Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не реков дека не му одговара на Груевски со оглед на политичките случувања, но со овој начин и владата попушта и утре не би имала лице да не седне пак да преговара и да отфрла дебата со СП зошто на овој начин им дава легитимитет за идно преговарање и подготвување на промени за истиот или нов закон.
Зошто до сега Владата беше принципиелна и се држеше на зборот и затоа утре можеме од нејзе праведно да игра...
Да не бидеме толку наивни и да ја искористиме оваа шанса што ни се укажува сега.
 
Хехехе Грујо прво го носи законот во собрание, го потпишува претседател и после то ајде дечки ќе го дискутираме и ќе го ставиме во мирување. И сега вау Грујо покажа разбирање и е на страна на студентите. Ќе го заташкаат сега дури да заминиме ние што потестираме и за 2 години почнува истото од ново. Секако, ако не падни владата дотогаш.
 
Ако не се затвори, тој фронт ќе влезе во изборен процес во кој ќе треба да избере страна. Што мислиш, после избори ќе дискутира Груевски со вас, ако ги добие истите, а вие сте биле против него?
Шо ми е мене гајле ако има нови избори ?
Дури и да има нови избори, зошто мора Груевски пак да победи ?
Секако дека Груевски нема да збори со Пленумот после евентуални избори. Груевски ни сега немаше да збори со Пленумот ако не беше во деликатна позиција, и баш затоа треба да се искористи моментов, зошто ваква состојба којзнае дали некогаш пак ќе се начека.
Завлагаме у политика и ќе не бришат, ама оваа шанса не требаше да се пропушти. Во супер позиција сме, ама нејќат да го искористат тоа од сп.
 
Темава сама по себе засега политика. Пленумот се постави во win-win позиција. Ако победи опозицијата законот ќе биде повлечен, ако победи власта имаат место на преговарачко столче, што е напредок. Глупо е да отфрлат win-win за да се коцкаат, а во коцката не можат да добијат ништо плус, туку само да изгубат.
 
Шо знам, според мене ваквотот одложување е поголема коцка зошто тоа што сега беа седнати на маса за да си се спаси Груевски не значи дека и утре под претпоставка дека он од оваа војнава со „бомбите“ ќе излезе како победник и дека нема да претрпи некои големи штети, пак Пленумот ќе седне на таа маса. Дури и да седне на таа маса, нема да ја има истата позиција како сега, зошто сега Груевски е ослабен и растргнат на повеќе фронтови и ако сака да добие една битка (претпоставувам „бомбите“ зошто има поголем влог таму) ќе мора да прави отстапки на другите (на овој нашиов). Ако оваа сегашна ситуација не се искористи Груевски (под претпоставките горе што ги кажав) дури и да ги покани пак пленумците на дебата, нема да прави некои сериозни отстапки зошто нема да има што да загуби тогаш.
Тоа што го имам кажано некој пост погоре еве се остварува. Прво со СОНК си го реши проблемот, со студентите е се решено, денес еве преку предлогот за измени во законот за придонеси значително ќе го намали отпорот на хонорарците и си има слободен терен за целосно да се концентрира на борбата од утре што ќе почне.
Сите сметаат дека тоа што Владата се согласи на дебата за нов ЗВО не значи ништо. Напротив за мене тоа е залажување.
 
Нов закон за високо образование сигурно ќе има. Ако Студентскиот пленум смисли поприфатлив начин за контрола на квалитетот на оценките од екстерното тестирање и тоа го предложи, јас сум убеден дека Груевски ќе го прифати. Точно е дека не би прифатил предлог во кој нема начин за контрола, ама сигурен сум дека би прифатил да се редефинира начинот на контрола.

Груевски ништо не решава во zeitnot ако не мора, а ако мора не дозволува да биде во дефанзива. Имаш пример на два многу посериозни проблеми во кои одложува решавање, или менува позиции, без разлика на цената. За спорот за името пред самитот во Букурешт, Протуѓер му се обраќа на американскиот амбасадор со зборовите „А зошто спорот мора да се реши до самитот? Всушност, зошто воопшто нашата генерација мора да го реши спорот?“. Има потврда за тоа на Викиликс.

Вториот беше за бомбава. Заев ја најави од Септември и тука немаше контрола врз времето, не можеше да ја одложува. И затоа во меѓувреме целосно ја дефокусира јавноста со две страшно иритантни законски решенија и казнување на наставници, кои го префрлија фокусот кон граѓански проблеми. Во меѓувреме си направи терен неприметно да премине во офанзива во многу поопасен проблем. Сега само ги решава проблемчињата кои сам ги создаде и реално се лесни за решавање.

Поентата ми е, нема начин да го натерате Груевски да го издефинира законот за високо образование во наредни два месеци. Се согласувале вие со тоа или не, тој ќе го одложи важењето на измениве со што законот ќе го направи неприоритетен. Изборот ви е да се согласите со истото и да добиете место на масата кога ќе се носи новиот, или да се спротивставите и да бидете тотално игнорирани ако преживее на функција.
 
Од првиот и последниот пасус излегува дека сакале или нејќеле ние секако ќе изгубиме, зошто секако ќе се спроведе контрола над студентите/професорите било преку овој било преку друг нов закон. Ако е така, тогаш ја пре би избрал во овој момент да се борам и да пробам нешто да сменам (не викам дека ќе се успее, ама според мене има шанси) отколку да го одложам тоа на една година.
За другиот дел до некаде се согласувам со тебе, посебно зошто ако не се лажам на некоја од сликите кај што Јаким држеше пресови го видов и Дојчин во позадина, за после некое време Дојчин да се јави како основач (добро може не беше основач ама секако е дел) на ова новово движење за одбрана на Македонија.
 
Чудо некое како ретерирате од своите ставови - оние што до вчера ги браневте законските измени и откако Владата го (пот)смени ставот, вие одма омекнавте со пишувањата.

Јас навистина се чудам што следно ќе се деси во Македонија, не од некоја политичка гледна точка, туку од точка на вас самите - дали и со кое лице би го смениле ставот повторно доколку ситуацијата ви налага така. Ама ако, имаме 336 страници позади нас на темава за ви ја докажат превртливоста.
 
Од првиот и последниот пасус излегува дека сакале или нејќеле ние секако ќе изгубиме, зошто секако ќе се спроведе контрола над студентите/професорите било преку овој било преку друг нов закон. Ако е така, тогаш ја пре би избрал во овој момент да се борам и да пробам нешто да сменам (не викам дека ќе се успее, ама според мене има шанси) отколку да го одложам тоа на една година.
За другиот дел до некаде се согласувам со тебе, посебно зошто ако не се лажам на некоја од сликите кај што Јаким држеше пресови го видов и Дојчин во позадина, за после некое време Дојчин да се јави како основач (добро може не беше основач ама секако е дел) на ова новово движење за одбрана на Македонија.
Не мора да значи дека ќе изгубите. Може да ја избркате државата од процесот на контрола. Да предложите завршен испит што би го правеле комисии кои се делегирани од Универзитетите, не од државата. На пример, завршниот испит на правен при УКИМ го организира комисија од пет професори од пет правни факултети од различни универзитети кои ќе бидат директно делегирани од професорите во универзитетите. Тоа повеќе би било систем на самоконтрола, отколку систем на државна контрола. И мислам дека Груевски не може да го одбие.
 
Нема да ме чуди потполно истово што го напиша наредна недела да биде предложено од пратеничката група на владеачката партија. :X3:
 
Зошто би го прифатил тоа кога до сега независноста на Одборот и реформите му беа аргумент ?
 
Тогаш владеачката партија би си нарушила преговарачка позиција. Секогаш се трга од максималистички позиции, па да се стигне до средина. Ако тргнеш од средина, ќе мораш да правиш уште отстапки.

Затоа што ако го победи Заев (нели, само во таа ситуација продолжува да зборува за законот, во спротивно е небитен) не му требаат нови противници веднаш потоа. Му треба одмор.
 
Тогаш владеачката партија би си нарушила преговарачка позиција. Секогаш се трга од максималистички позиции, па да се стигне до средина. Ако тргнеш од средина, ќе мораш да правиш уште отстапки.

Па во случајов да, веќе имаше директни преговори со другата страна, така да нема да мора да иницира „омекнување“ преку собраниски предлози како што денеска направија со законот за хонорар. Поверојатно е да се игра на одолвлекување. Но не е исклучена можноста да и ова го сторат.

Зошто? За да нема потреба од натамошни преговори, демек целосно да најдат заеднички јазик. И поважно, за потоа во медиумската машинерија да биде прикажано дека токму они се bona fide дечките, „заборавајќи“ го тоа дека до вчера пленумите беа збир на според нив Соросови платеници, професори без импакт фактор, студенти синови и ќерки на екс функционери итн.

Како и да е, во моментов за најгрев испаднаа сите купени професори и студенти кои се свртеа кон своите колеги, попознати како „контрашите“. До вчера тие беа оние кои беа успешните а денес не се прашуваат за воопшто ништо во поглед на законот. Сеа секако ќе ги уфрлат понатака, као демек предлагачи на измени, али ја знаеме вистинската приказна.
 
Тие сега ќе станат деминери, немаат време да се замараат со такви нижи работи како закон за високо образование. :D
 
Секако си во право, ама еве периодот пред евентуалното бомбардирање го користат за средување на теренот. Што на одвратен начин преку медиумите, што на преговарачка маса со граѓанските движениа кои беа небитни до вчера. Али ај да не навлагаме натаму, секако голема е можноста да нема ништо бурно периодов, освен земјотреси и поплави. :D
 
Грујо го фати страв од бомбите на Заев па и со овој закон и со законот за хонорарци почна да тактизира.Паметен е Грујо ептен ме изненадува или ќе го стави стендбај па ќе удри или лека полека ќе го повлекува и изменува законот.Времето ќе покаже.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom