Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
17 август 2011
Мислења
10.324
Поени од реакции
18.403
Ова денес беше смешно во најмала рака :) Добро што беа фер професорите па некако им успеа акцијата.Зашто се протестира,нели изгласаа одложување и пленумот со согласи?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.021
Поени од реакции
74.405
И јас не се согласувам со ваквиот вид на протестирање против државниот испит.

Кој губи со не посетување на наставата?
Самите студенти...
Ова не е средно, па да мора да се надополнат часовите. Ако професорот не сака да ги одработи овие часови, со никаков закон не е присилен да го стори истото, бидејќи доколку тој присуствувал на предавањето, тоа ќе се смета за одржано па дури и ако ниеден студент не дошол на истото.
Плус што нема шанса сите да усогласиш цела група да не доаѓа на предавањата.

Од старт е чист промашај...
Пленумот пропаѓа се повеќе и повеќе со секој нареден потег.
Како прво прифатија нешто против кое беа во текот на целото нивно дејствување.
Мајка им да не ги тераше да прифатат одложување на испитот и во последен момент да ги сменат своите почетни ставови?
Ако веќе прифатиле некој предлог, тогаш против што протестираат сега?
Кажав и пред месец и нешто, одлично почнаа пленумците кога беа раководени од фаци кои "живеат во реалноста".
Кога почнаа да се прават главни оние кои со паметот живеат во некој свој свет и воопшто немаат допир со реалноста, се им тргна во надолна линија.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.231
Поени од реакции
1.280
Кога ќе прочитам вакви постови тогаш си велам ,,море уште еден закон за високо образование треба да донесат, каде што ќе се полага државен испит по двапати во еден семестар ".
Подобро да трпиме штета одреден период отколку во наредните 50 години.

Окупирањето е форма на граѓанска непослушност. Организиравме три протести, бевме изигнорирани.

Со ваквиот начин на окупација, мислам дека ќе не чујат. А и без тоа мислам дека ќе попуштат, сардисани се од сите страни.
Финтата е што не мора да трпиш штета. Сигурно постои и друг начин. Премиерот викна претставници на СП на разговор. Јебига, значи не било сето тоа за џабе. И да, јас сметам дека ќе изгубам многу од наставата. Образованието (за кое веќе сум платил) ми е доста битно и не планирам да губам часови само затоа што некој сметал дека тоа е единствениот начин за привлекување на внимание. Кога викам некој мислам на помалку од 5-10% од студентите. Часовите кои ќе ги изгубиме ќе треба или сам да седнам дома да ги надополнам, или ќе треба да се продолжи големината на семестарот. И двете опции не ми одговараат. Значи некој одлучил во мое име, без да ме праша (исто како владава нели) и сега јас тоа треба да го почитувам ?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.324
Поени од реакции
18.403
Плус кој беше ефектот? Сами себе се бојкотираме.Еве прекинаа настава еден ден и никој не го боли кур,не се расчу ни кај младите а не па кај постарата генерација.Освен техничките 90% од факултетите не идат на настава и мислите гајле му е на некој дали бојкотираш нешто што не е задолжително.

И јас не се согласувам со ваквиот вид на протестирање против државниот испит.

Кој губи со не посетување на наставата?
Самите студенти...
Ова не е средно, па да мора да се надополнат часовите. Ако професорот не сака да ги одработи овие часови, со никаков закон не е присилен да го стори истото, бидејќи доколку тој присуствувал на предавањето, тоа ќе се смета за одржано па дури и ако ниеден студент не дошол на истото.
Плус што нема шанса сите да усогласиш цела група да не доаѓа на предавањата.

Од старт е чист промашај...
Пленумот пропаѓа се повеќе и повеќе со секој нареден потег.
Како прво прифатија нешто против кое беа во текот на целото нивно дејствување.
Мајка им да не ги тераше да прифатат одложување на испитот и во последен момент да ги сменат своите почетни ставови?
Ако веќе прифатиле некој предлог, тогаш против што протестираат сега?
Кажав и пред месец и нешто, одлично почнаа пленумците кога беа раководени од фаци кои "живеат во реалноста".
Кога почнаа да се прават главни оние кои со паметот живеат во некој свој свет и воопшто немаат допир со реалноста, се им тргна во надолна линија.
Мене ме интересира зашто кога не не ебеа 2 посто не ги радикализираа протеститеа а сеа коа го повлекоа законот прават некакви автономни зони.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Јас колку што знам, законот се одложува за 1 година, односно таа генерација што тогаш се запишува би ја опфатил испитот(значи прв испит би се случил за 3 години). Во меѓувреме се прават работни групи од влада, ректорат и пленумиве и тие договараат нов закон за ВО, кој би го тргнал сегашниот. Така да можно е тој нов закон да не предвидува државен испит, што останува цел на пленумот.
Инаку веќе 2 акции по ред се глупи на пленумов, мило ми е барем што денес правен не е никако умешан во тоа, се надевам дека нема ни да се умеша. И утре глупост ќе биде, ама ајде да не збориме пред рака незнам што би можело да се случи :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не знам зошто барате логичка поврзаност на настаните кога таа поврзаност ја снема одамна...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Исто како што и требаше да размислат двапати пред да одат на средба со премиерот во неговиот кабинет.

Инаку постот беше наменет за тој погоре што сметал дека ќе изгуби многу од наставата
На генералниот во вторникот се даде зелено светло. У петокот имаше цели час и половина за одлука. Пишале на фб кратка координација, повеќето биле да се оди (ја полагав испит не видов). Барањето беше исполнето, можда со некоја отстапка. Имаме година и нешто за нов закон во кој треба да бидат вклучени сите засегнати страни. Доколку не' зезнат имаме и те каков легитимитет за вонинституционално делување.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.324
Поени од реакции
18.403
На генералниот во вторникот се даде зелено светло. У петокот имаше цели час и половина за одлука. Пишале на фб кратка координација, повеќето биле да се оди (ја полагав испит не видов). Барањето беше исполнето, можда со некоја отстапка. Имаме година и нешто за нов закон во кој треба да бидат вклучени сите засегнати страни. Доколку не' зезнат имаме и те каков легитимитет за вонинституционално делување.
Тоа е супер според мене,али што се дешава сеа?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Тоа е супер според мене,али што се дешава сеа?
Според мене, сега се дешава нешто што требаше да се дешава ако не беше постигнат тој договор. Пак требаше да има нешто, но според мене, у некој „поблаг“ вид (иако ова е малце индивидуално, кој како го сфаќа).
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Дај бе не зезајте, на фб пишале и се изјаснувале :cuc:

Не знам кој одлучувал за постапкиве ама се сомневам дека е тоа гласот на студентите. Пленумот почна убаво, ама после ова би размислил дали пак ќе излезам на протести во име на Студентски Пленум. Ако Грујо не сакаше да ги чуе и види 10 000 луѓе на улица, пленумот ја закопа идејата за која тие 10 000 излегоа.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Им смета окупација на факултет, а тоа што двајца претставници на Пленумот беа избрани како на лотарија од ректорот и дискутираа во кабинетот на премиерот небаре на пазар се, во ред им е.

:cuc:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Дај бе не зезајте, на фб пишале и се изјаснувале :cuc:

Не знам кој одлучувал за постапкиве ама се сомневам дека е тоа гласот на студентите. Пленумот почна убаво, ама после ова би размислил дали пак ќе излезам на протести во име на Студентски Пленум. Ако Грујо не сакаше да ги чуе и види 10 000 луѓе на улица, пленумот ја закопа идејата за која тие 10 000 излегоа.
А кој може да е?
Дечките биле у Ректорат на закажана средба со ректорот, деканите и проректорите, доаѓа ректорот (видно изнервиран) и вика дека у 12:30 треба у Влада е состанокот на иницијатива од Груевски. Може за саат ипол да се свика генерален пленум? Или било каков, и локален да е...ај те молам...имаше согласност да се оди на таа комисија (иако беше за вторник, 10ти, т.е. денеска). Грујо одигра у негов стил, се убаци ко џокер у покер, али се постигна договор во рамки на нашите барања и не гледам што е проблемот тука. Ако ја слушнете изјавата на еден од двајцата претставници таму, ќе слушнете „...во наредниот период ќе приложуваме дополнителни аргументи со цел целосно укинување на овие измени...“. Плус донесувањето на новиот закон кое се надевам ќе се случи со сеопфатни работнни групи во кои ќе бидат вклучени студентите и професорите.
Да бидам подетален, откако било издејствуван мораториум на 2 или 3 члена од измените, „господата“ Груевски, Адеми и Спиро веќе станале да си одат, на што добиле реакција дека уште не е завршено. Така да споредете ја почетната позиција, со она што било издејствувано.
И престанете со мочаните шпекулации дека некој бил биран на лотарија од ректорот. Пошто очигледно не сте во пленумот, не знаете што се' се случувало.
 
Болдот е тоа што збунува.
Ако има аргументи и ако се верува во тие аргументи зошто се прифаќа одложување ?
Не ни треба одложување ако сме убедени дека имаме аргументи кои ќе доведат до укинување.
Уште повеќе, ако кога се прифатил предлогот на Груевски (претпоставувам дека од него дошло тоа) за одложување на испитот на 1 година, тргнал да си оди, зошто се останало на дадената согласност кога сфатиле дека уствари на овие 3ца не им е до решавање на проблемот и дека не се дојдени да слушаат аргументи туку да си купат време и да си го постигнат само тоа што однапред си го испланирале ?

Плукнаа на тоа што до сеа го работеа и тоа е тоа.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
@true blue

Мочаната шпекулација е најмалку важна, поентата е друга.

И како очигледно не сме ние дел од Пленумот, кога до пред една недела сите кои на овој или оној начин бевме дел од приказнава и дел од него?

Или сега се смениле работите, па Пленум се само 50 луѓе?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Зошто се прифаќа одложување? Затоа што знаеш дека ако им одиш со став „укинување по секоја цена“ ќе се заинаетат и нема да попуштат. А патем кажано, дел од новодонесените одредби веќе мора да се имплементираат од летово или од почетокот на идната академска учебна година.

Еве да претпоставиме дека не се случила средбата...ќе окупиравме, на оние токмацине у Влада и МОН гајле ќе им беше, а од друга страна имаш опасност студенти да свртиш против себе. И факултетите сакале, не сакале, ќе требаше да почнат да имплементираат одредби инаку клуч на врата од септември.

А она за што се дискутираше на генералниот пленум пред 1 недела беше за одложување на примената, не за укинување.

А дополнителни аргументи тек ќе дојдат во следниот период, дел од нив поврзани со она фамозно видео на Владата во кои држави „има државен испит“. Иначе, почетен збор имал Велимир и он посочил што све не чини, па овие прифатиле нешто, па после Давитковски зборел, па не му прифаќале 3 пати (се' да се одложи) за на крај да прифатат. :)

@true blue

Мочаната шпекулација е најмалку важна, поентата е друга.

И како очигледно не сме ние дел од Пленумот, кога до пред една недела сите кои на овој или оној начин бевме дел од приказнава и дел од него?

Или сега се смениле работите, па Пленум се само 50 луѓе?
Не ме сфати, ок јас малку лошо ја поставив тезата, извињавам се...дали си бил на некој од состаноците на Пленумот? Затоа што изгледа како да не знаеш како се случувале работите, па викаш „лотарија правел ректорот“. Во вторникот беше изгласано да се пратат двајца претставници во таа работна комисија/група/што и да е, еден од интерен пленум на Правен (како некој постручен во таа област) и уште еден друг. Се најде согласност за тие двајца, едниот од нив не можеше да присуствува зошто не беше во Скопје, така што мораше да се најде итно замена. Не глеам ништо спорно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom