Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
А па среќа фудбалериве се едни професионалци у пизду материну.

Ако во Вардар некој доаѓа да си најде секс партнер тоа се фудбалерите. Дрват кур на тренинзи со Кемал Монтено на чело, лапаат пара и дупат ракометарки. Немој да ми кажеш дека постигнуваат некакви резултати?

Овде на ракометарките треба едино да им се замери ради тоа што паѓаат на фудбалериве и им ги отвараат цветовите. Глупи жени. Место да се фатат со ракометарите, се палат на нереализирани фудбалери. :facepalm:
Муабетов ти е мижи Асан да ти баам, кога појма немаш што се дешава во Вардар, барем не тропај глупости.
 
ааа нејќе да мириса на добро работата вакви потези не личат на еден маалски клуб да ги прави али незнам каде лежи проблемот ,чичко самсоненко мора под итно еден состанок оти не е ова на арно уште ако лупнат сеа пораз а и па победа е со лоша игра не се прифаќа
 
Една од овие у Жрк Вардар моментално не игра со срце за Вардар. Неможе да се спореди залагањето на мужите со ова катастрофално однесување на ракометаркиве. За прав навивач на Вардар игриве на ЖРК Вардар посебно оваа последнава се тотално разочарување. А првенствено најмногу боли пристапот кон натпревар. Лајпциг е екипа која треба да се победи во секој момент па и ако треба со индивидуална игра на секоја ракометарка. Од ова што го гледаме до сега треба кинење на плати, тренер со авторитет (читај да им ебе матер на тајм аут, и секако да знае да даде совет а не само Девојке и крај) а на крај краева и правење екипа од почеток зашо изгледа овие се пропала инвестиција више.
 
Муабетов ти е мижи Асан да ти баам, кога појма немаш што се дешава во Вардар, барем не тропај глупости.

Муабетот и мижи Асан колку и твојот. Колку што се овие дојдени за ебачи и пари, толку и фудбалерите се дојдени да рокнат ракометарки или „манекенки“ и пари. Или пошто организатори на свинг забавите се ракометаркиве, они се криви? :ROFLMAO:

Не знам од кај знаеш колку сум упатен. Јас знам ти си секако поупатен у тоа не навлагам. Но знам и за твојот антагонизам кон ракометот.

Муабетот е тој, не ги правдам овие, али степенот на незалагање и опуштеност моментално им е ко тој на фудбалерите а тоа не е добар знак.
 
Муабетот и мижи Асан колку и твојот. Колку што се овие дојдени за ебачи и пари, толку и фудбалерите се дојдени да рокнат ракометарки или „манекенки“ и пари. Или пошто организатори на свинг забавите се ракометаркиве, они се криви? :ROFLMAO:

Не знам од кај знаеш колку сум упатен. Јас знам ти си секако поупатен у тоа не навлагам. Но знам и за твојот антагонизам кон ракометот.

Муабетот е тој, не ги правдам овие, али степенот на незалагање и опуштеност моментално им е ко тој на фудбалерите а тоа не е добар знак.
Само што тие ракометарки што се собрани се водат како најдобри во својата работа. Играат во ЛШ, додека фудбалерите играат у македонско првенство. Затоа не можеш да ги ставиш на вага, глупо е.
Кога ќе дојде лето и време да ФК Вардар во Европа, глава давам дека барем 90 посто од нив ќе се понашаат крајно сериозно.
Една работа е да играш низ Европа, друга работа е да играш у Турново и Железара по мочуришта.

Немам никаков антагонизам према ракометот, сум против вештачки работи. ЖРК Вардар е поголем пример за вештачки клуб и од Металург.
Затоа сум или да освојуваат ЛШ што побрзо, или нека се распаднат уште сега. Тие пари што се фрлени на некои си пуфли, многу повеќе би значеле за младинските школи на ФК и РК Вардар.
 
Не е глуп Самсоненко верувајте, тој да фрла пари а некој да си игра играчки.
Нека одигра Вардар вака мизерно уште 2-3 кола, Индира ќе лета како празен куфер.
Треба сите таму да си ја чукнат главата дека премногу пари се фрлени во нив, такви услови за тренинг, теретани, ретко кој тим има во светот.
Нека си ја фатат озбилно работата, а не по цели денови да се сликаат по ФБ и Инстаграм.
Еднаш ми пукна филм и искоментирав на слика на оваа Сара Митова и Итана Грбиќ.
Само ги прчат тие муцките на сликите, се тртат со газовите и кога и го напишав тоа и дека треба да се тренира сериозно ако сака да биде нешто ми го избришаа коментарот.

Poise sliki kako se frckaat i trtat imaat staveno na fb nego sto imaat dadeno golovi vo svoite kategorii. Ovaa Itana prcla golema celo vreme objavue nesto, ali i ja dignaa cenata realno mnogu.
 
Poise sliki kako se frckaat i trtat imaat staveno na fb nego sto imaat dadeno golovi vo svoite kategorii. Ovaa Itana prcla golema celo vreme objavue nesto, ali i ja dignaa cenata realno mnogu.
Грбиќ, Митова и Јованка се прв ешалон за отстрел.
 
Веќе збрував за Индира , тогаш се нафрлија многу јаките стручњаци тука на форумот. Денес сме еден чекор поблиску кон тоа што јас го зборував само би ја додал овој пат и Нацева бидејќи е јасно дека таа ја штити Индира а делумно заслужна е и за атмосферата во екипата. Се на се отпуштање на помошен тренер кој во екипата е 16 дена е капитулација на еден цел систем почнувајќи од газдата па се до менаџерските и тренерските структури во клубот. Па можно ли е некој кој што е 16 дена во клубот кој патем е ПОМОШЕН тренер да биде главен виновник за последната катастрофа на Вардар. Во продолжение инревју со Расмунсен.

Расмусен разочаран од „рускиот милионер со ограничено познавање на ракометот“
  • Автор: ekipa

    • Објавено: февруари 3, 2015 22:19
    kim-rasmusen2-615x400.jpg

    „Руски милионер со ограничено познавање на женскиот ракомет експресно се измори од својот дански тренер. Само 16 дена му беа доволни на Сергеј Самсоненко за да го врати Ким Расмусен назад во Данска“. Вака почнува текстот во тиражниот дански весник „Екстрабладет“, во кој Ким Расмусен отворено говори против раководството на македонскиот првак, каде имаше прекраток престој за да може да остави свој белег, па во текот на вчерашниот ден доби отказ од функцијата консултант на Индира Кастратовиќ.



    Смешно и трагично во исто време. Смешно е бидејќи бев таму само 16 дена, се се случи така брзо. Уште не разбирам што беше причината, но не се ни обидувам да разберам, само се насмевнав и продолжив понатаму. Нехумано е да се третираат луѓе на таков начин. Можеби не е изненадување кога се работи за клуб од Југоисточна Европа со газда кој е руски милионер, најверојатно и таквиот ризик одеше со работата, но тоа едноставно не е нормално. Тоа е ракометен газда кој седи со својата играчка без базично познавање за женскиот ракомет и потоа носи спонтана одлука. Клубот е воден од луѓе кои немаат подлабоко знаење за спортот, а за жал, колку повеќе милиони се вложуваат, толку е помал респектот за вработените. Ова за мене е завршена приказна, но се надевам дека другите ќе извлечат поука од она што го говорам“ – изјави Расмусен за „Екстрабладет“.

    Данскиот стручњак ќе остане запаметен по премногу краткиот стаж во стручниот штаб на „вардарки“, седејќи на клупата на само еден натпревар, при поразот од Лајпциг.

    Да се реагира без да се размисли, тоа е типично однесување. Можеби им беше потребен виновник за она што се случуваше во Лајпциг. За да биде работата покомична, јас последниот период од подготовките за тој меч го минав во Копенхаген. Се чини дека им требаше жртва, а се знае дека тоа нема да биде Индира Кастратовиќ, која во Македонија го има статусот што Ања Андерсен го има во Данска. Вардар се соочува со одредени проблеми во менаџирањето, не може да се купи патот до врвот, тој треба да се изоди“ – објаснува данскиот стратег.

    Тој открива и дека атмосферата во самиот тим, меѓу ракометарките, воопшто не е на задоволително ниво, потенцирајќи дека тој ја имал поддршката од ракометарките.

    Жалам бидејќи за кратко време изградив одличен однос со ракометарките, кои беа отворени за да научат нови работи. Не сакав да притискам никого бидејќи сепак бев само консултант, а тимот имаше и главен тренер. Сега ми е искрено жал за ракометарките, бидејќи се чувствуваат исфрустрирано. Тимот има потенцијал, има и одлични услови за работа, но некои работи не се купуваат со пари, а токму во тие работи Вардар заостанува зад Ѓер, Будуќност и Ларвик“ – вели Расмусен.
  • http://ekipa.mk/rasmusen-razocharan-od-ruskiot-milioner-ogranicheno-poznavane-na-rakometot/
 
Глеам Савехов-Мец, овие французинкиве у миничи играат. :цицки:


Нема некоја посебна тема за женскиов ракомет? :cautious:
 
Ама ги исшамарил Расмусен у интервјуво, квалитетно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom