ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
10696283_10152755748986051_2809749267518053943_n.jpg

Колку од вас го практикуваат ова? :D
Утрово прочитав на некој од порталите дека тој што изигрува директор на ЈСП се заканувал со тужби за кривична одговорност до дечките кои креирале фејсбук страна за да ја рашират идејата.

Кое е тоа кривично дело (или прекршок нека е) за кое дечките би одговарале?

Поддршка од мене до сите кои на ваков начин им помагаат на осиромашените и до коска соголени граѓани на оваа башобозук-држава, некогаш убавата и сакана Македонија.

Ако т.н. директор на ЈСП има проблем со поддршката во мојот пост, слободно нека креира профил и нека ме контактира за да му дадам генералии за да ми поднесе тужба и мене.
Нека не ги мачи дечките во одделението за сајбер криминал (читај: интернет шпиунирање на рајата).[DOUBLEPOST=1422649863][/DOUBLEPOST]КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ШВЕРЦ НА БИЛЕТИ
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=1DE957EF8E43F740B6766D4096775ED1
Директорот на ЈСП :гомце:Мишо :гомце:Николов најави дека ќе поведе постапка против лицата што повикале на злоупотреба на картите, а ќе ја зголеми и контролата во автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" ќе поднесе кривични пријави против групата која на Фејсбук поведена кампања за возење во автобус со искористени билети. Мишо Николов, директор на ЈСП, вели дека ја разгледува можноста да преземе мерки против нив, со цел да го спречи евентуалното шверцување на автобуските карти.
"Сега ги разгледувам можностите за поднесување кривични пријави, и тоа ќе го направам веднаш откако ќе ги најдеме лицата што го пуштија повикот на Фејсбук да се мами во автобус", вели Николов.
Тој најави дека ќе ја зголеми и контролата во автобусите за проверка на билетите.[DOUBLEPOST=1422650017][/DOUBLEPOST]Јас лично, повикувам на општа граѓанска непослушност кон сите институции, агенции и фирми кои се во служба на криминалната банда која го осиромашува македонскиот граѓанин.
 
Последно уредено:
Не се криви овие од ЈСП, мораат да прават вака за да можат да закрпат крај со крај. Многу пати државата мора да префрла пари на сметка на ЈСП за овие да можат гориво да купат. Имам читано и изјава во која директорот на ЈСП кажува дека претпријатието е во очајна финансиска состојба и дека се тоа е заради бесплатното возење на пензионерите. Значи не е он крив шо мораа да ја зголемат казната од 200 на 1000 денари и што мораат вака да се однесуваат. Ако некој треба да плукаме, тогаш тоа е како и секогаш власта...
 
Да се потсетиме дека, официјално, ЈСП го гради панорамското тркало кај Камен Мост кое чини 12 милиони евра.
 
Да се потсетиме дека, официјално, ЈСП го гради панорамското тркало кај Камен Мост кое чини 12 милиони евра.
Панорамското тркало е мислам проект на Град Скопје.
И дали уопште може ЈСП да го гради тоа, кога ЈСП не е градежна фирма ?
У секој случај парите за тркалото не одат од буџетот на ЈСП туку мислам дека целиот или барем најголемиот дел од ова се финансира од буџетот на Град Скопје.
 
Е де, знаеш дека не мислев буквално да го гради, туку да го финансира. Во т.н. инвестициска програма на ЈСП, стои дека ова претпријатие ќе го финансира реализирањето на проектот со сопствени средства, како и со донации.
 
Исто стои дека и АЕК ќе инвестира. Перење пари класично.
 
Е де, знаеш дека не мислев буквално да го гради, туку да го финансира. Во т.н. инвестициска програма на ЈСП, стои дека ова претпријатие ќе го финансира реализирањето на проектот со сопствени средства, како и со донации.
Да го оставиме делот кај шо мислев дека стварно мислиш дека ЈСП ќе гради.
Дали ти мислиш дека стварно ЈСП има милиони па и дека тие милиони ќе ги даде за ебано панорамско тркало ?
Еве ти викам сум читал ја изјава на директорот на ЈСП кај што вика дека немаат пари за гориво, дека Владата им префрла пари, а дека се тоа е заради бесплатното возење на пензионерите. Ако немаат они пари за ова, сигурно немаат милиони за панорамското тркало. Значи фактички тркалото се финансира од државата, што и да збореле они.
Ја колку што знам главен финансиер е Град Скопје, ама еве и да грешам, најголемиот дел од парите сигурно не ги дава ЈСП.
 
Дали ти мислиш дека стварно ЈСП има милиони па и дека тие милиони ќе ги даде за ебано панорамско тркало ?
Фала богу не гледам шител и анал5 па да скренам со умот и да мислам дека стварно јсп има пари за било што.
Тоа што ти реплицирав првиот пат беше за да видиме како тоа владата не ебе у мозок и мисли дека некој ќе верува оти едно јсп со такви финансиски проблеми може да финансира изградба на циркуско тркало од 12 милиони евра.
Како што тоа здружението на три села од егејска Македонија, формирано лани, донираше милиони евра за бронзени споменици низ Скопје.
 
Луѓе, имате приметено во последно време (од ноември навака) дека многу се поретки автобусиве? Скоро секогаш чекам по 15мин+, а порано најмногу 10 минути (се возам најчесто со 12, 2, 22, 19).
 
Луѓе, имате приметено во последно време (од ноември навака) дека многу се поретки автобусиве? Скоро секогаш чекам по 15мин+, а порано најмногу 10 минути (се возам најчесто со 12, 2, 22, 19).

Во зима мислам дека секогаш е така на 20 минути ..или пак не?
 
можда веќе имало дискусија на темава уште од многу порано ама пошо од скоро сум на форумов сепак ме интересира дали им станувате на старцине у автобус и како ги поднесувате гужвите? Втора година сум средно и секој вторник и петок едвај ги издржувам тие 25 минути особено кога сум прва смена и кога е топло. Во автобусот е таква гужва нема игла кај да пуштиш и целиот автобус смрди Им станувам само затоа што немам нерви да се расправам, инаку најголем дел од нив вопшто и не заслужуваат да им станеш. Или пак ќе видам некоа баба нашминкана, со фризурана на два ката и ми вика стани не можам да стојам, а можела да се дотера дома. Уште и се некултурни, се дерат за да им станеш. Инаку сум приметила дека и други денови не плаќаат карта, не само вторнк и петок. Па ме интересира ваше мислење
 
Денеска имав пријатна случка во автобусите на ЈСП. Една девојка што седеше на 2 седишта од мене, ме гледаше непрестајно. Изгледа ме имаше бендисано ама сепак не и кажав ништо а не ми кажа ништо ни таа на мене.
 
можда веќе имало дискусија на темава уште од многу порано ама пошо од скоро сум на форумов сепак ме интересира дали им станувате на старцине у автобус и како ги поднесувате гужвите? Втора година сум средно и секој вторник и петок едвај ги издржувам тие 25 минути особено кога сум прва смена и кога е топло. Во автобусот е таква гужва нема игла кај да пуштиш и целиот автобус смрди Им станувам само затоа што немам нерви да се расправам, инаку најголем дел од нив вопшто и не заслужуваат да им станеш. Или пак ќе видам некоа баба нашминкана, со фризурана на два ката и ми вика стани не можам да стојам, а можела да се дотера дома. Уште и се некултурни, се дерат за да им станеш. Инаку сум приметила дека и други денови не плаќаат карта, не само вторнк и петок. Па ме интересира ваше мислење
Не им станувај, јас иако сум дупло постар од тебе не им станувам. Најлесно да се ослободиш (со оглед на тоа што не ти се расправа) е со една или две ниски/дрски реченици, после што не смееат да писнат. Нешто во стилот, плати карта па ќе станам, ако можеш да трчаш по автобус, можеш и да стоиш, покажеш среден прст итн или со други зборови нека те направат будала, до душа баш ти е гајле они ќе стојат ти ќе си седиш и нема да те замараат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom