Тоа е целта на муабетот во кратки црти

Пример порано имаше период кога ќе отидеа наши екипи на гостување во Германија или кај Барселона, се знаеше дека ќе изгубат со 20 разлика, дека ќе бидат демолирани затоа што не го поседуваа потребниот квалитет, ама сите знаеле колкав им е дометот и немало простор за разочарување. Ама, кога неколку години се труби дека ова се идните бисери на Македонскиот ракомет, па фотографирајте ги новите ракометни ѕвезди, па посветени емисии на нив, а они за 30 минути не успеваат ЕДНА АКЦИЈА да направат, тогаш не може, а да не се остави остра критика.
Пак ќе повторам, во животов сум гледал многу страдални утакмици на Вардар кога се мачеле гол да дадат, кога постигнувале помалку од 20 гола, а примале по 40, ама ваква безидејност во нападот и комбинирање на 12 метри од противничкиот гол, чекајќи да измине времето за напад, никогаш не сум видел. И тврдам дека Кил не даваа ни 30% од можностите и да играа како против сериозна екипа ќе тепаа со 40 разлика, а Металург немаше да даде над 10 гола.
Не треба да си експерт за да забележиш дали некој помлад играч има талент за во иднина или нема. Како прво, сите млади играчи ни се играчи од стар ков. Бавни, тромави, со добар шут, но со немање шанси да дојдат до позиција, освен ако некој друг не им ја изгради.
Сите го форсираат Талевски, а како прво детето нема никаква конституција, како шпагета е. Има долги раце и силен шут и тука е единствената причина за да има некаков потенцијал во него. Како што кажав, освен финтата со лажниот шут и продолжување со тапкање, ништо друго нема. Потскокнува цело време, и само ја враќа топката позади, ниту успева да навлече играчи и да отвори позиција за други, ниту пак знае да додаде до крила или пикер. Не го зборам ова дека игра за Металург, туку дека го гледам како напредува и воопшто не ми се допаѓа неговата игра, но ќе повторам има некоја надеж за него. За одбрана да не коментираме, немоќен...
Другите не сакам ни да ги коментирам, се е кажано.
Според мене е тотално фијаско, сите играчи што ги донесоа од пичке си материне тимови од Хрватска, да бидат сто пати подобри од оние кои нели треба да ни бидат носители на репрезентацијата во иднина. Овој Бувиниќ многу подобри движења има од останатите, а поседува и чувство за асистенција до пикер.
Толку години се пуваа со школата, толку вложуваа, за на крај да видиме просек екипа.
Вакви играчи како овие има со лопата да ги ринеш низ Македонијава, само што не добиваат подеднакви услови и прекинуваат со ракомет.
Ги набројав Дрогришки, Кузмановски и Чурлевски, комотно може да играат за овој тим на Металург и да бидат рамо до рамо со моменталните играчи.
Вардар во вториот тим има пикер што е можеби и подобар од Пешевски.
Јас не викам дека Вардар има добри младинци или некоја друга екипа може да се потрпе на младинците, напротив засега нема ниту просечни играчи во НАЈАВА, а камоли некои готови просечни играчи, ама ниту овие што играат за Металург не се ништо посебно.
Да, вистина може ќе бидат носители на репрезентацијата, ама ќе бидат носители затоа што Македонија нема други играчи, дека не се работи правилно со младите, а таа репрезентација ќе биде 15 пати послаба од моменталнава.
Всушност доволно е да се погледнат резултатите во младинските категории...
Тоа што особено ме иритира е што кај народот воглавно има вакво мислење:
Marjan Milenkovski ne e ubavo da stoi visok poraz na metalurg bas ste bezobrazni deckite super si izigraa
Ане Анчу Ивковиќ Како и да е еден е Металург!!!! И браво за момците со кои еден ден ќе се гордеат и тие што сега се ''стручњаци'' позз
Марио Бошески Bravos za deckite sho imas hrabrost kako debitanti VO liga na shampionite da igraat so olku moken Tim
Riste Minoski Super igraa samo lino da vlezese i ke gi dobieja
Spase Mitkovski Bravo za metalurg i bravo za igrata na taleski, neloski, kosteski, mitrevski i cel tim voopsto, a vie gomnojadci, mars u p.m.
Zoran Tasevski Sekoja cest za nasite RAKOKETARI
Sasa Trajanovski Slednata sezona ekipava ke mele samo napred momci
Има ли пилот во авионот???
Сериозно, после денешнава игра некој дошол до ваков заклучок?
Од последната генерација на МРК Вардар, излегоа Трајковски, Игнов, Јамев, Славиша Димитровски (мислам дека беше Димитровски), Александар Ангеловски, Јовчевски, Ојлески, Никола Маркоски, Кукоски, Блажески, Андоновски кој и сега се врати во Вардар 2 итн.
Екипа која е минимум на ист квалитет како оваа на Металург.
Колку од овие се познати во моментов?
Е толку од моменталниов состав на Металург ќе ги знаеме за 5 години, ако продолжат да се тешат дека се најдоброто во Македонија во моментов и уште од сега им се загарантирани местата во репрезентација