http://kajgana.com/gorivata-poevtinuvaat-od-15-do-3-denari
Горивата поевтинуваат од 1,5 до 3 денари
Малопродажната цена на горивата се намалува од ноќеска на полноќ од 1,5 до 3 денари во зависност од нафтениот дериват, соопшти во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.
Најмалку поевтинува еуросуперот БС-95 за 1,5 денари за литар, со што новата цена ќе изнесува 59 денари.
За два денара се намалува цената на еуросуперот БС-98, на 60,5 денари за литар.
Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа цената на овој вид гориво ќе изнесува 48,50 ден/лит.
Најмногу за три денари поевтинува екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе се продава по 37 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,610 ден/кг, со што новата цената на М-1 НС изнесува 21,282 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период е за 11,19 % пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 52,9475 ден/$ и е за 1,443 % повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените, се вели во образложението на регулаторите.