа ја бараш полицијата.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.540
Поени од реакции
14.673
Тактички скроз погрешно.
Го викаш крадецот на кафе, и притоа ја бараш полицијата.
Ако гледаме така тогаш мораш да го поканиш на ладно нескафе, пошо секако ќе пиеш со сламка
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.135
Поени од реакции
30.917
Употреба на прекумерна сила е противзаконски! Кафе (или нескафе) смеете да употребите само ако напаѓачот поседува и ви се заканува со такво оружје. Истото важи и сламката!!! :cautious:
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ништо не ме чуди. Секогаш е така. Правиот ќе биде крив, а кривиот ќе биде прав.
 
Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Дома ќе ти дојт, ќе те отепат и ти ќе си крив. Браво бе фраери
Ти ебам полициската држава, ебените закони за секој различно важет. Судов е на жими мајка. Плати па мати е работава.А и овие куртони се сите бе лешинариве, инспекториве све е корумпирано. Мамицата нивна. Хаос е, најголемиве криминалци се на слобода.
Тешко нас ама ова е крајот....

Секој ебан ден читаш/гледаш ситуации и желбата за да заминиш од овде е се поголема и поголема.
Не се живејт веќе овде во оваа мизерија :pov:
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.823
Поени од реакции
2.914

А демек мислиш дека во западните земји не е така? И во тие земји истиот сличен закон како овде на пример криминалецот ќе те убие па потоа со истото оружје ќе фрли некаде во Вардар или во канализација без никој да види потоа полиција ќе го фати осомничениот ама поради немање докази ќе го ослободи.
Така и старецот самоодбрана го убил ама доказот е кај старецот и што праиме сега.Значи проблемот е што ќе мора да се смени законот поради дупките што треба да закрпи не само во Македонија туку и насекаде.
 
Настрана то бе брат, докази и такви работи. Општо мислев, сите знајме овде лешинариве и судов на кое ниво е... катастрофа и закони и полиција.... Седи и трпи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom