комшијаTи
Комшија Ти
- Член од
- 21 ноември 2013
- Мислења
- 6.356
- Поени од реакции
- 5.487
Во врска со тоа дека некои сакаат да учат а ги ваделе у понеделник сите што беа извадени 90% беа на Пленумот и гласаа за окупација а другите 10 % си отидоа на кафе или дома.Ќе се распадне? Ама знаеш зошто?
Зошто сите се свесни дека со таа нивна хоризонтална хиерархија никаде не се стигнува.
Нели гледаат дека во повеќето факултети присила се вадат студенти од настава? Самите студенти не сакаат да бојкотираат. И тоа кажува нешто.
Не, не е оправдание секој еден да дојде и да каже нешто. Секој еден да дојде и да каже, ќе настане општ хаос, исто како што не можи секој нешто да води и да се истакни.
МОРА ОВА ДВИЖЕЊЕ ДА ИМА ЛИДЕР/И, МОРА!
Друга работа, ако се одлучи и еден факултет да не окупира, да не се окупира никаде. Сите плаќаме семестар, јас да губам предмети,а некој да си тера факултет не е во ред.
Тој кај нас едниот шериф комотно можам да го наречам, што дојде и што мене не ме остави да одржам предавање пред тоа си бил кај него на пмф на вежби. Кој е тој на мој факултет да ми кажува јас дали да учам дали не?
Плус има многу од другите градови, Тетово, Велес, Куманово кои секој ден патуваат и кои со причина не седат Скопје. Секој ден да доаѓаш на факултет и да се мислиш дали шерифот ќе дојде и ќе те турка низ амфитеатар и ќе ти се придерава,а се борат за некаква демократија во општество, кога самите тие ни д од демократија не прокламираат.
Ако не се држи предавања, да не се лишуваат одредени факултети, да не се лишуваат одредени студенти зошто баш во тој термин им се погодило да им влезе шерифот, а другите да држат.
За крај, од секој факултет нека се соберат потписи дали да има, дали да нема, после нека се соберат претставници на локалните пленуми и нека одлучат заеднички според расположението на студентите.
Некој тука пишал, да не биле овие од пленумов ние ќе сме учеле за државен испит.
Не, срце. Да не бевме ние студентите да го поддржиме пленумов кога почна со најчиста мисла и без никаква позадина, ќе се учеше за државен испит. Тоа што некои се истакнаа се истакнаа, 10 % се пленумци, другите се сите нивна поддршка.
Сега не ја добиваат и треба да си ја чукнат главата кој кому штетат.
Незадоволство и негодување се ствара меѓу студентите, не само да се гледаат тие боженствени деца на цвеќето кои седат само во автономната зона, нека видат дали сакаат студентите повеќе некаков марш или да губат секој ден од настава и тоа САМО ОДРЕДЕНИ ФАКУЛТЕТИ.
И јас на почетокот ги поддржував, ги бранев нивните ставови,ама сега ми станаа дури одбивни со ваквите нивни делувања и самоволие.
Другото дека треба сите да ја подржат или ниеден се согласувам како што викаш зашто некој да држи настава а ти да му се бориш за неговите права.