За Божјата промисла
"... За да ни даде пример за тоа како Бог промислувава и суди за Своите креации, додека многу пати ние се
навредуваме и се лутиме затоа што не ги разбираме Неговите дела, о. Пајсиј ни го раскажа следниов случај:
"Еден старец во пустината, гледајќи ги неправдите во светот, се молел Бог да му открие зошто благочестиви и
верници луѓе се сиромашни и страдаат неправедно, додека неправедните и грешните се богати и задоволни.
Додека молел Бог да му ја открие оваа тајна, слушнал глас кој му рекол:
- Не се обидувај со својот ум и сила да обфатиш она што не можеш. Но сепак, ако сакаш да научиш нешто, оди во светот,
внимателно следи она што се случува, и ќе ти се даде да разбереш еден мал дел од Божјите
судбини. Тогаш ќе дознаеш, дека Божјото промислително управување на животот е неиспитливо и недостижно.
Кога го слушна ова, старецот ја напуштил пустината. Поодел малку и стигнал до една ливада. таму имало
чешма во близина на едно старо дрво со широка вдлабнатина. Тој се скрил во неа, за да ги следи раздвижениот пат
кој минувал крај ливадата. По малку покрај него поминал богат човек на коњ и застанал да се напие вода и да си
почине. Седејќи на ливадата,го извадил ќесето во кое имало сто златни монети, и почнал да ги брои.
Кога завршил, наместо да ја врати во џебот, без да сака,му паднало ќесето на тревата. Откако се нахранил
и си починал, се качил на коњот и заминал без да сфати дека го заборавил ќесето.
По некое време поминал друг човек. Застанал до чешмата и го видел ќесето со злато, го зел и
побегнал во полето. По малку дошол еден сиромав. И тој бил уморен, пиел вода и седнал да јаде леб.
Во тоа време богаташот се вратил гневен да си го бара ќесето, погледнал гневно се, нафрлил се врз сиромашниот
и му извикал да му ги врати парите. Сиромавиот го уверувал и се колнел дека не го видел неговото ќесе, но
Најбогатиот почнал да го удира и да го тепа, додека не го умртвил. Потоа ја претресол неговата облека и откако не го
открил ќесето, останал многу огорчен.
Старецот внимателно следел сè, многу се ожалостил за неправедната смрт на Сиромавиот и со
солзи се молел на Бога:
- Господи, што значи оваа Твоја волја? Кажи ми како Твојата добрина може да поднесе таква неправда?
Еден губи парите, друг ги наоѓа, а трети е неправедно убиен!
Додека се молел и плачел, се јавил ангел Божји и му рекол:
- Не тагувај, не се огорчувај за злото и не мисли дека тоа што се случи не е по Божја волја. Запомни дека работите кои
се случуваат се затоа што Бог ги допушта, за да ги вразуми луѓето и за нивна корист.
А сега слушај внимателно: човекот кој загуби парите, е сосед на оној кој ги најде. Тој имал градина,
која чинела сто златни монети. Богатиот, кој бил алчен човек, го принудил да му ја продаде градината
само за педесет. Во својата беспомошност тој се молел Бог да му даде според правдата Своја, и
Бог му платил двојно. А сиромашниот човек, кој беше убиен неправедно, некогаш исто извршил убиство,
но искрено се покајал и го живеел остатокот од својот живот според Божјата волја. Тој постојано се молел Бог да
му прости за убиството и велел: "Боже, дај ми и мене истата смрт каква што јас предизвикав на другиот!" Секако Господ му простил штом се покајал. Но Тој бил воодушевен од побожноста и
чувствителноста на Својот слуга, кој не само што се обидел да ги почитува заповедите Негови, но сакал и да плати за
гревот. Така Бог ја исполнил неговата желба и дал можност да умре од насилна смрт - така, како сакаше
самиот тој - и го зел на небото до Себе, како го украсил со слава за неговото длабоко и несебично
покајание!
Третиот човек, алчен, кој ги изгубил златните монети, и извршил убиство, требало да отиде во пеколот заради
своите два гревови - алчност и скржавост. Бог допуштил да изврши насилство и убиство, за да може
човекот да почуствува душевна мака, која ќе го доведе до покајание. Така гревот на убиството станал причина
за неговата одлука да го остави светот и да стане монах.
Сега каде и под кои околности гледаш дека Бог е неправеден, немилосрден и суров? Не треба да ги
истражуваш Божјите судбини, бидејќи тие се точни и познати само на Него. Додека ние судиме неправилно
и Божјите судбини ни се чинат неправедни. Треба да знаеш дека многу нешта се случуваат по Божја волја
од причини што не знаеме. Затоа за нас е правилно да велиме: "Праведен си Ти, Господи, и
праведни се Твоите судови. "
Старецот Паисиј Светогорец