Фан клуб - РК Металург

аууу колку страшно изгледат Нелоски на сликите од спрортмедиа, две глави е над сите [emoji14]os:

Sent from my HUAWEI P6-U06
 
А, како ќе играат Палевски, Костески и сите од Јуниор за првиот тим во првенството, кога се регистрирани и имаат настапи за Јуниор? Ова можда ќе се среди со трансфери и позајмици, не знам дали уште трае преодниот рок, ама кога ќе заминат младите, кој ќе игра за Јуниор? Кадетите?
 
другарче, првиот тим им се распадна како кула од карти, па ваљда тие сигурно нема да му ја мислат за Јуниор :)
 
другарче, првиот тим им се распадна како кула од карти, па ваљда тие сигурно нема да му ја мислат за Јуниор :)
Па добро, знам тоа, ама сепак треба некој да ги доигра утакмиците на Јуниор, иначе следуваат санкции од федерација. Ако пуштат кадети, тогаш 100% го губат местото во плеј-оф, пошто до крај имаат утакмици со Пелистер, Охрид, Радовиш и Струмица.
 
можеби ќе фузираат со првиот тим.
добро познат процес на некои од мк тимовите :icon_mrgr:
 
Никола Митревски, Петар Мисовски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Борјан Маџовски, Дарко Џукиќ, Никола Костески, Марко Нелоски, Раде Стојановиќ, Милорад Кукоски, Филип Талески, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Марко Бувиниќ и Жарко Пешевски.
Еве го составот кој отпатувал во Германија, очекувано.. тоа е најдоброто што го имаме . :D
Се надевам нема да се сруши рекорд на најголема победа во ЛШ, се помалку од 15 разлика би било успех.
Червар барем некој голман да донесеше од Хрватска, тоа очајно фали на тимот.. овие двајцата се што ќе им шутнат влегува.
 
Мартин Манасков да не замина?
 
Јас мислам од форумов да се соберевме да направевме екипа повеќе голови од Металург ќе дадевме за 30 минути :pos:
 
Океј, никој не очекуваше дека денес ќе се спротистават на Кил, ама ова што го гледаме е резил не виден.

Се гледа од Марс дека Кил играат буквално со 20% од силите и да не беа толерантни судииве и да им играат малце поагресивно, ќе губеа 40-0 досега.
Овие воопшто не се дојдени да играат, или пак навистина толкав им е квалитетот.
Алооо 20 минути немаат гол дадено, а што е најтрагично одвај 2-3 обиди имаа во овие 20 минути, и тоа освен една контра на Ѓукиќ, другото беше удари од немоќ на Талевски и Хрватот кој го донеле на десно.

Што е најтрагично тој Хрватот е подобар дупло од сите наши млади ракометари кои се најавувани како перспективна генерација :вонзем:

Кил на почеток играше со 6-0 и тука малце дојдоа до израз шутерите како Талевски и Хрватот, и така ги дадоа трите гола.
Откако им сменија во 5-1, ги натиснаа на пола терен да градат акција, па не може ни голот да го видат.
Перспективните младинци за 30 минути не направија НИТУ ЕДНА АКЦИЈА ниту за крило, ниту за пикер, ниту пак некој простор за бековите.
Талевски освен финтата со тоа да потскокне, па пак да тапне и да продолжи, ниедна друга не знае. Никаква конституција нема и освен шутот кој во ваква ситуација не може да го искористи, ништо друго не поседува. Чист просек. Другите не вреди ни да се коментираат, очобол.
Никој нема муда ниту да влезе на ДЕВЕТ МЕТРИ од голот на третиот голман на Кил, а камоли да тргне на шут. Раде невидлив, еден шут што извади мислиш ракометар на Ринија е...
Во одбрана исто, иако примија само 17 голови, ништо не покажаа, среќа Митревски стопи неколку зицери иначе којзнае каков ќе беше резултатот.
Кога сакаат си прават зицер Германциве...
Ама пак ќе кажам, резултатот е очекуван, не очекувано е што немаат нималку жар да се покажат или пак што индиректно покажуваат дека немаат никаков квалитет...
 
Аман бе, аман, ги исплука, матер им еба. Мислиш од друга страна играат копиљаци од маало, па срам е Металург што не може да направи ништо повеќе.
 
Аман бе, аман, ги исплука, матер им еба. Мислиш од друга страна играат копиљаци од маало, па срам е Металург што не може да направи ништо повеќе.
Не знам дали ја гледаш утакмицата, сите знаеа дека ќе изгубат ама очи пече тоа што го играат.
Срамота е да правиш акции на пола терен и воопшто да не одиш накај гол. Срамота е да ти е страв да тргнеш напред, а не само да додаваш лево-десно.
Не се дотолку сакатици, а нити Кил не им игра со најдобар состав, ниту пак со полн гас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom