Ова е карактерот кој освојува титули.
Секоја чест за Евертон изиграа супер меч, дефанзивно изиграа за 10-ка и да го немавме на голот Петар сигурно ќе собереа 3 бода.
Според мене играч на натпреварот е Чех, не дека Матич изигра лош меч напротив имаше перфектен настап, но Петар беше тој што ја направи разликата во резултатот, да ја искористеше Лукаку таа шанса од 2 метри, сигурен сум Евертон со овој пристап ќе успееше да ги одбрани тие 1-0.
Вилиан пријатно изненадува последниве 3 натпревари.
Пишав пред да почне натпреварот каква ќе му биде продуктивноста како амц со оглед дека како десно крило е много ограничен. Во повеќето случаи сите негови дриблинзи и продори се сведуваат на тоа да оди десно и да центрира. Сите знаеме дека во Премиер лига тоа може да му трае максимум пола сезона, додека да го научат дефанзивците после тоа толку. пр Валенсија.
Голот го ставаме настрана денес, конкретно ќе напишам за неговата игра.
Прво многу претрча, нонстоп се движеше и бараше слободен простор за игра и сакаше да учествува во градењето на акции. Нешто што не беше случај како десно крило. Многу пати ќе заборавев дека е на терен, цело време се игра лево преку Хазард и по некогаш ќе се упати некоја дијагонала кон него и овој ќе укочи со тоа негово карактеристично застанување.
Челзи беше многу побрз во транзиција од одбрана во напад со него.
Плус го имаше оној шут на почетокот, но незнам дали приметивте а верувам дека сте, дека тоа го изведе кога беше десно. Неговото препознатливо свртување во десно и центаршут само што овој пат беше опасен шут.
Според мене Вилиан повеќе би бил продуктивен како амц од што како десно крило.
Како за прв старт Квадрадо беше одличен, се гледа дека уште не е навикнат на Челзи и пл, но сум задоволен од прикажаното.
Голем радник е на теренот заедно со Вилиан не застанаа, нешто што да бидеме реални го немаше во Шурле. Можеби малце остапува со техника но ќе видиме уште е рано...
Бане не паметам кога последен пат има упатено добар центар шут. Дефанзивно како и секогаш перфектен.
Зума нема потреба да го фалам се знае само едно
Тибо можеби е подобра долгорочна инвестиција, но моментално Чех е подобар голман.
Не би можел да одберам помеѓу нив двајца, но сигурен сум дека Тибо го заслужува третманот што го имаше Чех на почетокот на сезоната, па ако навистина сака да брани во Челзи нека седи и нека чека шанса, ако не ајт у Реал.