Нокаут фаза (финале КАТАР-ФРАНЦИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Го памтите голот со нас у задња секунда,епа све се враќа све се плаќа:vozbud:,инаку ова беше утакмичиште:cuc::cuc:
Го памтим , го памтим, како можам да го заборавам. Еве сега затоа се ситам.:LOL:
 
Дури тој гол што ни го дадоа на нас беше и попедерски од наш напад за победа и исфрлување на Данците до нивни гол и победа.

Како и да е Шпанциве за да стигнат до финале ќе треба да значи да играат две финалиња, прво против Данска што го добија и сега против Франција. Ако евентуално ги победат и Французите нека им го дадат пехарот. Ако ги тепаш и Данска и Франција во 3 дена заслужуваш да си шампион.
 
И мене ми текна одма на тоа, ако ако да видат како е на своја кожа :icon_lol: Стварно Шпанциве ќе им биде презаслужено да го освојат, под услов секако да ја тепаат и Франција. Ама и Полска ми е супер екипа, издржливи, снаодливи и во најтешки ситуации. Супер беа и на европското првенство лани, а еве ги и сега ми го направија кејфот што ја тепаа Хрватска (y) Уште кога дадоа гол со 2 играчи помалку на 1 гол негатива, си реков овие победуваат сигурно (y).
 
ej гледајќи ја утакмицава Шпанија - Данска, и атомскиов ракомет шо го играат сфатив дека ние сме 5 светлосни години заостанати со ракометов шо го играме и форсираме, уствари ако мојт да се наречи ова нашево ракомет :pos: :pos: не дека до сеа не знаев :D
 
ej гледајќи ја утакмицава Шпанија - Данска, и атомскиов ракомет шо го играат сфатив дека ние сме 5 светлосни години заостанати со ракометов шо го играме и форсираме, уствари ако мојт да се наречи ова нашево ракомет :pos: :pos: не дека до сеа не знаев :D

Не е само тактиката. Треба да имаш екстра играчи и долга клупа за таков ракомет.
 
Хрватска-Полска
Како шо очекував,Хрватска со онаа игра шо ја покажа досега нема да победи со Полска..
На ништо не личеа,како никогаш досега беа безидејни,без проток на топка до крило(шо беше нивни заштитен знак)без игра до пикер,без брза контра,полуконтра..
Освен на почеток на второ,исто како со Бразил во цел меч беа заспани
Ај одбраната некако не беше лоша со оглед на 24 гола шо ги примија,ама нападот...
И време е да го шутнат она дрвото од селектор....
Да се заблагодарат на услугите на сељакот Вори,па поголем копук одамна неам видено...
Со Бразил се изрезили со Тиагуш Петруш,педериште,манијак...:zloo:ете го и денес..
Ај шо е најслаба карика во цела екипа(еден куп промашени зицери,пробивања)па уште и се глупира дебилот...:kuracc:
Само крив е онај коњот од селектор,не го зема машината Сулич за да игра Вори...
Е па ете ти...
Отсекогаш сум ги поштовал Хрватите,баш ради таа нивна пожртвуваност,дисциплина,ама со Голужа на ништо не личат и мило ми е шо се пакуваат...
Како само беа самоуверени,демек треба само да се појават и да тепаат...
Да изгубиш од Полска беа нивниот главен шутер Лијевски,без среден бек(без Јашка),им играат со Бијелеци речиси цел меч...:zver:
Секоја чест за Пољаците,така се игра,можеби не делуваат убаво за око со нивната досадна игра,ама дава резултати..
Максимално спремни физички,играат одлична одбрана,и заслужено им одржаа лекции на кренатите Швеѓани и Хрвати..
Па уште и коеф по кладилниците 1.35 за Хрватска...:pos:Каде бе?
Со БИХ дадоа 1.25,со Полска 1.35..
Германија-Катар
Онакво домаќинско судење не очекував,но по она со Австрија се очекуваше денес нов поклон..
Едноставно не ги оставија да ја играат нивната игра,секој контакт со зоната беше пробивање,ги убија во поим..
Не ги правдам Германците,и тие многу пати имале помош од судии,па сега и по своја кожа видоа како е да те дупи судија на здрав мозок...
Ама ова денес беше апла домаќинско судење,срамота..
Факт е дека беа чорба Германците,промашени зицери,2,3 пенали промаши Геншајмер,неколку контри чисти скина Шариќ,и резултатот е тој..
Во одбрана си дозволија Капоте со класика-удари да ги изрешета како мали деца,ги уништи едноставно....
Плус еден куп контри,полуконтри во прво,и нема шо да бараат...
Пикерот Видал како да беше Супермен,не можеа ни 3ца да го задржат,едноставно ги разнесе дечкото,секоја чест....:zver:
Старо куче е Ривера,знае да одбери играч,ретко кој слушнал пред ова СП за играчи како Капоте,Видал,Мемишевиќ,Роан....попознати ни беа Шариќ,Стојановиќ,Марковиќ,ама ете шо ти значи тренер....
Кога Германците намалија на 1 разлика некаде 45 минута си реков еве ги се вратија,ама кратко беше,пак блокада,пак некои грешки,избрзани шутеви,некои пробивања,одземени топки и сл...
Вајнхолд го немаше,без класичен лев бек,со двајца индивидаулци како Друкс и Штробел,со извадени од баланс Грецки и Уве толку беше..
Сега ќе кукаат,ќе плачат,ќе се закануваат...позната приказна....
Мислев дека ќе ги добијат на исксутво,ама погрешив....
И Австријците имаа противник во судиите ама подобро се снајдоа од Швабите,овие ептен психички паднаа,како да не очекуваа дека можат да губат на моменти со 7 разлика,и психички беа скршени,со таква состојба не е можно да се победи во вакви мечеви...
Франција-Словенија
Исто како шо реков и бидна,Омејер отвори страшно,првите 11,12 минути Словенија даде само еден гол(и тоа во првиот напад)и толку беше,ги решија..
На крај малку се совземаа Словенците,се разбрани Шкоф,и стигнаа од -11 21-10,до серија од 10-3,но немаа сила,пак Плавите во една брзина погоре и толку беше..
Кога играат онака мудро,со таква хируршка прецизност во напад,со ненормален Омејер на гол речиси и да нема маж шо ќе ги тепа..
Ако не им застани Армадата на патот во петок во финалето треба да се прошетаат до титулата...
Данска-Шпанија
Ми се оствари желбата,Скандинавците уште еднаш го сркнаа од фуријата..

Иако можеби мечот требаше реално за заврши нерешено,ама ако вака е уште послатко,нека ги боли уште повеќе..:kuracc:
Одличен меч,цврсти одбрани,рововска битка за секој гол,за секоја акција...
Вистински ракометен меч,не онакви мечеви кои ќе завршат 35-30,ова беше вистински ракомет....
Секоја чест за двете екипи...
Во полуфинале очекувам од Шпанците добра игра,денес некако ми беа резервирани...
Воопшто не играа преку десно крило,најверојатно тоа беше тактиката,се одеше преку средина(гол на Кањелас,Ентрериос или пенал,чиста работа)....

Исто и Данците,на почеток кога малку раширија по крила имаа некоја предност,потоа крилата целосно беа отсечени,посебно Егерт и еден од клучните играчи беше аут..
Плус топка до пикер немаше никаква,едно од најјаките оружја,против онаа одбрана на Шпанците со Виран и Гвардиола тешко дека ќе се наигра пикерот,било кој пикер...
Хансен и Ларсен дадоа еден куп голови во второ,речиси сите на Данска,а тоа не е нивниот стил....
Како и да е заслужено Шпанија во 1/2 финале,само да има ден Варгас,ќе има шо да понудат со Франција...:zloo:
 
Последно уредено:
мои типови
1.Хрватска-Шведска
2.Катар-Германија

3.Данска-Шпанија
4.Македонија-Франција

потоа здравје Шведска-Катар и Шпанија-Франција финале би рекол Шведска-Франција шампион Шведска :D

само јас ли прогнозирав дека катар ке ја мине Германија
 
Очекувано беше Хрватска да го изеде стапот во првиот дуел со посериозна репрезентација,а и коефициентот за Полска добро го трефнаа кладилнициве. :rolleyes: Хрвативе на терен од почетокот на светсково делуваат како прв пат во живот да се гледаат едни со други и цела среќа за нив е што се паднаа во најлесната група инаку ништо чудно уште по осмина финалето да си ги пакуваа куферите.Нападот денес катастрофален им беше...помизерно не можеа да одиграат,а одбраната солидна...да почнеше Ивиќ пред Алиловиќ може и поголеми ќе им беа шансите за победа.

Пољациве со игра која што е далеку од атрактивна за око,но многу корисна на терен ги утепаа денес хрвативе.Уште поубедлива ќе беше победата ако не му дозволеа на Дувњак на почетокот од второто полувреме за кратко време да им стегне 5 гола од 5 обиди.Сега за сега очигледно е дека знаат што прават и што играат и мислам дека ако не се свртат судиите скроз на страна на Катар во полуфиналето би можеше пољациве да догураат и до финалето каде што се е можно...без разлика на тоа што би играле со Франција или Шпанија.

Данска-Шпанија беше она кое што се чекаше на ова првенство.Конечно една вистинска утакмица на две екстра квалитетни екипи. (y) Се ми одеше на тоа дека Данска ќе победи со 1 или 2 гола разлика,но играта во нападот на неколку моменти (пред се во последните минути) почна да им чкрипи и Шпанија тоа максимало го искористи.Сега со Франција финале ред финалето играат според мене...ќе биде сигурно и тоа утакмица која што не смее да се пропушти.
 
1926836_834798863244967_6325228753537324329_n.png
 
Srbi sudii na Katar-Polska.:bravobe:
I posle Dragan Nacevski imal pari,e kako da nema.:zloo:
Plus i sin mu trgna po negovi stapki,pecalbar.:D
Kojznae kolku pari nakalapija so drugarceto sredata,taman edna zgrada da si kupat vo SK(od pomalite).
Steta so vo rakometot nema kako vo fudbalot nekoi akcii za fakanje na mestacite,ke imaat mnogu rabota.
Ako nema Legijata na strancite pomos od sudiite ocekuvam Poljacite da tepaat.
Ama ke imaat pa se e otvoreno.
Vo drugoto polufinale,vo duelot na titanite moj tip e deka Spancite nema da izgubat so 2 razlika.
Posakuvam finale Polska-Spanija.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom