- Член од
- 28 јануари 2015
- Мислења
- 37
- Поени од реакции
- 20
Основна намена на брендираните производи им е секако полесно да ги препознаеме производите при купувањето затоа што секоја марка си носи свои карактеристики.
Кога бев помал (7мо- 8мо одд) мислев дека адидас се врв (за патики мислам) и сакав да имам што поскапи (затоа што тогаш повеќе ги купував за другите). И така си траеше тоа додека не ме заболе срце, ги купив најскапи и најмалце ги носев затоа што за кратко време почна да им се лупи бојата на кожата и додека не сфатив дека адидас како и многу други брендови во Македонија се уствари на светско ниво брендови за пошироката популација т.е. просечни.
Сега лично претпочитам прво да се изанализирам себе си што точно сакам, за што ми е, и дали тоа што ќе го платам ќе вреди за парите (го купувам за себе). Или пак доколку е бренд да го купам затоа што вреди зa парите (има добар квалитет) а не затоа што е "скапо". Исто така често пати се случува да купам нешто no name и да го сакам исто толку колку што сум го платил некое друго е дно брдо пари.
Е, сега темава ја отварам затоа што сум приметил дека има многу такви кои на игнор ставаат се што е no name, и се дичат на брендови за кои мислат дека се wow а уствари незнаат дека не се ништо посебно. Други пак се појавуваат во улога на "експерти" и одма ти кажуваат дека твоето нечини (зошто брендот им е непознат) и дека имаат они подобро (марка која нив им значи). Или пак купуваат макар и фалц само затоа што тоа е бренд (пример со кинескиве телефони).
Што е со вас? Купувате брендиран производ за да го видат другите или го купувате зошто стварно го сакате и дали го купувате импулсивно и по секоја цена или не ви е проблем да почекате да биде ставено на попуст?