Твојов пост е одговор на овие мои прашања:
Дали мислиш дека одговорноста е и кај врвот на фондот и кај министерот?
Дали мислиш дека истите требаа да дадат оставка одма?
Овој твој пост значи дека одговорот на двете прашања е не
(ако сум сфатил погрешно поправи ме)
Пошто јас сум како што ме нарече форумски билборд, сега ако треба да паѓам јас на твое ниво искрено незнам дали ке најдам во македонскиот јазик збор или реченица која би те опишувала тебе. Сега ако пробам во бугарскиот можи ке најдам, ама за жал јас не сум доволно запознаен со бугарксиот јазик , така да сам ке си побараш, секако изгледа тебе повеќе ти лежи тој јазик отколку мене.
А за прашањето мислам дека бев доволно јасен. Јас не сум нити суд нити полиција па да судам и обвинувам.
Кој и да е крив без разлика на каква позиција е треба да си сноси одговорност посебно ако има докази. Муабети од типот рекла казала врват пред кооперација. Овде има некои кои ке побараат оставка од министерот ако и на брзата помош му се дупни гумата или прегори неонката во амбулантата. Треба да си даде оставка и ако затекнал доктор на спиење пошто што кур тој барал да проверува дали некој спие на работа или не.
За конкртениот случај јас прво прашав каква е процедурата но ете испадна што е битно каква е процедурата и постапката , тој е крив и крај. Докторите требало да сносат евентуално морална одговорност пошто биле доктори и тие по автоматизам никогаш не се криви. Некој друг е крив. Нивниот потпис неважи, тие онака си се потпишуваат за доброутро. А сите комисии кои патем речено биле составени до специјалисти дале негативен одговор за случајот. Девочјето умре како директна последица од нивната одлука заверена со потпис и печат. Ама не тие пак не се криви. Курле е крив. Биле приморани, им било сугерирано и незнам што. Јас лично не ги проверив потписите на документите што ги имаше тука објавено да видам кој се е потпишан, нити знам како оди точната постапка и кој последен решава. Затоа и прашав. Но едно е сигурно и тука не треба да има дилеми. Ако тие членови на комисија донеле погрешна одлука треба да одговараат и притоа не мислам само на морална одговорност. Мислам на казна затвор.
Друга работа што ми пречи посебно ако малце поинаку ја гледаме работата е дека се сугерира дека министерот бил запознаен со случајот и тој требало да ја заобиколи цела хиерархија претходно и да донесе одлука на своја рака.
Тоа мене лично ми пречи од најмалце две причини. Прво е дека правото на кој ке живее или не се дава на еден човек кој како министер можи и е компетентен но можи и не е компетентен да донесе таква одлука за сите медицински случаи, пошто првенствено позиција министер е политичка одлука. Можи министер да биди и економист или доктор специјалист за уво нос и грло. И сега тој треба да одлучува кој треба да живее или не??
Да му се даде моќ на еден човек да изигрува бог е надвор од разум.
За да не дојде тоа еден човек да одлучува кој ке живее или не се формира комисија од специјалисти за таа проблематика . Значи повеќе луѓе кои се компетентни за проблематиката носат заедничка одлука и таа би требало според мене барем да биди последна и конечна. И да треба некој погоре да потпиши би требало само чисто формално да стави потпис затоа што тој некој погоре можи и да не е компетентен ( и логика нема да биди еден човек компетентен за сите медицински случаи).
Друга работа што ми пречи овде е каква е улогата на комисијата ако министерот треба да одлучува на своја рака. Зарем не е работа на комисијата да одлучи. Ако не е тогаш зошто е потребна комисија од специјалисти. Сите барања дирек ка министерот и тој нека одлучува кој ке живее а кој не.
Од друга страна пак ако комисијата донела позитивна одлука а некој погоре ја блокирал таа одлука на било кој начин со што се довело до немилиот настан тогаш тој некој треба да си ја превземи цела одговорност. И не морална туку кривична. Кој сака нека биди и на каква сака позиција да биди.
Сега задоволен си од мојот одговор?
И ајде сега ти мене одговорими на моето прашање зошто сметаш дека министерот би требало да даде оставка, или ако тој ја засрал дали не би требало и самиот премиер да даде оставка пошто тој го номинирал. Дали не треба и собранието да се распушти пошто им го изгласа мандатот. И конечно дали треба сите потписници на документот со кој се одбива барањето на лечење во странство треба да одговараат и како. Дали само морално или и кривично?