Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
earth.jpg
 
Па се разбира дека земјата е плоча која стои на кљунот на александриски зелен папагал.
Башка никој од нас не бил горе да види дали е топка (освен Сталин комунисто), а исто така немаме докази за крајот на светот (плочата), некои велат дека не е пронајдена но јас мислам дека е пронајдена само што Магелан падна во амбисот кој следи...
 
Па се разбира дека земјата е плоча која стои на кљунот на александриски зелен папагал.
Не тролај.
Магична летечка желка е и веднаш над твојот пост има цврст фото-доказ.
 
Конечно конструктивен пост, значи ова го барав од вас. Размислувања, а не заебанции. Значи ова што го велиш има логика, не велам не. Ама ние сигурно нема да дознаеме.
Што нема да дознаеме? Ако мислиш за причината за постоењето на вакви размслувања и групи, не ме ни интересира дали се сериозни или само иронични, важно е како се толкува денес нивното постоење, како еден реакционизам и експеримент.
Ако мислиш на потребата од ненаучно анализирање на научни теории, па самиот пример и одзивот на темава јасно ти покажува дека доволно знаеме и сега, еве јасно ти кажувам дека немаш потреба да чекаш и да чезнееш да се откриваат нови работи, можеш и сега да прифатиш дека земјата не е рамна, потребни ти се само малку читање и разбирање.
 
А чекај малку, тогаш зошто имаме 4 годишни времиња ако Земјата е рамна? На четири помали квадрати ли се дели плочата и сонцево се мести, ти тука греј на 1, ти на 2ка ти на 3ка?
 
А чекај малку, тогаш зошто имаме 4 годишни времиња ако Земјата е рамна? На четири помали квадрати ли се дели плочата?

Сонцето е рефлектор и не секаде паѓа исто топлина.
 
интересни теорииве и видеава морам да признаам...
 
Некои луѓе едноставно немаат осет за просторност т.е трета димензија кога гледаат слики или со други зборови се им е дводимензионално кога гледаат слики. Затоа и земјата како топка во дводимензионален простор изгледа како плоча т.е е рамна
 
А чекај малку, тогаш зошто имаме 4 годишни времиња ако Земјата е рамна? На четири помали квадрати ли се дели плочата и сонцево се мести, ти тука греј на 1, ти на 2ка ти на 3ка?
Немаме 4 годишни времиња, се е до психа...
 
А чекај малку, тогаш зошто имаме 4 годишни времиња ако Земјата е рамна? На четири помали квадрати ли се дели плочата и сонцево се мести, ти тука греј на 1, ти на 2ка ти на 3ка?

Како шпоре со четири рингли, што не е јасно?
 
Добро ајде бришете, немало овде заинтересирани да се водат прави муабети, одма со замерки, дупења...Кој е одговорен да може да брише теми? Го молам одма под итно в канта темава...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom