Т
Триптико
Гостин
Демократија е најлош систем на владеење, но не знаеме за подобар.
„Дај боже Америка да ти ја демократизира земјата.“ – најнова национал-шовинистичка клетва.Демократија е најлош систем на владеење, но не знаеме за подобар.
Свашта Се уште мислам дека може да преговараме да ни дадат некоја територија. И така сме 2 милиони +- и не би им сметале којзнае колку. Ние оваа територија, тие некаде кај нив. Мирна глава„Дај боже Америка да ти ја демократизира земјата.“ – најнова национал-шовинистичка клетва.
Има потреба од уште една тема а во врска со ова, Како да го запреме Говорот на омраза , посебно заканите и и застрашувањата;Македонија и македонскиот народ не ги уништиле ниту турците, ни бугарите, ниту србите... Никакви, освојувачи, империи, идеологии и пропаганди, но партиите можат да не уништат. Сите споменати закани се надворешни, но ова е внатрешна и е неограничена во растот на деструктивната моќ врз нацијата. Партискиот систем (pars - дел) во основата значи постојана поделеност и судири во народот.
24. Ако едно царство се раздели на делови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи;
25. и, ако еден дом се раздели на делови, еден против друг, тој дом не може да опстане;
Марко 3
Ако се проучува, колку е посилна некоја западна држава-империја ќе се види дека поделбата на партиите е само привидна или покрај разградувачкото и уништувачкото дејство на партиите постојат и обединувачки елементи на политичкиот систем. Така штетните ефекти на националните поделби и судири по партиска основа се отстранети или значително ублажени, а партиското соперништво и политичките амбиции се искористени во полза на нацијата. Политичкиот систем на САД во основа е монархија, само без крал. Целата правна организираност на државата е пресликана од Обединетото Кралство. За да не излезе изневерена борбата против британскиот крал одлучиле наместо крал да постават Претседател со големи надлежности. Настрана од сенаторите и гувернерите, во САД нема избори за администрацијата. Се избира еднаш за секогаш од горе и по потреба се менува од горе. Само при појава на притисок во јавноста, при големи пропусти, оние од горе може да се „принудени“ да го сменат функционерот што потфрлил.
За разлика од тие политички системи овде имаме гол партиски систем каде правно неограничената моќ на партиите им овозможува да дојдат до ниво на збесната неодговорност во злоупотребата на моќта и изживување над граѓаните. Во изминатите 24 години правно се затворени сите дупки за било какво иницијатива одоздола за влијание врз „избраните“. Почнувајќи од избори зависни од финансиската пропагандно-медиумска моќ, се до ради реда одредби (како референдум) што се практично неостварливи.
Партиите безобѕирно и без размислување влегоа и во најсветите национално-обединувачки основи како што се: црква, бранители, врховни судски инстанци, младина, спорт и внесоа поделби и раздори во секоја сфера од живеењето.
Што ќе се случи со македонскиот народ ако не успееме да ги надминеме партиските поделби?
Не споменувајте ВМРО, СДСМ или било која партија зборуваме за суштествената слабост на системот кој потроши половина од социјалистичкиот период, а не ни профункционира во обезбедувањето ниту на основна праведност, ниту некаква економска сигурност. Кои се правните решенија кои треба да се внесат за да се ограничи партиската разградувачка моќ врз единството за да се поправи сликата во националната состојба.
Само што кај нас на факултетот за политички науки баш и не можеш да научиш нешто за политика.@sardaukar
Самиот факт што постои Факултет за политички науки укажува дека се работи за сложени прашања
Дали она што мнозинството го одбрало е добро за мене како поединец?
Не секогаш .....
Она што мене ми е потребно како поединец е да имам човекови слободи и права. За мене е добра само онаа власт која обезбедува човекови права
А власт која дозволува да се ставаат лисици на колите, ако не им платиш на зонашите и власт која им овозможува на криминалците од Топлификација да ме тужат и да наплатуваат иако ништо не ми дале - за мене не е добра власт
А власта тврди дека тоа го прави за интерес на Македонија. Тврди демек многу било лошо ако не користам парно.
Така и Хитлер - тој ги ставил интересите на нацијата пред човековите права на поединецот
Тој велел - за Германскиот народ е добро да нема умоболни, инвалиди и хедикепирани - и ги убивал таквите
Затоа го мразам Хитлер
http://www.24sata.hr/crna-kronika-news/glavasa-istrazuju-zbog-javnih-istupa-i-objava-na-facebooku-406370@Ireal од кога напишано на фб е предмет на кривично гонење? Само плачко може да донесе таков закон.
Навистина не знам, што студираат судентитеСамо што кај нас на факултетот за политички науки баш и не можеш да научиш нешто за политика.
Се учи кој што кажал, некогаш и негде, теории углавно од филозофи, што значи воглавно идеали кои не можат да се спроведат во пракса, барем не кај нас... Понатаму, книгите не се доволно добри и не се со содржина која би одговарала на предметот што се изучува... Имаш скрипти кои се критики од некои си политиколози, најчесто американци, што е само по себе несфатливо зашто си на факултет на кој сам треба да развиеш критичко мислење, а не да учиш нечие мислење... Многу малку се учи за Македонија, онака секаде се спомнува во 2-3 реченици, додека главното внимание се посветува на политичките системи на САД, Британија, Германија и Швајцарија како поспецифични...Многу непотребни предмети, пракса никаква, многу ретко дебати и тоа е... А за Каракамишева ипак не е се така како што изгледа. На предавање ок е и го предава тоа шо треба и реално оценува... Тоа што ја хејтаат за други работи друго е....Навистина не знам, што студираат судентите
Веројатно си во право ако се погледа програмата на факултетот
http://www.pf.ukim.edu.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=724
На тој факултет предава и Тања Каракамишева и е коавтор на учебникот „ Политички партии и интересни групи",
Од професор кој е против автономијата на универзитетот што можеш да научиш?
Но еве за споредба што се учи на истиот факултет во Загреб
http://www.fpzg.unizg.hr/studiji/preddiplomski/politologija
друго е вокално зборење, иако и таму има кривични дела ако има закани кон интегритет на некое лице или правен субјект; инаку погледни секаде каде пишуваш во некој коментари вели дека вашаата ИП адреса е позната итн..., т.е. медиумот ако има некој проблем го открива лицето...@Ireal сакаш да кажеш дека треба да пазам што зборам во кафана? Нека се носат сите што го поддржуваат тоа.