Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Support for Russian ruble ‘working’ – IMF

Е сега пропагандата нема да престане од западните медиуми, ќе продолжат да убедуваат како Русија е готова. Исто Обама се обиде при излагањето во конгресот.
Чудно овие ИМФ нешто не се сложуваат.

Hollywood scenario as always.
 
Доколку ова е точно, тогаш Владимир Путин ја има целосната поддршка од моја страна за ваквиот потег.

Чисто за потсетување, една од бројните шпекулации за главните финансиери на хунтата во Киев, гласи дека компаниите кои се занимаваат со производство на генетички модифицирани производи се едни од финансиерите на хунтата, бидејќи ги чека плодно земјиште во Украина за уништување со нивните генетички модифицирани отрови после војната.

Сепак тоа е само шпекулација за која допрва ќе дознаеме колку е точна и веродостојна информација, но знам дека човештвото мора да се освести што е можно поскоро и да се ослободи од генетички модифицираните отрови, а ако Русија одлучила да биде лидер во областа на забранувањето на генетички модифицираните отрови, и симнувам капа за таквиот потег.

http://faktor.mk/2015/01/26/rusija-...brana-na-uvoz-proizvodstvo-i-upotreba-na-gmo/

Русија во тотална војна со глобалните господари: Целосна забрана на увоз, производство и употреба на ГМО!

јануари 26, 2015

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна потпиша Кодекс на Руската Федерација за административни прекршоци според кои парично се казнуваат оние кои ќе ги прекршат условите за обележување на ГМО производи, воведувајќи уште по строги закони за увоз на ГМО производи.

Дали Русија наскоро ќе успее целосно да забрани ГМО на својата држава?

Комисијата на руската влада за правни активности го одобрила нацртот кој го донел министерството за наука и образование и го поддржал рускиот министер за земјоделство, Николај Фјодоров, а кој ќе забрани одгледување на генетски модифицирани организми во Русија.

Тоа не се однесува на научните истражувања (испитувања на опасноста од ГМО).

Владимир Путин неодамна се состана со рускиот Совет за безбедност по повод статусот и проблемот на националната безбедност поврзани со употребата на ГМО. Токму после овој состанок е потпишан нацртот на федералниот закон.

Доколку Русија успее да го одобри овој закон, постои надеж дека светот ќе биде ослободен од генетски модифицираните култури.

Нацртот ќе ги зајакне моменталните федерални закони за регулација на генетскиот инжинеринг со цел намалување на ризикот по луѓето и околината.

Целосно ќе се забрани одгледување на ГМО освен во случај на научни истражувања, но и ќе воведе построги контроли на ГМО производи, кои ќе мора да бидат регистрирани преку владина агенција.

Што е најважно, законот овозможува целосна забрана на увозот на ГМО во Русија врз основа на моменталните и идни истражувања кои веќе заклучиле дека постојат негативни ефекти од конзумирањето на овие производи. Законот предвидува и административни казни поради кршење на законот за увоз и одгледување.

Се очекува состанок на руските власти на кој нацртот ќе се земе во разгледување. Иако Русија е веќе многу близу до целосна забрана на ГМО, во моментот постојат 18 ГМО сорти во ГМО производите чиј увоз е одобрен. Иако тоа е многу пониско отколку во другите држави, и ако одгледувањето во Русија е забрането, ставовите стануваат се построги.

Премиерот Димитриј Медведев рекол дека Русија нема намера да увезува ГМО во блиска иднина.

Дали Русија наскоро ќе стане земја ослободена од ГМО?

И.Р.
 
...една од бројните шпекулации за главните финансиери на хунтата во Киев, гласи дека компаниите кои се занимаваат со производство на генетички модифицирани производи се едни од финансиерите на хунтата, бидејќи ги чека плодно земјиште во Украина ...
...
Сепак тоа е само шпекулација за која допрва ќе дознаеме колку е точна и веродостојна информација...

Сигурен сум дека се сосема случајни фактите, имено тоа што во Украина имаат вложено огромни пари најголемите американски магнати за производство на ГМО храна (за што веќе е пишувано поназад, уште на почеток од кризата).
„Move along people, nothing to see here!„ ;)
 
Да, сосема случајно, чист бизнис кој нема никаква врска со сегашниот колеж во Украина, исто како и на многу други места, за кои светот не е баш заинтересиран да дискутира.

А бе се е тоа од Сонцето, како што велеше еден поранешен македонски министер за животна средина и просторно планирање, кога го прашуваа за загадувањето во Велес. Топилницата нема никаква врска со загадувањето, се е од Сонцето, велеше тој поранешен македонски министер за животна средина и просторно планирање.

Истата приказна, но со друго сценарио, важи и за Украина и за генетички модифицираните отрови, кои немаат никаква врска со негативните последици по здравјето на човекот и по природата со одгледувањето и консумирањето на генетички модифицираните отрови, а уште помалку имаат врска со војната во Украина и санкциите против Русија.
 
Последно уредено:
Да, сосема случајно, чист бизнис кој нема никаква врска со сегашниот колеж во Украина, исто како и на многу други места, за кои светот не е баш заинтересиран да дискутира.

Пффф -кој свет... „западните„ меинстрим медиуми?
Остај ги нив, тие се сега зафатени со проектирање на економски успех. Иако спред сите реални показатели светот е во тешка криза. Не за џабе америте прават трет по ред quantitative easing (a богами и ЕУ по нивни пример).

Ќе видиме што ќе се случува кога по примерот на Русија и Иран, и Кина сосема ќе престане да работи со долари (за ова ќе причекаме). Доста беше, они си принтаат долари а потоа цел свет да ја плаќа внесената вредност.
 
Како што се сеќавам сите информации за ГМО фирмите во Украина излегоа невистинити или шпекулации.

Имаше претходно информации за Бајден или на Кери, син му дека ќе работел во Украина за ГМО фирма, ама испадна дека не е така.

Штета што вака ги пренесувате работите како да се веќе утврдена вистина.

Со оглед колку увезуваат сега од Аргентина, не знам Путин од кај ќе најде не ГМО храна од таму :pos:
 
Толку разбираш ти, така и си претпоставував.

Синот на Џо Бајден е член на бордот на директори на најголемата Украинска компанија за гас Бурисма, а татко му иде секоја недела во Киев и прај притисок да се намали зависноста од руски гас и да почнат со фракинг.

Другото и ти дури можеш да го сфатиш.
 
Рускиот парламент остро го осуди присоединувањето на Источна Германија од страна на Западна и тоа без референдум и ќе го сметка за анексација:))))
http://itar-tass.com/en/russia/773830
 
Последно уредено:
Рускиот парламент остро го осуди присоединувањето на Источна Германија од страна на Западна и тоа без референдум и ќе го сметка за анексација:))))
Да не беше Источна Германија анексирана од страна на Бон, ниту Југославија ќе се распаднеше ниту војна во Украина денес ќе имаше.

Русија го дига влогот во војнава.
(само додуша тоа е обичен предлог до парламентот, не верувам дека ке се изгласа)
 
Да не беше Источна Германија анексирана од страна на Бон, ниту Југославија ќе се распаднеше ниту војна во Украина денес ќе имаше.

Русија го дига влогот...
Wait, it gets better:

http://itar-tass.com/en/world/769129
Russian lawmaker calls to assess US 1945 nuclear bombings in terms of international law

Иначе убаво раскажано е за ова во 4тата епизода од Oliver Stone's Untold History of the United States. Препорака за гледање. (ако некој има проблеми да најде од каде да ја симне серијава (документарци се), нека ми пише приватна порака.
http://www.imdb.com/title/tt1494191/
http://www.sho.com/sho/oliver-stones-untold-history-of-the-united-states/season/1/episode/4
 
Ги има и на замунда.нет ако сакате како торент да ги симнете четирите епизоди одделно по 500 мегабајти епизода е и супер снимки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom