Хорор филмови

Бабадук ниту на најголемиот душман не би му го препорачал...:neetaka:
Хммм,на неколку страни прогласен за најдобар хорор за минатата година,плус рејтинг од
87% на Metacritic и 97% Rotten Tomatoes(секако не зборувам овде за личен вкус)
 
Хммм,на неколку страни прогласен за најдобар хорор за минатата година,плус рејтинг од
87% на Metacritic и 97% Rotten Tomatoes(секако не зборувам овде за личен вкус)
Повеќе членови не го бендисаа тука. Остај ти прогласувањата :D знаеме сите некош на шо се должи тоа.
 
Повеќе членови не го бендисаа тука. Остај ти прогласувањата :D знаеме сите некош на шо се должи тоа.
Па затоа и спомнав дека не мислев на личен вкус,туку дека има добар рејтинг :P
Иначе што му фали според тебе за да биде добар хорор филм(ни мене не ми е нешто посебно,особено крајот,но сепак мислам дека е солиден хорор)?
 
Не знам, онака ми беше ептен клишест, на моменти и досаден. Можеби и не мој стил на хорор пошто ептен повеќе ги сакам оние каде врз психолошка подлога го градат хорорското, преку неизвесност и мајндфакови..............

Пренапумпана му е оцената по мое. За 6-че ко да е :)
 
Како почнаа да ги штампаат хорориве во задниве неколку години, како по калап да ги прават. Сите слична приказна, опседната куќа, малечки деца, мисици девојки што уште оскар им фали да ја крунисаат својата успешна кариера, предмет од пред 2 века кој неможе да биде уништен со конвенционални средства и сл.

Земав да го гледам Ouija вчера и се запрепастив колку лошо сценарио има. Премногу клише моменти, до толку што jump scares триковите не ме вадеа од памет. Генеричен и минлив, утре нема да се сеќавам дека сум го гледал.

Каде се филмовите со одлична приказна и ликови, со сцени од кои по 3 дена не сум можел да погледнам во огледало или сум спиел со упалено светло?

Од современите хорори дефинитивно најдобар е The Ring. Култен!
 
Сакам само да додадам нешто околу филмови поради кои не сме спиеле 3 дена.Мислам дека најголема улога во тоа игра дека сме ги гледале како помали.Денеска поголем дел од тие сцени ми се онака,а другите ни малце језиви какви што биле.Ринг на пример мене сега воопшто не ми е страшен.Од друга страна пак,мислам дека некои од новите хорори како на пример Инсидиус,да сме ги гледале пред 10-20 години,ќе биле култни и немало да сме спиеле цели ноќи.
 
Мене и Silent Hill првиот дел ми беше сосема ок хорор. Настрана тоа што сум фан на цела таа гејмерско, филмска проекција, али си имаше моменти филмот. Штета што двојчето ептен го испосраа.
 
Точно сме биле помали но во тие филмови играле вистински глумци, сцените имале логика а атмосферата и музиката била моторот на филмот.

The Shining, Alien, Event Horizon, The Thing, Carrie, Candyman и ред други. И ден денес се интересни и моќни, без разлика што не сме веќе деца и не не плашат.
 
Во право си,но сепак мислам дека голем дел игра тука и носталгијата.Ова сличново е и со старите култни акции.Доколку тие филмови би излегле денеска(секако со денешна технологија) би биле за смеење.Баш Екпендаблс беше направен за тоа.Дали е интересен за гледање?Да.Дали има длабока приказна и сценарио?Ноуп.Дали е сличен ако не и ист на тоа какви беа старите акциони филмови?Да.Значи пак станува збор за носталгија :)
 
Бабадук ниту на најголемиот душман не би му го препорачал...:neetaka:
Незнам зашо волку си се разочарал, мене Бабадук ми е доста квалитетен хорор, одлична глума, атмосфера, кинематографија и значењето на суштеството.

Имуни сме на хорори поради тоа што е уништен жанрот од jump-scares и gore fest-ови, овој е доста различен, несоодветен му е рејтингот на Imdb. Препорачувам
 
Јас не сум носталгичар а ако нешто е добро па макар и да е ново ќе го пофалам. Ете од лани The Conjuring ми се допадна и имам пишано наназад за тоа. Но и овој не е култен филм, никој за година две нема да се сеќава на него, освен можеби на куклата но и таа не е нешто оригинално.

BTW ви текнува на IT? Ден денес неможам да смислам кловнови, childhood ruined. :pos:
3658089_std.jpg
 
Мене последното вистинско уживање на хорор ми беше пред година дена, ито на Angst

Искина филмот. Неколку дена си го носев со мене, од приказна, до реализација. АКо некој го пропуштил, еве блага препорака до мене :)
 
Незнам зашо волку си се разочарал

Па пишав страница поназад.... :icon_mrgr:

Бабадок е еден од полошите хорори годинава, се имам чуство дека филмот сакале да го направат како јапонскине хорори... додека гледаш да ти удира во психа приказната и атмосверата. Крајниот резултат е катастрофален, во филмот преовадлуваше:
- Дете кое ти одеше на нерви цели 90 минути
- Мајка која глумеше лудило во поголемиот дел од филмот
- И чудовиште кое нит знаеме како изгледа, нит сакавме да знаеме каков изрод е. Цело време слушавме само едно БА БА ДУК ДУК ДУК

Се на се, залудно потрошени 90 минути, филмот толку беше очаен што ни за момент не ме исплаши. Нека не ве лажи оценката на ИМДБ, "хороров" е тотална нула(n)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom