Не, а веројатно и ти го знаеш тоа. Се зависи од тоа како си примен на работа. Ако си примен со дебели врски, молење и книшка ќе мора да слушаш, ако не си примен на тој начин, не мора да учествуваш во ништо (е сега дали и колку ќе напредуваш тоа е друго прашање). Плус не заборавај дека многу од луѓето од икс причини и самите сакаат да учествуваат во активностите. Некој има политички амбиции, друг го мрази комшијата од друга партија, трет едноставно е исфрустриран, четврт има вишок време...истото се случува и на другата страна и тоа на микро ниво - во општините. Сепак се оддалечуваме од тоа што ја иницираше дискусијава - Госпон Наневски бил примен во приватна странска фирма (доказ дека може да се вработи без партиска книшка) на позицијасоодветна на неговото образование и колку што забележав во интервјуто и не се жалеше на платата. Него единствено го загрижувало како ќе му растело детето, дали и тоа случајно ќе порасне како него и ќе прима надпросечна плата во Македонија во услови кога е можно да зема повисока плата во Канада. Има некаква логика.
Повторно фер одговор.
Сега за вториот дел еве јас да ти одговорам зошто се чувствувам не сигурно во Македонија. Не знам дали и тој Наневски од овие причини заминал, ама јас да си кажам зошто се плашам за моите деца во Македонија.
Закон за државно земјиште со кој што со еден потег сето земјиште стана државно, па луѓето можеа да го купат или да си го добијат во сопственост ако имале тапии пред 1960.
Сега имам дел од дворот кој што не е мој и во моментов државата не знае што ќе прави со него. Не знам дали ќе плаќам кирија или ќе ми го земат.
И кога ќе го земат што ќе добијам, паушална цена или што?
Или пак по екстремен случај ако цела куќа ти ја земај со новиот закон со кој што може да се национализира се што е од државен интерес, а ти дадат пари со кој што не можеш стан да купиш.
Ти мислиш дека можам да ја тужам државата и да добијам пофер цена со ваково судство?
Или пак образованието кое еве нон стоп се реформира. Учебниците се жива катастрофа, превод од српска википедија, често со не комплетен превод и дел на српски. Или пак буквален превод од англиска википедија и ништо не можиш да разбериш, дури не го прочиташ на англиски на википедиај ,па да му го објасниш на детето. Наставникот им вели дека мора да научат како што е во учебникот.
Или пак ново примени наставници по географија кои на децата му кажуваат дека бор, ела, смрека се листопадни дрвја.
Или пак наставник кој е пола час е на телефон зата што е главен во месен комитет.
И капак на сето тоа сите грешки на образовниот процес се решаваат со стресен крај на годината во вид на екстерно тестирање.
Да скратам и да не набројувам многу, мислиш дека е ова здрава средина за да израсниш дете кое ќе биде одговорно, самостојно и со интегритет и слободно да кажи што мисли без да има последици?