За да го донесеш овој заклучок, претпоставувам, ти помогнало искуството со арогантните и самопрогласени интелектуалци.
Идемо даље, посериозно...
По „природен“(сам да го отфрлиш авторитетот, без да мораш да ја вкусиш неговата горчина претходно) или „неприроден“(принуден) пат, небитно, само нека би „будење“. Се плашам само дека ни тогаш нема да биде. Орвел гомна да јаде!
Зошто гледаш на тоа како да е спротивно од идеологијава? Ти самоволно се противиш на опресијата, никој не те тера. Во другиот случај можеш да се покориш и да живееш по нивни правила. Зарем ова е подобро?
За комуните со страници уназад го посочуваме проблемот. Знаеш зошто овие мали комуни најчесто оделе во мајчина? Затоа што авторитетите ги уништувале. Тука според мене лежи проблемот. Сметаш дека за ред и мир е потребна авторитарна рака да пука шамари? Океј! Живеј на тој начин, но не ги чепкај оние мали населени места каде луѓето си живеат слободно и мирно. АМА на авторитарците не им одговара така, па затоа ги пустошат оваквите места. Има да плаќаш даноци и не смееш да им даваш пример на другите дека можат да опстанат без опресорската чизма!
Еве мене не ми се игра Држава, ама принудена сум да си играм. Еве го проблемот, еве ја неправдата и еве зошто се раѓа она незадоволство, кое подоцна буди агресија кај луѓето. Во овакви случаи си принуден, а не кога пружаш отпор. Тоа е нормална реакција, самоодбрана.