Silvio
Strength And Honor
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 311
- Поени од реакции
- 167
Имаш основа за тужење, али пред да почнеш со тоа би те советувал вонсудски да се договорите. Направете си еден договор за надомест на штета во кој точно ке се опише настанот и согласност на ОКТА, поконкретно бензиската дека ке ја надомести штетата во целост по прибавено мислење на овластениот сервисер на твојата кола.Денеска во Окта ми наполнија погрешен гориво од пумпата, иако пишуваше дизел на пумпата(колата ми корсти дизел). Наполнето беше бензин во колата кај мене и уште кај 5-10 муштерии истото се случи. Колата застана после 200 метри, а на повеќето други коли застанаа после првите 10м. Сметката ја чувам, ми кажаа дека ќе ми надокнадад гориво и дизел пумпата ќе се среди и другите оштетени делови, дури и дека можеби моторот ќе се смени или нова кола ќе добијам(за ова последново верувам дека ми го кажаа да се откачат). Сакам да прашам дали можам да ги тужам и за што, и што реално да очекувам дека претпоставувам дека колата нема да ја имам барем една недела и под услов кога ќе ми ја вратат не сум сигурен дали колата ќе биде исправна како што беше предтоа.
Значи прашањето ми е што може да се превземе и како да ги исцедам максимално копилињата скапани од Окта?
Од искуство можам да ти кажам дека не е некој огромен проблем со дизел мотор ако се стави бензин, по ненамерна грешка (не од мене, туку од човек што ми ја возеше колата) ми ставил бензин а мојата е дизел, јас ја возев едно 5-6 километри, приметив дека моторот чудно работи али си функционираше без прекин, го прашав човекот убаво и испадна дека згрешил. ВО овластен сервис ми го испразнија резервоарот, го исчистија убаво, сменија филтер за гориво и немаше никаков проблем повеќе од тоа.