ʞönig
Миле... ми текна!
Утрово прочитав на некој од порталите дека тој што изигрува директор на ЈСП се заканувал со тужби за кривична одговорност до дечките кои креирале фејсбук страна за да ја рашират идејата.![]()
Колку од вас го практикуваат ова?![]()
Кое е тоа кривично дело (или прекршок нека е) за кое дечките би одговарале?
Поддршка од мене до сите кои на ваков начин им помагаат на осиромашените и до коска соголени граѓани на оваа башобозук-држава, некогаш убавата и сакана Македонија.
Ако т.н. директор на ЈСП има проблем со поддршката во мојот пост, слободно нека креира профил и нека ме контактира за да му дадам генералии за да ми поднесе тужба и мене.
Нека не ги мачи дечките во одделението за сајбер криминал (читај: интернет шпиунирање на рајата).[DOUBLEPOST=1422649863][/DOUBLEPOST]КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ШВЕРЦ НА БИЛЕТИ
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=1DE957EF8E43F740B6766D4096775ED1
Директорот на ЈСП


Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" ќе поднесе кривични пријави против групата која на Фејсбук поведена кампања за возење во автобус со искористени билети. Мишо Николов, директор на ЈСП, вели дека ја разгледува можноста да преземе мерки против нив, со цел да го спречи евентуалното шверцување на автобуските карти.
"Сега ги разгледувам можностите за поднесување кривични пријави, и тоа ќе го направам веднаш откако ќе ги најдеме лицата што го пуштија повикот на Фејсбук да се мами во автобус", вели Николов.
Тој најави дека ќе ја зголеми и контролата во автобусите за проверка на билетите.[DOUBLEPOST=1422650017][/DOUBLEPOST]Јас лично, повикувам на општа граѓанска непослушност кон сите институции, агенции и фирми кои се во служба на криминалната банда која го осиромашува македонскиот граѓанин.
Последно уредено: