Русија - смена во надворешната политика?

M

Mario Gómez

Гостин
Де де, само нас не не чепкајте, таман уште тоа ни фали, кај нас топката да се префрли. Таман ни тргна со у секоја листа сме меѓу лидерите, прокси на наша територија не ни треба. А како што гледам, низ наша територија големи се шансите да врви турскиот ток. Пошо низ Албанија секако нема, а верувам дека со Бугариве смрдени нејќат да си имаат работа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.327
Држете се настрана од коментирање на внатре-политичките пресметки во Македонија.
Каде и да е, можеби неминовно ќе дојде сама по себе на дневен ред оваа тема, пред се поради безбедносната ситуација.

Ако веќе спомнаа странски служби, нека ги спомнат и по име и презиме. Позадината може да е сепак Турскиот ток. Можеби е ова одговорот на западот, Грција доби проруска влада, Македонија не е НАТО ниту ЕУ земја и не е обврзана со ништо кон тие сојузи. А со разнишување на стабилноста на земјава Турскиот ток би бил забавен. Одтаму е и загриженоста на Русија.

Незнам колку ви текнува, но 2001 година започна со слична ваква афера ... „Големото Уво“ ....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Држете се настрана од коментирање на внатре-политичките пресметки во Македонија.
И како да се држиме настрана од внатрешните состојби кога директно се посочува внатрешно политички настани.

Или тоа чисто да стои какo read only информација, за активностите на Русија.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Анализа на швајцарскиот економист Чарлс Виплош, професор на женевскиот универзитет.

Зошто руската економија нема да пропадне?

http://www.project-syndicate.org/commentary/russia-economy-wont-collapse-by-charles-wyplosz-2015-01

Дополнителни екстра анализи врзани за Русија:

http://www.project-syndicate.org/search?query=russia&language=english&sortBy=relevance&sortOrder=desc
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
затоа ЕУ им испраќа Тројански коњ за во сојуз..........Грција ќе им го грицни буџетот за некоја година и избрише за навек :вонзем:
 
M

Mario Gómez

Гостин
http://mk.rbth.com/news/2015/02/05/rekorden_natalitet_vo_rusija_40701.html
Рекорден наталитет во Русија
„На крајот на минатата година во Руската Федерација – ние му поднесовме извештај на претседателот – се родиле 1 947 000 деца. Ваков број на раѓања никогаш немало во историјата на Русија“, рече тој на крајот на состанокот на претседателот Владимир Путин со членовите на владата во средата.
 
?

..........

Гостин
РФ поднесе до Советот за безбедност резолуција за спречување на финансирањето на ИД
11:58 5 февруари 2015
Русија поднесе до Советот за безбедност на ООН предлог-резолуција за спречување на финансирањето на терористите од групата „Исламска држава“ (ИД), соопшти за Риа Новости прес-секретарот на постојаното претставништво на РФ во ООН Алексеј Зајцев.
„Се подготвува резолуција насочена кон пресечување на изворите на финансирање на ИД. Се надеваме дека ќе биде усвоена во најскоро време“, изјави Зајцев.
Според неговите зборови, „предлогот е веќе доставен до Советот за безбедност.“ „Во наредните денови ќе биде ставен на гласање“, извести претставникот на мисијата.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Путин: Русија не се согласува со униполарниот свет предводен од САД
Русија не сака да војува со никого, туку сака да соработува со сите, меѓутоа Москва ги гледа обидите да се спречи нејзиниот развој и конзервирање на униполарниот свет на чело со САД, изјави во саботата рускиот претседател Владимир Путин.

„Војна, фала му на Бога, нема. Но вистина е дека има обиди да се сопре нашиот развој со различни средства и да се ‘замрзне’ сегашниот светски поредок воспоставен последните децении по распадот на Советскиот сојуз, предводен од еден неприкосновен лидер, кај сака да се сведе на еден челник, кој сака така и да остане“, рече претседателот Владимир Путин на собирот на федерацијата на синдикатите во Сочи, на југот од Русија.

„Тој челник е убеден дека нему се’ му е дозволено, а на другите им дозволува само она што е во негов интерес“, предупреди Путин.
http://makfax.com.mk/svet/vesti/-putin-rusija-ne-se-soglasuva-so-unipolarniot-svet-predvoden-od-sad
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Ако не се согласуват, зашто преди малце повеке от 20 години разпуштиха целиот източен блок(СИВ и Варшавскиот пакт) +СССР ?!
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.808
Поени од реакции
34.061
Ако не се согласуват, зашто преди малце повеке от 20 години разпуштиха целиот източен блок(СИВ и Варшавскиот пакт) +СССР ?!
Зошто некој им намести војна во Авганистан (хмм... нели ова личи на ова со Украина сега).
И... затоа што и тој СССР беше зависен од извоз на енергенеси а некој ја симна цената на нафтата (тој некој е истиот кој и сега, Саудиска Арабија... по налог на САД, разбира се).

http://www.zerohedge.com/news/2014-12-15/oil-battle-market-share-saudis-1985-playbook

И после некој ќе каже историјата се повторува... Да се повторува, ама да видиме дали исто ќе заврши како тогаш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
12.412
Ако не се согласуват, зашто преди малце повеке от 20 години разпуштиха целиот източен блок(СИВ и Варшавскиот пакт) +СССР ?!
Затоа што мислеа дека и НАТО ќе се распушти и дека конечно целиот свет ќе живее како хипиците.

Ама како што хипиците биднаа и поминаа, така и сонот за обединет хипи свет бидна и помина.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Зошто некој им намести војна во Авганистан (хмм... нели ова личи на ова со Украина сега).
И... затоа што и тој СССР беше зависен од извоз на енергенеси а некој ја симна цената на нафтата (тој некој е истиот кој и сега, Саудиска Арабија... по налог на САД, разбира се).

http://www.zerohedge.com/news/2014-12-15/oil-battle-market-share-saudis-1985-playbook

И после некој ќе каже историјата се повторува... Да се повторува, ама да видиме дали исто ќе заврши како тогаш.
хаха наместиха им воjна во Афганистн,да да,а револуциjaта? За цената на нафтата -да така е. Симнаха ja.[DOUBLEPOST=1423424217][/DOUBLEPOST]
Затоа што мислеа дека и НАТО ќе се распушти и дека конечно целиот свет ќе живее како хипиците.

Ама како што хипиците биднаа и поминаа, така и сонот за обединет хипи свет бидна и помина.
Глупости,како ке са мислели,дека НАТО ке се разпушти,кога двата блока се готвеха за нуклеарни удари през целиот този период. Па даже договор да беха подпишали - ке се разпуштиме ние, разпуштете се и вие. Да,да ама не. Ресурсите на СССР станаха прекалено мили и очите за валута и бргу забогатеване на олигархиjaта станаха прекалено големи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom