Спортски повреди совети, искуства...

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Да прашам. Вчера играјќи кошарка добив удар со колено во мускулот на задната страна на подколеницата (листот). Осетив јака болка и едвај некако дојдов до дома. Мускулот е како скаменет и денес, кога не се движам не осеќам болка но при допир или кога станувам и се движам чуствувам многу јаки болки. На почетокот таа болка е поинтезивна но ако продолжам со движење со времето се намалува. За да не се маткам без врска по болници, ме интересира дали имал некој слична некоја повреда, па ако може да сподели искуство или совет во врска со ова?
 
Ништо не ти е, мачкај се 1-2 дена со counter pain и не бери гајле. Ова е слично како на пример кога ќе те удрат со лакт во бицепс на физичко и после тоа ти се укочува бицепсот и те боли некој ден.
 
Не би требало да е нешто страшно. Не се движи многу, одмарај и ставај топли облоги на местото:)
 
Вчера при еден дуел во фудбал добив удар во делот кај окото со лактот на другар. Денеска ми е потечено некое чаре за да се смали отокот?
 
Вчера при еден дуел во фудбал добив удар во делот кај окото со лактот на другар. Денеска ми е потечено некое чаре за да се смали отокот?
Мраз помага, уште од вчера требаше да ставаш, не дека ќе го отстрани ама отокот го намалува.
 
Не верувам дека ставање на лед на загреан мускул е добро решение. Затоа и не ставив. Оток имам но не е помодерно местото. Сабајле кога станав беше лошо но,со,тек на денот попушта болката благодарение на движењето. Е сега не ми,е јасно дали во вакви случаи е добро движењето или не?
 
Епа да си ставел мраз немало да имаш оток. Како бе не било добро решение, цел свет става мраз на мускул, без разлика загреан или не.
 
Да беше паметен ќе знаеше дека сите спортисти после тренинг се бањаат во ладна вода за да им се намали болката во мускулите. Ти знаеш само статии од инвестиции да најдеш, а не вакви.
 
Мраз се става за да не отече местото. А ако е веќе отечено јас ставав леб натопен со топло црно вино, по препорака од Шинка и колку и да ми звучеше смешно кога првпат ми кажа, ми помагаше.
 
Мраз се става за да не отече местото. А ако е веќе отечено јас ставав леб натопен со топло црно вино, по препорака од Шинка и колку и да ми звучеше смешно кога првпат ми кажа, ми помагаше.
Ова за црно вино и леб го знам од баба ми и функционира одлично. Мислам дека најголема грешка беше тоа што задоцнив на тренинг и немав време да се загреам. Повредата според мене повеќе некое истегнување на мускулот како резултат на недоволно загревање.[DOUBLEPOST=1423684317][/DOUBLEPOST]
Епа да си ставел мраз немало да имаш оток. Како бе не било добро решение, цел свет става мраз на мускул, без разлика загреан или не.
Мислам дека мраз не се става на се сешто. Може за зглобови, аркада или слично, но за повреди на мускул не сум сигурен. Еве ако има некој кој е поупатен нека каже во кој случај ср користи лед а кога не.
 
Ова за црно вино и леб го знам од баба ми и функционира одлично. Мислам дека најголема грешка беше тоа што задоцнив на тренинг и немав време да се загреам. Повредата според мене повеќе некое истегнување на мускулот како резултат на недоволно загревање.[DOUBLEPOST=1423684317][/DOUBLEPOST]
Мислам дека мраз не се става на се сешто. Може за зглобови, аркада или слично, но за повреди на мускул не сум сигурен. Еве ако има некој кој е поупатен нека каже во кој случај ср користи лед а кога не.
Џоница пливање тренирав 15 години и сите дома ми се лекари, сакаш верувај, сакаш не. Мраз се става на мускули, за да се направи вазоконстрикција, да се смири пулсирањето и да нема отоци потоа. За најдобар ефект се држи 10 мин со 10 мин пауза и така со повторување. На аркада се ставало мраз, на мускул не и уште, сешто..
 
@Ilumious
Предлог маст или слично за мачкање? За зглобови и слично, после спортување и физички напор, конкретно за после трчање ми треба, превенција од повреди и сл...
Освен коњската некоја друга.
 
Мислам дека мраз не се става на се сешто. Може за зглобови, аркада или слично, но за повреди на мускул не сум сигурен. Еве ако има некој кој е поупатен нека каже во кој случај ср користи лед а кога не.
Зошто не ни веруваш? И јас 8 години веќе спортувам и закон е значи да се става мраз/ладно на мускули, особеното на нозете, после повреда, истегнување или пак напорен и исцрпувачки тренинг. Пред спортска активност на мускулите им е потребно затоплување, дали само со обично загревање или плус и некоја маст, а после напор потребно е ладење, дали со ладен туш на мускулите или пак како во твојот случај со држење на мраз.

Тоа дека ти попушта болката со текот на денот е поради раздвижувањето и пасивното загревање на местото.

Во странство си како што знам. Тркни до аптека и купи си вакви кесички со гел(плав) внатре. Ја ставаш во замрзнувач и по поласаат/саат(зависи од големината на кесичката), ја ставаш на повреденото местото и не се расправаш ни со мраз, ни со замрзнат грашок ни со ништо. Не знам точно како се викаат, сигурно ќе те разберат во аптека што им бараш.
new-cool-dog-bed-pet-bed-cooler-pet-mat-cooling.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom