Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не знам како да им пренесам кога и јас сум на тоа мислење. Пошто сум генерација со оние чии деца се студенти, можам да ти кажам дека во ситуацијава со работа и плати, не е сеедно да издржуваш некого дали ќе заврши порано или подоцна. Не знам дали забележа дека и на социјалните мрежи веќе некои се дистанцираат од овој начин на протест што за мене е нормален тек на настаните.Пренеси им да идат да ги слушнат излагаењата на професорите и студентите и да прашаат што ги интересира .
ако целиш на нашите генерации, тоа е историја. Башка системот и правилата според кои ние студиравме беа неколку галаксии оддалечени од овој сега.зошто тие дозволиле со молчење да дојде до ова
со што се карактеризира овој протест сега и кои се целите, дали професорите сега протестираат заедно со вас како што протестираа кога блокиравте улици и институции? Мене искрено не ми се веќе јасни целите, инструментите ниту начинот на протест.Убаво правнички си ја вртиш сега ситуацијата ама би требало Правен да го подржи протестов.
Ова е многу нефер и нееднакво. Од друг факултет значи доаѓаат да бранат настава, а они на нивниот си имаат. Дај тогаш јас од 9 до 12 ќе седам на економски да бојкотирам, а од 12 до 3 ќе си идам на предавање кај мене на филозофски.Интерен пленум на Правен (во кој моментално не сум јас) ја подржува автономната зона со тоа што организира алтернативни предавања, плус колку што имам инфо, добар дел од пленумците од Правен се на филозофски/филолошки (некогаш и на техничкиве). Верувам ако дечките одлучат дека треба да се направи автономна зона, ќе се направи и на Правен.
@Lurtz оние кои подржуваа претходно, најголемиот дел подржуваат и сега. Дури и некои професори, бар за Небојша Вилиќ знам, првата вечер од автономната зона ја помина таму (за понатаму не знам).
А чекај зошто тогаш гласаше за окупацијата на твојот факултет, ако одамна се знаеше дека пример на Правен и на Економски нема окупација ?Да, ама ти си тој кој утре треба да застане во судница и да ги брани правата на некој. Не јас. Вие сте тие што утре треба да ја работите оваа работа. Нели овој закон директно се коси со она што вие го учите? Јас од тебе сега дознав дека нема бојкот на Правен, и искрено да ти кажам срам да ви е. Ако е битката заедничка и сите сме еднакви зошо не бојкотирате и вие? Кај мене нема настава веќе 4ти ден, али медицина, фармација, правен,педагошки,земјоделски,шумарски си тераат. Зошо не се размислило дали ќе има доволно студенти да ги покријат сите факултети пред окупацијата?
А чекај зошто тогаш гласаше за окупацијата на твојот факултет, ако одамна се знаеше дека пример на Правен и на Економски нема окупација ?
Иначе @true blue полека малце со тоа твоето „ако дечките одлучат да има автономна зона и на Правен, ќе има“. Не се само дечките студенти на Правен и верувам дека на Правен ќе има поголем отпор![]()
Епа затоа викам ако имаш време иди на еден Пленум на Техничкиов на пример и прашај објасни убаво што и зашто те интересира ќе ти објаснат сигурен сум затоа што присуствував и дечките што се таму се супер. Ја колку знам 90 % професори го подржавуваат ама тие по закон немаат право на пример како наставниците што имаат синдикат и да организираат штрајк едноставно со закон мора да се појават на работното место и ако нема студенти да не одржат предавање. Сите што беа тогаш рекоа дека секој совесен професор ќе најде време со договор со студенти за до надокнади на некој начин ова ама тој начин не може сега да се знае кој ќе биде затоа што не се знае до кога ќе трае сето ова и дали владата ќе не игнорира уште.Не знам како да им пренесам кога и јас сум на тоа мислење. Пошто сум генерација со оние чии деца се студенти, можам да ти кажам дека во ситуацијава со работа и плати, не е сеедно да издржуваш некого дали ќе заврши порано или подоцна. Не знам дали забележа дека и на социјалните мрежи веќе некои се дистанцираат од овој начин на протест што за мене е нормален тек на настаните.
ако целиш на нашите генерации, тоа е историја. Башка системот и правилата според кои ние студиравме беа неколку галаксии оддалечени од овој сега.
со што се карактеризира овој протест сега и кои се целите, дали професорите сега протестираат заедно со вас како што протестираа кога блокиравте улици и институции? Мене искрено не ми се веќе јасни целите, инструментите ниту начинот на протест.
Ќе се распадне? Ама знаеш зошто?Епа затоа викам ако имаш време иди на еден Пленум на Техничкиов на пример и прашај објасни убаво што и зашто те интересира ќе ти објаснат сигурен сум затоа што присуствував и дечките што се таму се супер. Ја колку знам 90 % професори го подржавуваат ама тие по закон немаат право на пример како наставниците што имаат синдикат и да организираат штрајк едноставно со закон мора да се појават на работното место и ако нема студенти да не одржат предавање. Сите што беа тогаш рекоа дека секој совесен професор ќе најде време со договор со студенти за до надокнади на некој начин ова ама тој начин не може сега да се знае кој ќе биде затоа што не се знае до кога ќе трае сето ова и дали владата ќе не игнорира уште.
Претпоставувам план им е да потрае ова да почнат несогласици меѓу себе што ќе ги потикнат поединци и да се распадне ова.
Секако до тоа не би дошло да секој кој е искрено заинтересиран да оди и да се информира а не да вели дека на тие што протестираат не им се учи, од тоа што видов таму кои студенти се у Пленумот баш спротивно е .
Сега дури ништо неразбравНе е точно...
Инаку за сите оние кои сметаат дека СП не прифаќаат предлози и тераат по некоја агенда, слободно посетете некој од пленумите, верувам дека ќе се уверите во спротивното.
У секој случај се окупирало заради постапка на самиот факултет, а не заради постапка на министерство. Затоа е и неоправдано заради постапка на министерство кај нас да се окупира универзитет. Министерства колку сакаш, Собрание исто иаме, па ко воли нек изволи.Не сум сигурен дали беа повисоки давачки или нешто беше со укинување на сесија. Како и да е, беше директно против факултетот. Затоа сега деканот на Филозофскиот у Белград планираше да поднесе пријави, а можда и веќе поднел. Но, таму попречуваа слобода на движење, кршеле инвентар и слично.
И никој не ги изедначува овие два настани.
Taка де. Ама некој мора да покрене иницијатива и да се појавува по телевизии и да троши време, а твое и мое беше само да се појавиме на марш. Да не беа тие 10% што ги кажуваш, многу е веројатно дека ќе се учеше. Сите ќе станат лидери утре, ако се смени власта?Некој тука пишал, да не биле овие од пленумов ние ќе сме учеле за државен испит.
Не, срце. Да не бевме ние студентите да го поддржиме пленумов кога почна со најчиста мисла и без никаква позадина, ќе се учеше за државен испит.