Пино беше како падната од Марс во прво. Во второ кога веќе им потонаа сите шанси почна да презема иницијатива. Пино беше светска класа играч, но Пино денес е обичен играч на кого му е падната формата а глуми ѕвезда. Затоа Пино е најдобро да игра против нас, а не за нас.
Пенезиќ е сега во форма десет пати подобра од Пино. Дури можам слободно да кажам дека од неа најмногу очекувам од бековска позиција. Андреа се обидува да си ја стигне формата, но е вреден играч и знае да преземе одговорност.
Дембеле игра форма на животот за поздравување.
А тата се слика. И така. Кој за што дошол нели.