Нов закон за високо образование сигурно ќе има. Ако Студентскиот пленум смисли поприфатлив начин за контрола на квалитетот на оценките од екстерното тестирање и тоа го предложи, јас сум убеден дека Груевски ќе го прифати. Точно е дека не би прифатил предлог во кој нема начин за контрола, ама сигурен сум дека би прифатил да се редефинира начинот на контрола.
Груевски ништо не решава во zeitnot ако не мора, а ако мора не дозволува да биде во дефанзива. Имаш пример на два многу посериозни проблеми во кои одложува решавање, или менува позиции, без разлика на цената. За спорот за името пред самитот во Букурешт, Протуѓер му се обраќа на американскиот амбасадор со зборовите „А зошто спорот мора да се реши до самитот? Всушност, зошто воопшто нашата генерација мора да го реши спорот?“. Има потврда за тоа на Викиликс.
Вториот беше за бомбава. Заев ја најави од Септември и тука немаше контрола врз времето, не можеше да ја одложува. И затоа во меѓувреме целосно ја дефокусира јавноста со две страшно иритантни законски решенија и казнување на наставници, кои го префрлија фокусот кон граѓански проблеми. Во меѓувреме си направи терен неприметно да премине во офанзива во многу поопасен проблем. Сега само ги решава проблемчињата кои сам ги создаде и реално се лесни за решавање.
Поентата ми е, нема начин да го натерате Груевски да го издефинира законот за високо образование во наредни два месеци. Се согласувале вие со тоа или не, тој ќе го одложи важењето на измениве со што законот ќе го направи неприоритетен. Изборот ви е да се согласите со истото и да добиете место на масата кога ќе се носи новиот, или да се спротивставите и да бидете тотално игнорирани ако преживее на функција.