Ќе се намали емитувањето на турски серии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некаде петиција за укинување? Со две раце ќе се потпишам.Ама да се укинат.Немам живци веќе да ги слушам и да ги гледам.

ЗА УКИНУВАЊЕ ВО НАЈКРАТОК МОЖЕН РОК.
Никогаш повеќе да не ги даваат.
Има многу подобри работи за гледање.
Нека финансираат македонска реална серија со реални ситуации.
 
Aкo прават реална македонска серија со реални ситуации во серијата реално гледано ќе има се што ни се случувало изминатиов период . Убиства, криза, штрајкови на стечајците, поставување на споменици и изградба на објекти, победа на ВМРО на избори, тепачка во собрание, ... :icon_lol:
 
Па почнаа едно време да снимаат. Нели излегоа две... Од денес за утре и уште една имаше, не ми текнува сеа како се вика. :unsure:
Интересни беа, ама колку траат македонските серии? Десетина епизоди. :D На индискиве можат вода да им носат. :D Не ми е јасно шо толку се мучат со синхронизација, наместо да напраат нешто наше интересно. :D Ама треба и средства...

Он: Кога и да е... и на турскиве ќе им помине редот. :D Поминаа шпанските, поминаа српските/хрватските/босанските... и овие ќе поминат. :ROFLMAO:
 
Тие имаат средства ама ги користат за сихронизација.Од каде тогаш толку пари за турски а нема пари за македонски?Се утепаа од сихронизирање.
Според мене ако сакаат да имаат гледаност македонските серии треба да бидат пореални.Од наше секојдневие.
 
Toгаш ке бидат сите серии црн хумор,хорор и егзистенцијални проблеми.
 
Он: Кога и да е... и на турскиве ќе им помине редот. :D Поминаа шпанските, поминаа српските/хрватските/босанските... и овие ќе поминат. :ROFLMAO:
Хрватска и Српска има на Алфа тв. Како и да е нема да поминат т.е да не се прикажуваат. Можеби помалку ќе ги има ама не верувам дека засекогаш ќе се запре со нивно емитување.
 
А кој ве тера да ги гледате?
Имате стотици канали, вие упорно сте се фатиле за Сител и Канал 5.
 
За да не отворам нова тема, само ќе го оставам тука.
Воедно има и фејсбук група, од каде и го преземав ова.
Не знам кој стои зад ова, не ја гледам ни серијата, но може да се појави некој кој ќе каже нешто повеќе.

Реакција на загрижени родољубиви граѓани на Р.М.
„Збогум Румелија“- дрско искривување на македонската историја

Деновиве меѓу македонските телевизиски гледачи мошне актуелна е турската серија „Збогум Румелија“, емитувана на телевизискиот канал „Сител“ во вечерните часови. Станува збор за тенденциозен телевизиски проект, со историска пропагандна позадина, којашто го опфаќа периодот пред крајот на Османлиското ропство во Македонија, а кој, во голем дел, е реализиран на територијата на нашата држава, со дозвола и во соработка со наши општествени институции и поединци.

Не би сакале да навлегуваме во уметничката вредност на споменатата „сапуница“, како и во тривијалноста на проблематиката со која се занимава, и да засегаме прашања од типот колку е историски доследна (иако и тука би можело многу да се каже, на пример за несоодветната костимографија која нималку не се совпаѓа со историските факти – во тоа време турските жени не можеле да бидат видени во јавноста без фереџе, сè до неговото укинување од страна на Мустафа Кемал Ататурк во 1925 г., за што сведочи и бројната литерарна, фото и видео документација од тоа време). Дури и не би спореле околу тоа каква перфидна хипокризија се крие зад превезот на прикажаниот, навидум „хармоничен“ соживот.

Но затоа би се осврнале на еден одреден сегмент од тринаесеттата епизода од овој серијал, од 11 февруари, со кој директно се навредува Македонското национално ослободително движење и патриотските чувства на македонскиот народ.

Всушност, гледачите имаа можност да видат една ретка пародија на „Македонската крвава свадба“, во којашто улогите се заменети, па така нашите војводи и комити се претставени како разбојници, силувачи и убијци, кои бесцелно скитаат по планините, небаре глутница волци, напаѓајќи цели села и убивајќи невини луѓе, вклучително и христијани, а во овој конкретен случај се претставени дури и како грабнувачи на млади незабулени турски невести.

Разбирливо е зошто турските режисери, сценаристи и продуценти вака гледаат на нашата историја, но не можеме да разбереме зошто нашата публика лесно го прифаќа тоа. Каде е тука нашата историска свест, критичко размислување и цензура, па дури и нашите национани чувства? Зар пролеаната крв на нашите родољубиви предци, заслужила да биде извалкана на овој начин, а нивното достоинство - обесчестено и најдрско исмејано?

Не би оделе толку далеку, па да ги „нападнеме“ со одредени квалификации оние кои дозволиле ваква серија воопшто да биде снимена на територијата на оваа наша со векови измачена земја, ниту би инсистирале на некакво признавање на историските грешки од страна на поробувачите, иако такво нешто би требало да се очекува од една цивилизирана нација, како што ни е прикажана во серијалот, што, сведоци сме, во блиското минато веќе го направија некои народи, барајќи прошка за неправдата и зулумите што нивните предци ги направиле во минатото.

Дозволете ни да го упатиме нашиот апел до сите национални теливизии да внимаваат при креирањето на својата програмска шема, конкретно во делот со емитувањето на странските програмски содржини. Зашто, некои вредности никогаш не смее и не треба да бидат жртва на трката по гледаност и заработка.
Особено се обраќаме до ТВ „Сител“ со барање веднаш да го прекине емитувањето на конкретнава серија - „Збогум Румелија.“

Истовремено, ги повикуваме сите наши национални институции од областа на културата и просветата, особено историчарите, да пристапат со должната сериозност кон проверка и, доколку е потребно, и санкционирање на сето она што ни се сервира отстрана и поконкретно да ја помогнат домашната продукција и подигањето на нашата национална свест.

И покрај тоа што сме свесни дека ова наше барање може да не наиде на позитивен одзив, сепак, сметавме дека наша должност е да го споделиме ова со македонската јавност и така да ја смириме својата совест пред душите на нашите предци, оградувајќи се од ваквите декадентни пројави во нашето општество.
 
Каде е сега "Граѓанското Движење за Одбрана на Македонија"?

oh, wait... :unsure:

Комитите убивале христијани, и ги грабнувале турските жени за да ги силуваат во планините.... seems legit. Ништо ново од нашиве телевизии, ќе даваат вакви серии, а потоа ќе се чукаат во гради кој е поголем патриот. Мизерија!!!
 
Ја кога викам дека серијата е срање кое ја искривува вистината стариот мој очи ќе ми извади и вика глеј ја серијата ко демек тоа било вистината.

Еј тоа комуњарите со плашење како мали деца за праќање на голи оток на многу луѓе и по толку многу години уште страв у коски имаат
 
Искрено не ја знам серијава, меѓутоа генерално сум противник на тоа што запоседнаа речиси цела телевизиска програма затоа и ја споделив.
Затоа и прашав за што се работи, бидејќи не знам, но ако е точно, треба погласно да се реагира.
 
Повремено ја гледам серијата и не знам дали да верувам дури и по историја не сум учел дека во турција нешто како окупација имало англиска војска.
Или може сум го преспал тој час
 
Искрено не ја знам серијава, меѓутоа генерално сум противник на тоа што запоседнаа речиси цела телевизиска програма затоа и ја споделив.
Затоа и прашав за што се работи, бидејќи не знам, но ако е точно, треба погласно да се реагира.

Јас ја глеам (повремено и под принуда нормално). :ojeaa:

Го фатив тоа со свадбата делот. Нормално не обрнував внимание, али слушнав како иде некоја музика/песна: „Цвееееета, Цвеееета, Цвееееета.“ Ја прашувам мајка ми, ми ја објасни сцената и им викам па ова е Македонска Крвава Свадба. Она номрално вика: Не бе, овде турчинка е грабната, Комитите (кои се претставуваат како Бугари бтв) ја грабнаа. Али не знаев дека е претставено до толку писно, вака ко што е пишано погоре у групава.

Али небитно, не знам, мене ми е второстепено тоа, првостепено е масовниот моронизам кој се пренесува преку сериите, пошто пази ова треба да е комедија а има убиства, клетви, силувања...
 
За да не отворам нова тема, само ќе го оставам тука.
Воедно има и фејсбук група, од каде и го преземав ова.
Не знам кој стои зад ова, не ја гледам ни серијата, но може да се појави некој кој ќе каже нешто повеќе.

Реакција на загрижени родољубиви граѓани на Р.М.
„Збогум Румелија“- дрско искривување на македонската историја

Деновиве меѓу македонските телевизиски гледачи мошне актуелна е турската серија „Збогум Румелија“, емитувана на телевизискиот канал „Сител“ во вечерните часови. Станува збор за тенденциозен телевизиски проект, со историска пропагандна позадина, којашто го опфаќа периодот пред крајот на Османлиското ропство во Македонија, а кој, во голем дел, е реализиран на територијата на нашата држава, со дозвола и во соработка со наши општествени институции и поединци.

Не би сакале да навлегуваме во уметничката вредност на споменатата „сапуница“, како и во тривијалноста на проблематиката со која се занимава, и да засегаме прашања од типот колку е историски доследна (иако и тука би можело многу да се каже, на пример за несоодветната костимографија која нималку не се совпаѓа со историските факти – во тоа време турските жени не можеле да бидат видени во јавноста без фереџе, сè до неговото укинување од страна на Мустафа Кемал Ататурк во 1925 г., за што сведочи и бројната литерарна, фото и видео документација од тоа време). Дури и не би спореле околу тоа каква перфидна хипокризија се крие зад превезот на прикажаниот, навидум „хармоничен“ соживот.

Но затоа би се осврнале на еден одреден сегмент од тринаесеттата епизода од овој серијал, од 11 февруари, со кој директно се навредува Македонското национално ослободително движење и патриотските чувства на македонскиот народ.

Всушност, гледачите имаа можност да видат една ретка пародија на „Македонската крвава свадба“, во којашто улогите се заменети, па така нашите војводи и комити се претставени како разбојници, силувачи и убијци, кои бесцелно скитаат по планините, небаре глутница волци, напаѓајќи цели села и убивајќи невини луѓе, вклучително и христијани, а во овој конкретен случај се претставени дури и како грабнувачи на млади незабулени турски невести.

Разбирливо е зошто турските режисери, сценаристи и продуценти вака гледаат на нашата историја, но не можеме да разбереме зошто нашата публика лесно го прифаќа тоа. Каде е тука нашата историска свест, критичко размислување и цензура, па дури и нашите национани чувства? Зар пролеаната крв на нашите родољубиви предци, заслужила да биде извалкана на овој начин, а нивното достоинство - обесчестено и најдрско исмејано?

Не би оделе толку далеку, па да ги „нападнеме“ со одредени квалификации оние кои дозволиле ваква серија воопшто да биде снимена на територијата на оваа наша со векови измачена земја, ниту би инсистирале на некакво признавање на историските грешки од страна на поробувачите, иако такво нешто би требало да се очекува од една цивилизирана нација, како што ни е прикажана во серијалот, што, сведоци сме, во блиското минато веќе го направија некои народи, барајќи прошка за неправдата и зулумите што нивните предци ги направиле во минатото.

Дозволете ни да го упатиме нашиот апел до сите национални теливизии да внимаваат при креирањето на својата програмска шема, конкретно во делот со емитувањето на странските програмски содржини. Зашто, некои вредности никогаш не смее и не треба да бидат жртва на трката по гледаност и заработка.
Особено се обраќаме до ТВ „Сител“ со барање веднаш да го прекине емитувањето на конкретнава серија - „Збогум Румелија.“

Истовремено, ги повикуваме сите наши национални институции од областа на културата и просветата, особено историчарите, да пристапат со должната сериозност кон проверка и, доколку е потребно, и санкционирање на сето она што ни се сервира отстрана и поконкретно да ја помогнат домашната продукција и подигањето на нашата национална свест.

И покрај тоа што сме свесни дека ова наше барање може да не наиде на позитивен одзив, сепак, сметавме дека наша должност е да го споделиме ова со македонската јавност и така да ја смириме својата совест пред душите на нашите предци, оградувајќи се од ваквите декадентни пројави во нашето општество.

Уште и со Турција ни фали да ги расипиме односите и таман ќе ни биде, тек тогаш ќе бидеме Северна Кореја на Балканот, искарани со соседите, а со САД и ЕУ немаме кузнајт какви односи,па кога ќе гледаш сега и преку турските серии ќе се пројави политичка конотација како изговор против Турција и тоа е тоа. Секоја чест браво за патриотите наши.. Со ова темпо најверојатно после Грција во иднина очекувам и турско вето за членството на Македонија во НАТО..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom