ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Помина уште една доста интересна тениска недела, во која беа одржани турнирите во Мемфис, Ротердам и Сао Паоло. Титулите ги освоија Кеи Нишикори, Станислас Вавринка и Пабло Куевас.

Посебно интересно беше финалето во Сао Паоло, каде Лука Вани имаше сет негатива против фаворитот Куевас, но успеа да се врати и да најпрво да израмни, а потоа да направи брејк на 4-4 во третиот сет и да сервира за меч. Е тука пресуди неикуството и Куевас го врати брејкот, за подоцна во тај брејк да победи и да ја освои својата 3та АТП титула. Инаку Сао Паоло беше прв АТП турнир за 29 годишниот Вани.

Нишикори со 6-4 6-4 го совлада Кевин Андерсон и рутинирано ја освои титулата во Мемфис. Ова е трета титула по ред за Нишикори на овој турнир и лека полека станува апсолутен владетел на истиот. Иако Кеи цела недела играше лош тенис, односно беше под своето ниво, сепак успеа да ја освои титулата и да ги одбрани бодовите од лани.

И во Ротердам беше доста интересно како и во Сао Паоло. Бердих поведе со 1-0 во сетови, но подоцна не можеше да го испрати ритамот на Стан и ги загуби следните два сета. Со оваа титула Вавринка ги има освоено сите можни турнири во кариерата: Грен Слем, Мастерс, АТП 500, АТП 250, Дејвис куп, олимписко злато.

10974258_843812605682211_8066815842897319933_o.jpg

10835425_10153056670291070_4011929524849264016_o.jpg

150215152909-wawrinka-title-exlarge-169.jpg

Оваа недела следат турнирите во Рио де Жанеиро (АТП 500), Делреј Бич (АТП 250) и Марсеј (АТП 250). Во Рио ќе настапува Надал, заедно со Давид Ферер, Николас Алмагро, Томи Робредо, Пабло Куевас... Ќе биде доста интересен турнир, уживање за љубителите на тенисот на земја. Во Марсеј прв носител е Милош Раониќ, а на турнирот ќе настапат и Јержи Јанович, Монфилс, Вавринка, и секако младите надежи во светот на тенисот Борна Чориќ и Александар Ѕверев. Турнирот се игра во сала на тврда подлога.
Во Делреј Бич прв носител е Кевин Андерсон, а на турнирот учествуваат и Иснер, Долгополов, Карловиќ, Манарино и секако младите надежи Стефан Козлов, Андреј Рублев и Танаси Кокинакис кој денес го игра последниот меч од квалификациите за главниот ждреб против Алекс Кузњецов и има големи шанси да пројде понатаму. Турнирот се игра на тврда подлога.[DOUBLEPOST=1424128980][/DOUBLEPOST]Кокинакис со убедливи 6-1 6-3 го победи Алекс Кузњецов и влезе го главниот ждреб на турнирот во Делреј Бич.
Во Марсеј, Чориќ го победи Истомин со 2-0 во сетови и се пласираше во второто коло. Одличен резултат за Борна, после слабиот старт на новата сезона.
Исто така и Александар Ѕверев забележа победа во последното коло од квалификациите во Марсеј, победувајќи го Марсел Илхан со 2-1 во сетови. Каков ден за младите тенисери :vozbud::vozbud:
 
Последно уредено:
Ова што го гледаме од Надал моментално е срам за тенисот како спорт. А тек па што гледаме од Белучи...
 
Овој Рола не е воопшто лош играч, само знам дека малку покасно почна да тренира тенис, па сега сега има 23 години (мислам), а професионалец е само 2-3 сезони. Му имам гледано 5-6 натпревари, и можам да кажам дека има добра селекција на удари.
Со многу тренинг, може да биде нешто од него.
 
http://www.newstatesman.com/lifesty...n-make-you-better-friend-colleague-and-spouse
Многу интересна статија за Новак. Прикажана е која е најголемата причина за неговиот успех. А тоа е дека е единствениот тенисер (и воопшто спортист) кој може да победува и кога воопшто не е во форма. Многу победувале кога играле врвно ама тој успева и кога не му оди да направи така да го развлече мечот и да победи на крај. Ако се подразмисли малку сосема е точно. Човекот нема ама баш никаква специјалност, не е опасен со некој удар посебно, ама ај надиграј го (посебно во 3 сета). Знам дека фановите на Надал и Федерер нема да се согласат со оваа ама сепак тоа е тоа.
 
Па нормално дека никој нема да се сложи со ова, не само фановите на Надал и Федерер кога си пишал дека е единствен тенисер а и воопшто спортист кој победува кога воопшто не е во форма. Не ти се чини ова ниту малце претерано тебе? Дека знае да победи кога не игра добро би се сложил, дека често пати го има покажано тоа повторно би се сложил. Ама дека е единствен во тоа? И не тенисер само туку воопшто спортист? Фаќаш спортски канали дома?
 
Јас не го измислив ова. Само цитирав англиска статија, отвори ја и прочитај. И не реков дека е единствен ама дека е најпрепознатлив по оваа особина. А дека Надал е препознатлив по ова мало сутра. Кога не е во форма скоро секогаш губи од 100+ рангирани тенисери. Федерер исто ама не до толку. А Новак сигурно не е во форма 365 дена во годината а скоро никогаш не губи од 20+ рангирани играчи (барем во последните 4 години) без разлика на подлога.
 
Еве Надал лани беше тотално вон форма на Ролан Гарос, и Ноле успеа да загуби од него, и тоа 3-1 во сетови. Пошо нели, Надал не добива мечеви кога не е во форма.
 
Јас не го измислив ова. Само цитирав англиска статија, отвори ја и прочитај. И не реков дека е единствен ама дека е најпрепознатлив по оваа особина. А дека Надал е препознатлив по ова мало сутра. Кога не е во форма скоро секогаш губи од 100+ рангирани тенисери. Федерер исто ама не до толку. А Новак сигурно не е во форма 365 дена во годината а скоро никогаш не губи од 20+ рангирани играчи (барем во последните 4 години) без разлика на подлога.

И јас ништо не измислив, те цитирав тебе и убаво си имаше пишано "единствениот тенисер, а можеби и спортист". Тука е несогласувањето пријател. Иначе неспорно е дека Новак е препознатлив по тоа. Сме се увериле многу пати. А за Надал и Федерер. Во сите тие години на доминација, Федерер не играше секој турнир, секој период од тие сезони во врвна форма. А сепак види што има освоено и какви рекорди има поставено. И те како има добивано човекот мечеви па и турнири а да не ја играл неговата игра. Али океј, ќе се појават нови фаци што доминираат и одма се подзаборава што било пред нив. Со Надал е исто. Беше и уште е препознатлив по добивање мечеви и кога не му оди, по неговата борбеност. Само во неговиот случај не е само губење на формата во прашање. Зошто едно е да изгубиш форма во тек на сезона, сосема друго е од последните три сезони да немаш играно скоро ако не и цела сезона расцепкана низ тие три години. Тоа се многу пропуштени мечеви, и тоа е многу прекини. Премногу пати мораше да почне од нула Надал. И пак, прави фантастични успеси и покрај сето ова. Неможеш туку така да го ставиш Новак пред сите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom