Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Јас летово донесов плазма од Шведска во голема кеса од Икеа и никој ништо не ми рече кај нас на аеродром, дали пошто беше касно и му се спиеше на царинарникот поима неам не ме приметија. И таму пред да влезам во авион им кажав дека е тв и не направиа проблем. Така да ако сакаш да ризикуваш земи ја со тебе така како рачен багаж. А иначе за во багаж да те тресат ретко кажи им немам ништо и готово не се замараат.
Во вторникот се вратив од Шведска со мене носев само ранче без никаков голем багаж или нешто такво па ме тресеа на аеродром и ми го поминуваа ранецот на скенер а и ме претресуваа мене, се зависи од тоа како ќе се расположени дечките што ќе треба да те тресат. Инаку е многу подобро да го земе телевизорот со неа како рачен багаж ако смее да носи наместо да го стави доле во големиот багаж зашто не се баш внимателни како ракуваат со багажот.
 
Јас летово донесов плазма од Шведска во голема кеса од Икеа и никој ништо не ми рече кај нас на аеродром, дали пошто беше касно и му се спиеше на царинарникот поима неам не ме приметија. И таму пред да влезам во авион им кажав дека е тв и не направиа проблем. Така да ако сакаш да ризикуваш земи ја со тебе така како рачен багаж. А иначе за во багаж да те тресат ретко кажи им немам ништо и готово не се замараат.

Се јавив на царина у мк, прашав рекоа над 350 еу подлежи на царина .. Ако слеташ во Дубаи, имаш право до 700еу да носиш .. Е*ате .. Ништо, ќе си ја оставам онда
 
Некој да е одел до Тенерифе, ми треба авионски за во Јули. Повртна карта за 2ца, гледав преку германски некои преку франкфурт најдов ама не пишуваше цена не знам зошто.
Некој ако е сретнал, нека сподели
 
http://www.edreams.com/

Повеќето ти се преку Италија Рим (но немаш low cost до Рим), така да можеби е подобро да одиш со Wizz до Барселона и од таму да фатиш до Тенерифе. Барселона Тенерифе ти е околу 150-180 евра повратна на човек. Ова мислам е најефтина варијанта.
 
Последно уредено:
До Бергамо со Wizz е триестина евра од човек (еден правец). Од Бергамо со RyanAir... види и сам:
(за двајца, од и повратна до Баргамо)
Bergamo-GranCanaria.png
 
Некој да е одел до Тенерифе, ми треба авионски за во Јули. Повртна карта за 2ца, гледав преку германски некои преку франкфурт најдов ама не пишуваше цена не знам зошто.
Некој ако е сретнал, нека сподели
Како шо ти кажа дечково погоре и после со Ryanair или Vueling до Тенерифе. У овој случај две компании, нискобуџетни, две карти по двајца мора 4 карти да купуваш па и за багаж да доплаќаш. Мислам дури и поефтино би те фатило со Аustrian или Swiss или океј малце поскапо се зависи никогаш не знаеш. Ако е поскапо од Скопје секогаш разгледај опција од соседниве аеродроми. На пример јас пред месец и пол требаше да летам во еден правец од Скопје картата беше 300 евра со Туркиш, а од Софија исто со Туркиш истата карта ме фати негде 90 евра, плус 30 евра транспорт до Блгарија.
 
...јас пред месец и пол требаше да летам во еден правец од Скопје картата беше 300 евра со Туркиш, а од Софија истата карта ме фати негде 90 евра, плус 30 евра транспорт до Блгарија.
До Тенерифе на Канарските Острови?? Или нешто погрешно се разбравме?
 
До Канарските Острови?? Или нешто погрешно се разбравме?
Хаха не бе на друго место, него давам совети од мое искуство дека некогаш може да начекаш многу поефтино дури и кога нема логика да е поефтино. И според моето искуство да прајш пресадка помеѓу две компании(нискобуџетни) кои имаат лоши конекции( 15+ часа) најчесто е пеин ин д ес и дури може да е поскапо од еден Туркиш или Аустриан. Многу математики сум праел у животов за глупави рути (менување аеродроми, возови) и како да е секако скапо ќе го фати па затоа јас би му препорачал прво нека разгледа аустриан и свис па и нешто преку агенции може да има некој нов чартер. :)
 
Така веќе може. :)
Си реков еј супер човече, за 90е (па и 300е звучи супер) до Канарските Острови... ;)

Ти стои муабетот, само што... зошто за 30е со автобус да се е*аам до Софија (па уште нешто до аеродромот), кога за тие пари може директно од Скопје да летам до Баргамо, од каде потоа директно летам за Канарите?
(јас за 1600ден летав до Бергамо, од лично искуство зборувам)
 
Збориме за поефтино, не дека од Скопје неможеш. И тоа дека конекциите најчесто се лоши со нискобуџетните пошто најчесто летаат 3-4 пати неделно. Не викам дека неможеш да најдеш добра конекција, ама тешко е. И ако најдеш тука зборуваме за две различни карти, една од виз другата ор рајан за кои треба да чекаш кога ќе дојдат на најниско ниво двете па да ги купиш, плус куфери доплаќање. Јас не викам дека е боље да идеш до Софија, ама може да е поефтино. На тоа се однесуваше муабетот. Инаку јас без конекција ги обожавам виз, лани исто за Бергамо за 600 денари земавме две карти со девојка ми додека имаше попуст па ај да не ги обожаваш. :)
 
Марио Гомез и Ванлок, дека сте толку убави и паметни, еве ви хинт.. во петок ќе има попуст преку мобилната апликација. :pivo2:

Gosh darn it, ќе мора да ве разочарам. Оваа промоција се откажува во последен момент. Така ми е кога не чекам до последен ден за да ве израдувам :)
 
Така веќе може. :)
Си реков еј супер човече, за 90е (па и 300е звучи супер) до Канарските Острови... ;)

Ти стои муабетот, само што... зошто за 30е со автобус да се е*аам до Софија (па уште нешто до аеродромот), кога за тие пари може директно од Скопје да летам до Баргамо, од каде потоа директно летам за Канарите?
(јас за 1600ден летав до Бергамо, од лично искуство зборувам)

@OziLLLL
Бидејќи веќе долго време Тенерифе ми е посакувана дестинација, која конечно се надевам летово ќе ја остварам, еве ти ги опциите што јас ги разгледував за до таму.
Прво дефинитивно со рајан е најефтино. Зафиси каков куфер сакаш да носиш. Ако носиш голема габинска торба (онаа во виз што се наплаќа 10 евра) тгаш таа ти е бесплатна со рајан, а мое лично мислење дека багаж до 10кг е доволен, па во тој случај најефтина карта што јас успеав да ја најдам е 150 евра повратна за човек.
Релацијата одеше

Скопје - Милано со визз
Милано - Барса (или Мадрид) со рајан
Барса (или Мадрид) - Тенерифе југ со рајан

повратна
Тенерифе - Брисел (или милано или мемингем) со рајан
Брисел - Скопје со визз

Сега мислам дека ќе биде уште полесно со тоа што за повратна може да се искористи Барса и после од Барса директно Скопје. За натаму не можеш преку Барса бидејќи немаш време да го фатиш последниот авион од Барса за Тенерифе. Во секој случај се наоѓаат доста ефтини карти и мнооогу комбинации, само треба да ја најдеш онаа што тебе ти одговара. Имај на ум дека преку рајан картите доста паѓаат со цени како се наближува времето за летот. Што можеш да видиш на пример ако патуваш во април за Тенерифе од Барса картата е неверојатни 25 евр по правец, а април е висока сезона на Тенерифе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom