Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Немој толку официјално, руменеам.
Еве ти за исселеничка. Се надевам ти помогнав.
Не барам официјална процедура. Барам да ми најдат некоја врска преку сестрински организации (ако можат, секако). И јас руменеам од срам, ама не се издржува веќе. Студентите се последна надеж. :pipi:
 
Ако сакаш сестрински врски, со најдена работа имам разбрано (не ме држи за збор) дека Јеховини Сведоци те шипнуваат у америките за краток период.
Треба „само“ да бидеш нивен, до крајот на животот нели.
 
Чекај сега :) Од муабетов јас можам да сфатам дека ти немаш доверба во пленумот?
Штом за тебе пленумот е „некој муфљуз“...
Да, моментално навистина изгубив доверба базирано врз ова што го пиша @Bojan Van Buuren што му се десило, пошто знам дека у периодот кај што јас не бев одлучен он беше еден од тие што највише се спротивставуваше на испитот, а сега ете, обратна ситуација и преокрет баш за него (патем кога сум на темава, викаше дека од партија ќе ми ги дале прашањата и затоа не сум бил против, па сеа малце нека види како е :P ).

Ама реков и тоа, сеуште поддржувам, целта сеуште е иста, а мене не ми се десило тоа. Може била индивидуална случка, може не, ќе видиме наредната недела дали ќе се повтори. А све ова што пишав беше муабет во случај да би се десило истото кога ќе ми почнат предавањата, „ако“ муабет. Башка не го знам ни ставот на професорите. Што знам јас, може тие професори нема да сакаат да предаваат, па тоа би било можеби единственото соломонско решение во ситуацијава.
 
Ако сакаш сестрински врски, со најдена работа имам разбрано (не ме држи за збор) дека Јеховини Сведоци те шипнуваат у америките за краток период.
Треба „само“ да бидеш нивен, до крајот на животот нели.
Ништо, не си ми од помош ти. Сепак, благодарам за обидот и желбата. Ќе почекам да видиме дали може оној што се инспирирал од еден наш премудар лидер да помогне. Ако не може и тој, си купувам јаже.
 
(патем кога сум на темава, викаше дека од партија ќе ми ги дале прашањата и затоа не сум бил против, па сеа малце нека види како е :P ).
Рики се извињавам, ненамерна грешка ми било тоа :D
 
Да, моментално навистина изгубив доверба базирано врз ова што го пиша @Bojan Van Buuren што му се десило, пошто знам дека у периодот кај што јас не бев одлучен он беше еден од тие што највише се спротивставуваше на испитот, а сега ете, обратна ситуација и преокрет баш за него (патем кога сум на темава, викаше дека од партија ќе ми ги дале прашањата и затоа не сум бил против, па сеа малце нека види како е :P ).

Ама реков и тоа, сеуште поддржувам, целта сеуште е иста, а мене не ми се десило тоа. Може била индивидуална случка, може не, ќе видиме наредната недела дали ќе се повтори. А све ова што пишав беше муабет во случај да би се десило истото кога ќе ми почнат предавањата, „ако“ муабет. Башка не го знам ни ставот на професорите. Што знам јас, може тие професори нема да сакаат да предаваат, па тоа би било можеби единственото соломонско решение во ситуацијава.

Значи ако твоите колеги, студентите ти викаат не оди на предавање, придружини се заедно во борбата тогаш тоа не е во ред.
Ако професорот од своја причина (можеби не му е ден, можеби гледа излез па ќе си оди на одмор си вика нека штрајкуваат овие, можеби е опозиционер па на се’ гледа партиски а не за доброто на студентите) не сака да држи предавања, тогаш ќе биде во ред?

Кое ти е тоа соломонско решение а имаш двоен аршин?
 
Ауу :pos:

Добро бе, државава не може да ги преброи штетите од поплавите, толкава невработеност, уште се бараат некои видови донации глупости. Па сам од дома можеш да си донесеш, не верувам дека овие од сп се од егзистенцијално загрозени семејства. Им ја сфаќам поентата на некои но одредени од овие се во тежок филм влезени.
.

Е тоа де.
Имаше некои кои истово го забележаа на твитер, ги нападнаа, ги направија предавници и плакатолепачи.

Искрено, не знам дали виде, на СП фб страницата имаше и апел за помош дури, да им се донирале кебиња, вода и храна во време кога Источна Македонија е поплавена и има болештини. Црвен Крст цело време дава извештаи за тоа како донира, а никој не се ни интересира. Ужас.
 
Значи ако твоите колеги, студентите ти викаат не оди на предавање, придружини се заедно во борбата тогаш тоа не е во ред.
Ако професорот од своја причина (можеби не му е ден, можеби гледа излез па ќе си оди на одмор си вика нека штрајкуваат овие, можеби е опозиционер па на се’ гледа партиски а не за доброто на студентите) не сака да држи предавања, тогаш ќе биде во ред?

Кое ти е тоа соломонско решение а имаш двоен аршин?
Ко што реков, јас си ги знам професорите, а си ги знам и колегите. Голем дел од тие колеги беа најзагреани за првиот протест, а после првиот протест, кога владата одлучи испитот да не важи за тие кои моментално студираат, во моментот и кога се организираше вториот протест викаа „аа, ние не идеме, си ја остваривме целта, што не боли за идните генерации“ (иронично, јас обратно направив, не поддржував на првиот, поддржував на вториот што јасно ги покажува моите размислувања и размислувањето на тие колеги). Така што се зависи од ситуацијата, кој професор, кои колеги и тн. :)
 
Па цела поента е да има солидарност, на секое ниво од опшеството.

Ако сите студенти блокираат настава таа блокада не би траела повеќе од 2 недели.
 
Ко што реков, јас си ги знам професорите, а си ги знам и колегите. Голем дел од тие колеги беа најзагреани за првиот протест, а после првиот протест, кога владата одлучи испитот да не важи за тие кои моментално студираат, во моментот и кога се организираше вториот протест викаа „аа, ние не идеме, си ја остваривме целта, што не боли за идните генерации“ (иронично, јас обратно направив, не поддржував на првиот, поддржував на вториот што јасно ги покажува моите размислувања и размислувањето на тие колеги). Така што се зависи од ситуацијата, кој професор, кои колеги и тн. :)

Рики, пред месеципол запиша факултет бе брат. Од каде толку сигурен во твоите професори? Куќни пријатели ти се?

Дај бе брат, уште по име не се знаете што се вика...
 
Абе ја си реков дека почнаа глупости да прават, ко мали деца се понашат, али тука одма активните пленумци длабоко емотивно се потресоа и нешо џоа политички платеник нешо сум бил. И шо реков дека има фаци шо не се студентити се мотат и наредуват шо да се прае, тука одма навредени смртно шо не сум верувал и не сум го подржувал нивниот филм.
И сеа ви сметат шо не можете да одете на предавања, а?
Шо џабе ви пропаѓаат парите за семестар, а да не спомнам за оние шо не се од Скопје и шо не одат на предавања од револуционерите.

Туку имам друго прашање, дали детето шо ќе биде зачнато во некоја оргија во автономните зони, ќе се вика Автономка или Ленка со безгласно п однапред?
 
Рики, пред месеципол запиша факултет бе брат. Од каде толку сигурен во твоите професори? Куќни пријатели ти се?

Дај бе брат, уште по име не се знаете што се вика...
Знаеш што студирам, знаеш каква ми е тематиката на она што го изучувам. Лесно се препознаваат намерите, мислењата при истото пошто одат под рака едно со друго што се вика. При самите предавања некои работи се очигледни, а исто така пратев и низ цело ова движење кој што правеше и како постапуваше. Така што не брат, извини ама не може да имам повеќе доверба во некој кој со сила пробува да ми го смени мислењето за да го прифатам неговото, кој патем воедно не го ни познавам, отколку што имам во некои од претходно наведените професори (не сите секако).
 
Ама ти можеби само мислиш дека ги познаваш, тоа пробувам да ти го кажам :)
Исто така, не верувам дека сите пленумци имаат искрени намери. Ќе видиме за 5-6 години кои од нив ќе се издигнат на политички план.
Муабетот ми е, не почнувај (условно кажано) војна која не си спремен да ја добиеш.
Ти како историчар, верувам многу пати си го прочитал ова.
 
Да, да, разбрав што сакаш да кажеш, ете, со ова 100% се сложувам, иако проценката досега супер ми беше. Па како за професорите, така и за пленумот, намерите стануваат многу shady. Војна ја не почнувам, ако ти текнува на почетокот не ни сакав да се вклучам во истава :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom