Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
cdad9815-1d92-4ebd-978c-d2bb30538cce-651x720.png


Со Коста и Фабрегас изгледаме мн моќно вака незнам како до 3-те бода.
 
Уффф многу тежок избор, за мене исто Азпи, Фабрегас, Тери, Ивановиќ, Хазард сите ми имаат некој шарм :love:

Се си мислам дека Фабрегас ќе игра денеска. Овие дерби натпревари си ги гледам со мерак. Секогаш и играчите и Мурињо имаат спремено нешто и играат најмотивирано. Мислам дека е време Хазард да изигра некоја одлична партија, потпомогнат со Оскар. Уствари оваа важи за цел тим, мислам време е да покажат игра како на почетокот на сезоната. Мора некој од Дрогба и Реми да го надомести отсуството на Коста. Дрогба скоро сигурно ќе биде стартер мислам пред се поради искуството во вакви натпревари.

Вие имајте убав провод :pijanco:
 
Кај нас ќе фалат едни од најклучните играчи, дуото Фабрегас-Коста, ама мислам дека Реми или Дрогба ќе можат да се снајдат, само ќе треба од Вилијан и Оскар поќе да се очекува.
Рамирес (Our Ramires is back, my Ramires is back) би требало да игра заедно со Матич, вистина убо изигра со Ливерпул, после долго време на клупа.
Ама од друга страна на Сити му се врати Агуеро, кој не е во форма, и добра партија на Тери-Кејхил би го спречиле сигурно, ама пак го немаат клучниот играч Јаја Туре, нема да го имаат тој моќен среден ред како со него.
Сепак, замислете Матич да отсуствуваше место Коста-Фабрегас, сигурно ќе беше потешко некој да го пополни неговото место (Микел :D)
 
Има муабети дека Шурле ќе биде во тимот денес :confused:

Се гледаме после :D
 
Сити без Јаја Туре и со Агуеро кој е вонформа очекувам победа со гол на Хазард или Дрогба а за Фабрегас има ли надеж дека ке играе или 100% не играе?
 
Фабрегас изгледа нема да биди во составот, ако е точно ова лошо ни се пиши
 
Имаше слика од Цеск и Луис во одделот кај што ги третираат повредените, така да изгледа ништо од нив денеска. Јбг, ајде, али не заборавајте - Туре на Сити им е ако не 50%, бар 35% од тим.
 
Де бре, шо сте се усрале, сити не е во сјајна форма последно време, Јаја туре од ко им замина немаат победа.
И натаму сме фаворити chillax. ;)
 
Алооооо бреее. Што е ова песимизам тука?
Чиста победа денеска, идеме на +8 и готово.
 
Имаше слика од Цеск и Луис во одделот кај што ги третираат повредените, така да изгледа ништо од нив денеска. Јбг, ајде, али не заборавајте - Туре на Сити им е ако не 50%, бар 35% од тим.
Сити без Туре победи со Баерн и со Рома, навистина му е клучен играч ама пак ние сме поке оштетени од нив двата најдобри играчи неа да ни играт
 
Сити без Туре победи со Баерн и со Рома, навистина му е клучен играч ама пак ние сме поке оштетени од нив двата најдобри играчи неа да ни играт
Тие двата играчи лани ги немавме и ги тепнавме сити и дома и на гости, зато не мора ништо да значи имаме замени на та позиција кои се далеку од неспособни.
 
Тие двата играчи лани ги немавме и ги тепнавме сити и дома и на гости, зато не мора ништо да значи имаме замени на та позиција кои се далеку од неспособни.
И ако сме ги тепале лани, гарант и оваа сезона ќе ги тепаме а? Ако не па службени да им ги зимаме... Видовме што направивме кај нив, затоа е страшно.
И мене највеќе ме влече на нерешено.
 
Абе тешкo ќе биде ептен, aмa мoжеме дa ги тепaме. Фaбрегaс секaкo не беше ништo пoсебнo прoтив јaкиве тимoви, a истo и Кoстa бaр првaтa прoтив Сити не мрднa. Тaкa дa, oдиме нa пoбедa!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom