Повеќето членови овде немаат култура или глумат. Па и тие кои тролаат, освен кога не тролаат, можеби само јас верувам дека тролаат. Нејсе.
Прифаќам некултура, имам такво убедување, некои луѓе едноставно не можат да одлучат што да станат и да бидат, околностите му пресудуваат, безразлика колку чита, колку е елоквентен, колку е интелигентен, едноставно немаат контрола на сопственото јас.
Признавам дека јас не сум елоквентен, тоа е очигледно, понекогаш главата ме боли од потребата за нови зборови, не можам да се изразам.
Но, имам сопсвено јас, и сум горд за тоа. Многу повеќе од вас сум бил под притисок за да ми се губи индивидуалноста, живеам меѓу фанатици, религиозни и малоумни, но никогаш не сум се спуштил на нивно ниво за лајк да кажеме, секогаш сум бил на другата спротивната страна, иако знам дека тоа ќе ми чини се, пријателство, професија итн.
Е сега не знам под што паѓате вие, очигледно повеќето сте кај спротивната страна, некои кои за лајк го потиснуваат сопственото јас, и сосема мал дел се тврдоглави и стојат на своето(клетите либерали), да не ги заборавам и тие кои имаат лични проблеми(немал број).
Викате дека албанците се тие конзервативците, а јас тука се нешто друго читам, уште не видов пост на албанец кој се противи на меѓуетничките бракови.
Наместо да има дискусии и дебати за тоа што придонесува за да нема вакви бракови, што ги попречува, што можеме да правиме, кого да советуваме, каде да се упатиме да бараме кампањи (наместо кампањи кои не учат да јадеме јадења кои не можеме да ги купиме).
Ако не, тогаш отворете тема како да се дели државата, или да се најде стратегија како да се врши геноцид, или не знам.
Важно направете разлика, да не стоиме во место, одлучете, сакаме да живееме заедно, или сакаме да се делиме. Не дека ние/вие се прашуваме/те.
Вака не оставаме ништо за идните поколениа. Само губиме време.