FA & Capital One Cup

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
Не не, не го чепкаат уопште човекот, дојде и сите ги згази и утепа
Кутрио тој, дојде како мирно јагненце и го испустија. Мурињо таа работа изгледа.
 
W

wicked_1

Гостин
Кутрио тој, дојде како мирно јагненце и го испустија. Мурињо таа работа изгледа.
Никој ни не го третира за мирно јагне, ни па иам некоја желба да му ги оправдувам стартовите, кои се смешно преувеличени. :)))
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
Никој ни не го третира за мирно јагне, ни па иам некоја желба да му ги оправдувам стартовите, кои се смешно преувеличени. :)))
Па да немавте желба да го оправдувате немаше да дробиме ние уште за ова.
 
R

red.devil

Гостин
Кој пат е дрес на Челзи да се скине сезонава? Сериозно прашувам, изгубив број веќе. Да беа од цигарска хартија повеќе ќе издржеа.
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
3.430
Поени од реакции
2.113
По препорака на пријател, во последно време често ги читав темиве на кои се дискутираше за фудбал. Необјективноста на голем дел од луѓето што пишуваат овде ме натера да отворам профил/акаунт како и да е и да напишам збор-два за полуфиналниот дуел помеѓу Челзи и Ливерпул.

Прво, фантастичен двомеч. Ривалството помеѓу овие два клуба во последните 15 години е нешто посебно. Особено во оние куп дуели ( Лига на Шампиони, од непостоечкиот гол на Луис Гарсија, ефективниот автогол на Рисе, па се до лудиот натпревар на Стемфорд Бриџ кој заврши со вкупно 8 голови, 4-4). И колку и да не ги сакаш Ливерпул и нивните фанови, некако не можеш, а да не ги сакаш дуелите помеѓу овие две екипи.
Јас уживав во вторникот. Жестоки дуели, убави потези, силно и брзо темпо, многу трчање и многу закачки. Уживав во закачките помеѓу Коста и Шкртел. Абе тоа е фудбал, вистински англиски фудбал. Затоа и на крај си подадоа рака, како ништо да не било.
Но, не уживав целосно поради лошата арбитража на Мајкл Оливер. Дефинитивно недораснат да дели правда на вакви натпревари.

И наместо да се зборува за уште едно маестрално дерби, највеќе прашина во Англија, а гледам дека ве зафатило и овде, се дигна за однесувањето на Диего Коста.
Наеднаш сите станале стручњаци, наеднаш сите станале моралисти, наеднаш драми. Дури и наеднаш сите процениле дека во инцидентите помеѓу Коста и Шкртел/Џан, овој првиов имал намера да го направи тоа. Не велам дека немал, не знам. Знам дека во жарот на играта и се случуваат такви работи. Не ги оправдувам. Но констатации од типот: ,,сакаше да го убие намерно'' не ми се јасни.

Е сега, кога веќе некое тело кое одлучува за вакви работи решило дека имало намера во случајот и дека играчот Коста треба да се казни, во ред. Јас се согласувам, бидејќи такви работи на теренот не сакам да гледам. Одлуката на ФА е сосема легитимна.

Но, има и друга димензија во случајот. Односно двојните стандарди. Имено, минатата сезона на дуелот помеѓу Сити и Челзи, Агуеро го направи истото што го направи и Коста. И погодете што? Ниту картон, ниту казна од федерацијата, ниту толку дигање прашина од Скајови, Реднапи итн.

Лицемерието на федерацијата оди уште подалеку, со тоа што јас никаде не прочитав дека Оливер ќе биде казнет поради лошата арбитража, ниту пак прочитав критика од овие што ги кажав претходно, вана би експерти како Реднап, односно пропаднати фудбалери кои сега на овој или оној начин лечат фрустрации.

1. Прво полувреме, две ситуациии во кои Оливер мораше да свирне пенал за Челзи. Едната беше кога топката го погоди Хендерсон чинам во рака, која не беше во природна положба. Другата беше фаулот над Хазард во шеснаесетник. Лесен или не, мал контакт или не, не е ни битно. Контакт е, во шеснаесетник и мора да се санкциора. Такви се правилата, таква е практиката.

2. Лукас Леива остана на терен само со жолт картон. Милион прекршоци, милион остри стартови. Истото важи и за Хендерсон. Оливер ги истолерира и Ливерпул остана со 11 играчи до крајот на натпреварот.

3. Многу опасен старт на Џерард, кој никој никад не го искоментира. За тој старт се добива минимум жолт картон, а Оливер ниту усмено предупредување не му даде на капитенот. Паметам коментаторот рече демек Џерард бил авторитет, па затоа не добил картон. Па да, ако е авторитет и е Англичанец тогаш може да прави такви работи. Ако е Диего Коста од Бразил и со специфичен карактер и темперамент, тогаш не може.

Да се навратам на одлуката на ФА. Јас не паметам да реагирале толку брзо за некој друг случај во минатото. Биле кршени нечии нозе, летале шамари, нападнати биле судии па ФА за едно деноноќие експресно одлука не донеле. Можеби грешам, ненамерно. Да е уште посимптоматично, тоа е баш против одлучувачкиот дуел со Сити. Одлучувачкиот за останатиот свет, за мене и не баш.

Лицемерието и препотентноста на ФА јас ги гледам на овој начин. Не е тоа од сега. Истото беше лани и со Суарез. Точно е, правеше многу непромислени потези, но некако сето тоа беше преувеличувано од медиумите, кои верувајте се скоро на исто ниво со овие нашиве во државава. Зошто? Затоа што е факинг Суарез од Уругвај. Најдобар играч во нашава земја, епа нема да го толерираме. А, истово ова што го правеше Суарез, или пак сега Коста, да го правеше извесен Џерард, Лампард, Руни, тогаш и медиумите и федерацијата и те како ќе го изрелативизираа или пак едноставно ќе го изигнорираа.
Со истото се соочува и Мурињо. Странец, со зафркнат карактер, што се вика на нашки ,,им продава чалам на Англичаните'' , a тие тоа не можат да го поднесат во било која сфера од животот. Откако го нема Фергусон можеби и најдобриот на Островот, ама па види... не е нивни. Не е Британец.

И постоела агенда против Челзи и Мурињо. Добро, не е баш така како што тој тоа го претставува, малку и ги пумпа работите за да задскрие други ситуации кои се случуваат во неговиот клуб, но делумно е во право. Ако ги пратите англиските медиуми, а сигурен сум дека ги пратите, тогаш ќе забележите дека Челзи е клубот кој најмалку е би рекол сакан, секоја нивна победа е извалкана со некоја друга вест, ако Челзи со брилијантна игра го победил Свонси тогаш тоа не е до нив, туку Свонси бил многу слаб и слични примери. Ми ја сфаќате поентата.
Исто и сега. Никој не зборува за лондонското финале на Вембли, за одличната старо позната игра на Челзи против Ливерпул од 20-та минута па се до крај, за тоа дека Роџерс не може да го победи Мурињо еве не знам веќе колку натпревари по ред и најважното, дека изиграа овие два тима уште еден историски двомеч.

Читајќи ве вас периодов, добив таков впечаток. Дека работите ги гледате еднострано, што и ве разбирам до некаде затоа што фудбалот е пристрасен и пристрасноста често не дозволува да гледаш со две отворени очи и да си објективен. Но, потрудете се општо во животот секогаш да ги ставите на кантар двете работи. Па после да си донесете заклучок. Знам, знам. Сигурно си викате сега ,,кој е па овој да ни соли памет, со едно мислење на форум '' , а не ви солам памет, таман работа.

Ми преостанува да ви кажам да уживате во фудбалот, да уживате во финалето Тотенхем - Челзи, иако е тешко да се ужива на натпревар во кој едниот учесник е Тотенхем ( така е Топџии? ) и да уживате во остатокот од Премиер Лигата.
Па во мај ќе ги сумираме впечатоците.
кај беше ти досега ? фалат вакви коментари. :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Вчера пласман понатаму во ФА Купот обезбедија Сандерленд, Престон и Манчестер Јунајтед по убедливите победи над Фулам, Шефилд и Кембриџ. Денес играат Болтон - Ливерпул со што ќе се комплетираат двојките за 5тото коло.
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Ажурнoст нa нивo, декa oд Челзи се бунеa зa Кoстa пa...:D[DOUBLEPOST=1423072605][/DOUBLEPOST]Кaкo тргнaле фa ќе им снемa игрaчи и менaџери зa кaзнувaње
 

Kajgana Shop

На врв Bottom