Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ne ste bas vo pravo, nemaat pravo da ve kaznat bez da ve fatat kako naplakjate, ili eventualno sopatnicite kazat deka ste div prevoznik. Moe licno pravo e vo sopstveno vozilo da prevezuvam kogo sakam i kade sakam bez naplata i isto taka liceto da ne izbeglica ili lice koe go goni zakonot, ama tuka vekje vazat drugi zakoni i pravila.Се е можно , ако на пример застанеш на некое место кај што стојат дивите таксисти , и земеш некој роднина или познаник кој чека автобус .... но малце понатака те запира инспекција и ти ја зимат колата поради тоа што наводно си див таксист. А ти немаш врска со превоз , нити си зел пари. Така да кај нас и автостопот е опасна работа, ќе те обвинат за транспорт на мигранти.
И ај да те видам докажи се со нив.
Се има случено , и добра информација си добил.
Полесно е да се одземе кола на македнски таблички, отколку со странски.Ќе те стопрат некој ден, ќе ти ја земат колата и нема да се чудиш. Правиме муабет за коли на МК таблици, не за бугарски.
Пред некој ден добив информација дека ако качиш некого во кола, полиција може да ти ја одземе под изговор дека вршиш транспорт за пари. Дали има некој искуство со ова?
Искрено да проба да ми одземе кола под овој изговор, сигурно ќе добијам кривична за напад на службено лице.
Шо значи овоа?Укината е оваа одредба
У.Број:66/2014-0-1
Дата на Донесување:28.01.2015
Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр.70/1992), на седницата одржана на 28 јануари 2015 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1. СЕ УКИНУВААТ член 99-а став 3 и став 4 во делот: „Во случај на повторување на прекршокот од страна на истиот сторител или со истото возило, возилото што било користено за превоз трајно се одзема во сопственост на Република Македонија со асистенција на униформираниот полициски службеник во моментот на сторување на прекршокот, а по издавање на решение за трајно одземање на возилото од страна на инспекторот за патен сообраќај“ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/2010, 140/2010, 17/2011, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013 и 42/2014).
2. СЕ СТАВА НАДВОР ОД СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија преземени врз основа на оспорените одредби од Законот означени во точка 1 од оваа одлука.
3. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
.........................
Подносители на оваа иницијатива беа:
Стојанчо Илиевски од село Конопица, Крива Паланка и седум други подносители од Тетово, Велес и Штип и Наумче Ристески од Охрид и седум други подносители од Крива Паланка, Куманово, село Старо Нагоричане и Скопје, до Уставниот суд на Република Македонија поднесоа иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот означени во точка 1 на ова решение.
Честитки за нив!
Ова значи дека оваа одредба е укинатаШо значи овоа?