Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.003
Поени од реакции
12.624
Благодарам за желбите за долг живот.

За другите децата кои незнаат да состават реченица без да вреѓат можам само да констатирам дека оние кои најчесто плачат за наводна демократија се истите тие кои не се способни да прифатат туѓо мислење. Тоа се малцинство во нашето општество кое е најчесто одпушок од поранешниот систем на кое му е многу тешко да прифати дека едноумието заврши и затоа се обидуват со анархија да ги наметнат нивните ставови или пак да извлечат некоја општествена корист. А за тоа колку вашите ставови и постапки држат вода говори у бројноста. Успеавте од неколку илјади да се сведете на 50 до 100 луѓе.
Џони ако не пренесле на Сител дозволи ми да ти кажам, годината е 2015 а ние сеуште живееме во систем на едноумие.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Ова ми се допаѓа, БРАВО (y)(y)(y)
3D компјутерска визија

Во рамки на окупацијата на зградата на ФЕИТ и МФ, денеска (12.2.2015) ќе се организира првото стручно алтернативно предавање, со почеток од 18:30 часот, на кое се повикани сите студенти кои сакаат да присуствуваат.

Предавањето ќе го држи Проф. д-р Зоран Ивановски и ќе се одвива во Амфитеатарот на ФЕИТ/МФ.

Да потсетиме дека окупацијата не значи борба против знаењето, туку еден од можните начини на искажување на револт. Затоа, ве повикуваме да дојдете во што е возможно поголем број.

Поздрав пленумци!

https://www.facebook.com/events/877304928958751/
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ако стварно им мислите добро на студентите не ги поддржувајте студентски пленум, зошто се дигнаа во небесата и мислат дека се којзнае што.
Очигледно очекуваа кога ќе влезат на сред предавање сите да ги дочекуваат со восхит и да им се клањаат, па кога ќе наидат на отпор и кога некој ќе им рече дека не ги поддржува те поздравуваат со „поздрави ги дечките од умс“. Јас ја имав таа чест да ми го пратат поздравов денес :love::love::love:
Башка си земаат слобода да ти кажат „ако нејќеш сам да излезеш и да ни се приклучиш ќе те натераме и покрај твојата волја, да дојдеш со нас со тоа што ќе ти свириме со мегафоните“ (y)(y)(y)

Денес само повеќе ме убедија дека сум донел правилна одлука кога решив дека не треба да ја имаат мојата поддршка.
Студентски пленум :love:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Овие полтрониве коа ќе ја снема диктатурава би ги врзал на плоштад и би ги остаил така да ги плукаат сите..
И после да ги врземе оние што ќе ја поддржуваат следната власт, па кога ќе ги снема крвопијците од вемероу и есдеес, оние од елдепе (јес да се 2-3ца) и на крај сите ќе си живееме среќно до крајот на животот.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Секоја чест, браво за упорните студенти, конечно некој да покаже сила против власта. Секоја им чест, неможам да ја изкажам мојата изненаденост, мислев ќе се откажат, секој чест :cuc:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.333
Поени од реакции
18.408
Исценкавте??Искочите на крај?? Нешто против мене?

Анархо типови кои уживаат во ова?:pos: Ако нивно право, секој има право да ужива во нешто(y)[DOUBLEPOST=1423731770][/DOUBLEPOST]

ДПМНЕ може да изгуби единствено само ако самите членови се свртат против нив.

Ама не сакам да терам политика на темава.
Како што ти го процени пленумов без да знаеш ниеден член,така и ја те проценив тебе.Ништо лично против тебе,ама размислувањево сум го прочитал безброј пати па можам да групирам.Можда и двајцата сме грешка,времето ќе покаже.

Сам се демантираш,викаш дека дпмне може да изгуби само ако самите членови се свртат против нив(во што се согласувам) а тука креваш паники како ќе се урнела политиката на владата.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.326
Поени од реакции
5.434
Дали ќе се остане цел ноќ на Машински и дали има некој што ќе иде нека ми пише п.п.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Сам се демантираш,викаш дека дпмне може да изгуби само ако самите членови се свртат против нив(во што се согласувам) а тука креваш паники како ќе се урнела политиката на владата.
Каде виде ти дека се демантирам, ај покажи ми жити се?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Дали ќе се остане цел ноќ на Машински и дали има некој што ќе иде нека ми пише п.п.
Да, исто ко на Филозофски/Филолошки. :)

Иначе прееска прочитав дека Велимир бил денеска на Филозофски. Патем, писмо од него до Адеми.
Писмо на Ректорот до Министерот за образование и наука

До

Г. Абдилаќим Адеми, министер за образование и наука на
Владата на Република Македонија

Почитуван г. Министер,

Во врска со состанокот одржан на 6 февруари 2015 г., постигнатиот договор, како и Законите за изменување на Законот за високото образование и Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, донесени на 36. седница на Собранието на Република Македонија на 11 февруари 2015 г., Ве известувам дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ формираше координативна работна група и истовремено Ве молам да закажете заеднички состанок.

Проф. д-р Велимир Стојковски,
Ректор


Друга ствар, @dzonyb , дали ти тоа повикуваше на насилство? :) Одговори ми со да или не, толку барам од тебе. Патем, ти тоа што викаш 50-100 души, па од почетокот на дејствијата уште крај на октомври/почеток на ноември, носечката сила се тие стотина души (има некои што се повлекуваат, други нови кои доаѓаат) и нормално дека они се најспремни во тој смисол. Едно е да излезеш на протест кој трае 2-3 часа, друго е да си спремен ова да го направиш. :)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Преку глава ми е од политичка коректност. Затоа што ваквите гадови како тебе, не разбираат на поинаков начин. Знам дека се спуштам едно десет нивоа подолу, ама па веќе...

Слушај и читај гаду! Тие студенти ја претставуваат паметта во ебанава држава. Ги рушат медиокритетските бариери и рамки кои се поставени ви ова општество. Од тие што ги браниш и од таквите слуги како тебе. Јас знам зошто слепо ги браниш. Сакаш да ти кажам? Нема проблем. Таквите ликови како тебе, јас ги нарекувам квази. Квази во секој поглед. Тие се најлоши. Што мислат дека знаат се, ако прочитале една книга, што се поречити од просечниот вмровски граѓанин и што нив им продаваат десет години вакви приказни. Ти си на нивна страна, спремен си да убиеш поради нив и поради нивната мочана кауза. Затоа што ти во нормално општество, со различен систем на вредности од овој, би бил на дното од општествената хиерархија.Би бил предмет на потсмев и вперен прст. Ама бидејќи работите кај нас се такви, ти си едно мизерно мало човече, со милион комплекси и фрустрации, кое седи во одело во некоја канцеларија, цица од државна цицка и зема пари големи од некоја измислена работна позиција.

Ти ветувам, ама навистина ти ветувам. Студентите, младите и разумни луѓе, ќе победат. Прво ќе ја добијат оваа битка со МОН и срамниот закон за високо образование, па потоа се останато. Паметта ќе победи и ќе ги одвее таквите како тебе. А, дотогаш ти препорачувам да излезеш од чмарот на твоите штапски шефови и локални шерифи, затоа што надвор е убаво времето.
Пред да ти серам у шешир, друже, само да појаснам дека ова со окупацијава според мене е одличен потег. Не смее да се затвори ниту еден од фронтовите што им ги отворија на вемеро. Ниту еден. Ни тој за државен испит, ни бомбите, ни барање оставки за смртта на Тамара. Треба повеќе вакви "пожари" да се запалат за да се бутне "ламјата". Една криза лесно ќе ја изменаџираат, повеќе од една - многу потешко.
Е сега, имам мал проблем со симптомиве на револтов. Ти со постов убаво ми го сублимираше. Прво, забележувам еден силен идеолошки занес. Некоја мистична верба дека некоја мистична сила во Македонија, ти ја нарекуваш памет, ќе надвладеела и некого ќе одвеела. Две ипол децении наназад и независно која партија е на власт утре, единственото одвеано нешто ќе бидат паметните, од државава. Ова срање уште две генерации не го лечат. Разбирам јас идентификување со некое движење, разбирам солидарност, ама да не претеруеме. :)

Друга работа. Си пишал горе "Прво МОН, па се останато". Океј. И оној Џони-вемеро и сите смрдени ебани медиокритети посрани скапани ништожни никакви, на сите ќе им дојде крајот, нели? На сите што морале да го примат од партија на едно место за да се вработат? На сите уценувани, малтретирани со списоци, врбувани по штабови и на избори? Знаеш колку пати сум го слушал и читал ова? Многу. Знаеш кој бил резултатот? Одмазда без усул. Масовни отпуштања од работа, вработување на "паметните" и "просветлените", а бркање на "партиските послушници" и "медиокритетите". Абе дваесет години истиот филм. Истиот гнев. Истиот реваншизам. И истото срање. Мислев дека оваа генерација барем ќе ги има научено тие лекции и ќе знае дека не треба така.

Трето, треба у најмала рака да јадеш казнени, а најкоректно би било бан, заради навредите во болдот. Ако не јадеш, да знам дека постои ваков преседан и дека вака треба да се обраќаме кога не се согласуваме со некој. Fala i kaj vas.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
50 до 100 студенти, од кои повеќето со политички багаж, што фамилијарен што личен, се шетат по универзитети и прават циркуси секако поддржани од СОРОС и медиумите кои известуваат како којзнае што да се случува. Видоа дека немат бројност за на улица па почнаа да се бутат по ходници. Ср жалат немало демократија , очигледно како и кај нивните идоли зборот демократија опасно го мешат со анархијата. Зошто ова што ср случува е класична анархија. Ваква деликвенција на 50 тина студенти во било која високо демократска земја би била решена со вадење на клоци од институциите.
На Љубчо и на Доста импулсивноста, Бог да ги прости и двајцата. Не бива така, ем и го даваш тоа што го сакаат, ем ги правиш херои. Поентата е да ги победиш во нивната игра.
 
E

Epsilon

Гостин
Дај бе овие што ги „тераат“ да пишуваат по форуми и да обвинуваат дека се од опозиција, зарем не ве фаќа срам? И зошто не си кажите дека со 40 и кусуро години во г'зот со одвај завршено средно училиште одите по дисперзираните студии да завршите факс?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Јас сакам да окупирам ама повеќе сакам да седам на предавање. Предавник ли сум на каузата? :(
ps Може ли да окупирам во слободно време?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Џони не е темата.
Ако продолжите да ја правите темата џони, темата ќе биде заклучена.
Следни навреди кон било кој член ќе резултираат со бан од тема и казнени поени.
Па ко воли, нек изволи.
Правилата важат за сите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Џони не е темата.
Ако продолжите да ја правите темата џони, темата ќе биде заклучена.
Следни навреди кон било кој член ќе резултираат со бан од тема и казнени поени.
Па ко воли, нек изволи.
Правилата важат за сите.
Crazy the horrible...
:ban:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom