Епа на толку изедени трици во медиуми, на јавен сервис и слично, заслужила такво нешто, да бидеме реални. Она е експерт по Уставно право, али уставот го множи со нула. Т.е. го знам нејзиното мислење, а тоа е дека Уставот на РМ е лош (вака беше мислам нешто). Тоа одзима 4-5 минути од предавањето, си ги има она другите 40 да си допредава, за на крајот нејзините студенти пак да бидат оценувани од надворешно тело.
За другиве професори не знам што да ти кажам, со оглед дека не сум бил на предавања кај нив (само првиот е на мојот факс, ама не ми предавал досега).
Факт е дека таа професорка, не само на медиуми, туку и на предавања искажува свои лични ставови во однос на различни прашања, со кои може да влијае врз студентите, посебно врз оние кои немаат изградено став (а предава на 18-19 годишни студенти).
Да ги оправдаш убиствата во Франција со тоа дека Французите сами си се криви пошто вреѓале на религиска основа...не знам што да кажам. И тоа на предавање.