Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
И после се чудиме како некој дечко ни е 10 години на власт...

Ај за некоја година може ќе почнеме да дебатираме и дали место китови, Земјата ја движат да речеме коњи/носорози/whatever...
 
:facepalm:
Македонија, 21 век.
За неколку часа тема насловена „Земјата е рамна“ направи 6 страници и скоро 100 мислења.

Резултатот од гледањето на срањата кои се прикажуваат на Шител, Анал5 и сличните перални на мозок.

Нема дилема, први сме во се.
Македонци не ги развиваат теорииве :)
 
Тебе ти е испран мозокот ѓубре атеистичко а не нас !
Ние имаме докази дека земјата е рамна а вие само една снимка во лажирана снимка во холивуд, Васко и Магелан не загинаа залудно за таквие комунисти како тебе да се исмеваат на туга несреќа!

Утре се ќе се дознае!!
 
А за тие коишто верувате дека не е рамна...
Зошто не паѓаме сите од работ на земјата? Ха, само немојте да ми зборите за небулози ко како беше? Гравитација? Плитки атеистички глупости.
Зашто се наоѓаме во ЦЕНТРАЛНИОТ дел на Балканскиот полуостров, што значи дека не сме на работ, шо не ти е јасно?!
Кај оди сонцето коа е ноќ?
Под дискот бе брат, така настанува подно греење, мисли малце.
 
кој не верува дека Еартх е како дуња ќе го пратам на вселенската платформа :D ...
 
@bobipp ај да не биде само терање сеир темава. Ти ги изгледав видеата, поточно две изгледав, првото морав да го исклучам после 5 минути :) Во ред е. Теорија како теорија, бираш дали веруваш во тоа или не. Меѓутоа како теорија изостава, одбира да ги игнорира и тотално поинаку ги применува многу работи што прави да „фактите“ бидат на твоја страна. Поточно кажано, како секој кој ќе се впушти во нему нешто фасцинантно, прескокнува премногу чекори и со неговото лимитирано познавање носи заклучоци кои се интересни, али тотално погрешни :)

За што поточно мислам стварно неам сили да дискутирам, али еве кај има „грешки“.

* Перцепцијата на светлината која ја оддава сонцето
* Одалеченоста на сонцето
* Закривеноста на земјата ( имаше во видеата за ова спомнато, дури и во самите видеа некои од сликите сами си ја побиваа теоријата дека Земјата е рамна )
* Ротацијата на Месечината/Земјата/Сонцето
* Магнетните полови
* небото/ѕвездите

Про-гуглај, побарај добри и досадни научни документарки по јутубот, имаш логични објаснувања што покриваат до 95% точност :)
 
Сфе је лаж.

Ајде сите од ново да бидеме 5то одделение и повторно да учиме географија дека земјата е рамна плоча.
 
Е сега тоа не знам, мое моментално размислување од тоа што сум гледал и читал...Илуминатите/Масоните или кои и да се тајни друштва, кои го обожаваат сонцето, им одговара да е прифатена хелиоцентричната теорија, која го става Сонцето во центарот, а планетите се вртат околу него и не и дава никакво посебно значење на Земјата, додека од друга страна пак според пишувањата во Библијата, Земјата е направена за човекот и уствари таа е во центарот, а Сонцето и Месечината се поставени за да има ден и ноќ.
Боби.....на што дрога си бе друже? Со што те ранеа како мал?
 
Ми текнува на времето Бранко кога велеше: На 15ти септември народот ќе ја земе судбината во свои раце! Македонија е на работ на пропаст. Ние (СДСМ) сме тие кои ќе направиме чекор напред, за подобра иднина!

Копилево уште тогаш знаело дека земјата е рамна плоча, и дека Македонија се наоѓа на работ, ама не кажа. Нè лажеше со по еден вработен од секое семејство. Ова е уште еден доказ дека уште нè лажат комунистиве. Во право бил Џон Крокодилов.
 
Пред да ме исмеете мене или луѓево што прават и поставуваат видеа на Youtube или членовите на т.н. Flat Earth Society, сакам да кажам дека не ја отворам темава за да ве убедам дека е точно тоа што се тврди, туку сакам што повеќе луѓе да размислуваат, да се запрашаат за работите/аргументите кои се прикажани и напишани и да дискутираме за тоа колку оваа теорија може да биде точна или е само уште една conspiracy theory, која нема врска со реалноста.

Значи, одредени луѓе, поддржувачи на оваа идеја, тврдат и што е најважно, имаат одредени докази, експерименти и размислувања, дека Земјата воопшто не е топчеста планета, туку рамна плоча како што и се мислело одамна, во античко време.

Има повеќе аргументи во прилог на ова, за почеток ќе поставам неколку видеа, ако ве заинтересира понатаму темава можи и сами да побарате некои:




Како е претставена Земјата според оваа теорија:
Flat_earth.png


Логото на Обединетите Нации:
azimuthal_equidistant_projection.png


http://www.atlanteanconspiracy.com/
Логото на Обединетите нации ти ги претставува Азимуталните проекции. Азимуталните проекции ти се модели за пресликување на Земјиниот елипсоид врз рамнина. Во зависност условите може рамнината да го сече или тангира елипсоидот, а според нормалата на проекциската рамнина се делат на прави, коси и попречни.
Ова ми е струка, се што ве интересира околу Земјата, картографските проекции, телата со кои се апроксимира и теориите околу ова можам да ви помогнам.
Најблиско тело со кое се апроксимира земјата е Геоид, кој претставува еквипотенцијална површина. За полесни пресметувања апроксимацијата е извршена врз елипсоид, а картографските проекции се математички модели со кои се врши пресликување на површината на ротацискиот елипсоид (или сфера) врз рамнина.
Како референтен елипсоид се користат различни на различни локации, на пример кај нас се користи во моментов Беселовиот Елипсоид од 1841 година, а за скоро време треба да преминеме на ETRS 89, кој е одреден со помош на VLBI и сателитски мерења кои ти се најпрецизни во овој момент.
Да не ја тупам со наука, не верувам дека има многу заинтересирани да читаат за науката која е поврзана со овој дел и која е многу сложена ова што си го пишал погоре е глупост, ако малку си се потрудил да побараш литаратура немало да тропаш глупости (освен ако не тролаш)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom