Старец Паисиј Светогорски

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Лесно е да дробиш ладна попара и да зборуваш за едноставност кога ќе избегнеш да се соочиш со општество затворен во манастир.
Исто колку што е лесно да се откажеш од секаква матриална сопственост.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.980
Поени од реакции
12.606
Исто колку што е лесно да се откажеш од секаква матриална сопственост.
Лесно е кога си кукавица, битно тебе да ти биди арно и никој да не те задева...најаден, напијан, стоплен - шо да биди.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Лесно е кога си кукавица, битно тебе да ти биди арно и никој да не те задева...најаден, напијан, стоплен - шо да биди.
Точно овие три состојби беа многу далеку од старецот.Кога беше аскет на Синај е тогаш ептен беше ’’најаден, напијан и стоплен’’.
Но особено е лесно да се дроби ладна попара без да се прочитаат два реда.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Го гледав документарецот за него, најјака сцена или случка е од владиката таму некој, кога бил млад отишол кај старецот Пајсиј и овај зел кофата метална од бунарот му ја ставил на глава. Па му рекол дека го личи да носи кофа на глава, и со тоа му предскажал дека ќе биде владика и ќе носи кофа односно круна на глава :icon_lol:.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Го гледав документарецот за него, најјака сцена или случка е од владиката таму некој, кога бил млад отишол кај старецот Пајсиј и овај зел кофата метална од бунарот му ја ставил на глава. Па му рекол дека го личи да носи кофа на глава, и со тоа му предскажал дека ќе биде владика и ќе носи кофа односно круна на глава :icon_lol:.
5 се вкупно деловите од тој документарец. Има немалку ’’јаки’’:) случки.[DOUBLEPOST=1421515729][/DOUBLEPOST]Во градот Патра е изграден храм во чест на преподобниот Старец Пајсиј Светогорец
15 јануари 2015 лето Господово
Овој храм беше изграден во чест на преподобниот Пајсиј во исчекување на неговата канонизација,
чии што датум беше непознат. По Божја промисла сите градежни работи завршија еден ден пред одлуката за канонизација од страна на Константинополската Патријаршија.

Во малиот храм посветен на преподобниот Пајсиј Светогорец, изграден во дворот на соборниот храм „Св. Николај“, после распространувањето на веста за причислување на Старецот во соборот на светиите, се одржа торжествена богослужба, соопштува AgionOros.ru, повикувајќи се на Romfea.

Утрото на 14 јануари митрополитот на Патра Хризостом отслужи во храмот Божествена Литургија. На богослужението учествуваа многубројни клирици и мирјани. Сите што имаа желба можеа да се поклонат на иконата на преподобен Пајсиј.

Во својата проповед трогнатиот владика Хризостом кажа: „За големата љубов на Господа кон нас грешните, Кој во време на боготстапништво ни испраќа такви светии како што е старец Пајсиј, коишто на целото човештво му даваат поткрепа и поддршка и се застапуваат пред Господа за нашето спасение“.

Митрополитот Хризостом раскажа за духовните врски на многу клирици и мирјани од Патрската епархија со преподобниот Пајсиј, напомнувајќи за големото благоговение кон него од страна на православните во целиот свет.

Исто така владиката изјави дека пред четири години му го дал монашкото име во чест на старец Пајсиј на еден од жителите на обителта Гирокомиу.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=vesti_od_pravoslavieto&action=details&record_id=1596
[DOUBLEPOST=1421515782][/DOUBLEPOST]Веруваш, бараш, но ако немаш смирение, или си склон кон гордост, не дава Бог. Може да имаш вера, не како синапово зрно, туку како кило синап. Доколку немаш исто толку смирение, не дава Бог, зашто не ти е на корист. Кога има гордост, верата не дејствува.
старец Пајсиј
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Точно овие три состојби беа многу далеку од старецот.Кога беше аскет на Синај е тогаш ептен беше ’’најаден, напијан и стоплен’’.
Но особено е лесно да се дроби ладна попара без да се прочитаат два реда.
Вистинскиот живот е соочување со другите луѓе, а не бегање од нив. Може да биде аскет колку сака, секогаш има една доза на кукавичлук во аскетизмот.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Вистинскиот живот е соочување со другите луѓе, а не бегање од нив. Може да биде аскет колку сака, секогаш има една доза на кукавичлук во аскетизмот.
Вистинскиот живот можеби е поразличен од она што ти го сметаш за ’’вистински’’. Ако зборуваме св.Паисиј после аскетизмот на Синај, тој со многу луѓе се соочил, помогнал, споделил несебично љубовта. Не се сеќавам на било кој аскет кој не се соочил со друг човек.Во аскетизмот има голема доза љубов кон Бога, кукавичлок на друго место побарај.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Вистинскиот живот е соочување со другите луѓе, а не бегање од нив. Може да биде аскет колку сака, секогаш има една доза на кукавичлук во аскетизмот.
Старец Пајсиј бил опкружен од луѓе секојдневно колку што ти не би поминал со луѓе за 5 животи. Кој кукавичлик? Знаш кој бил неговиот подвиг? Не гледам која е причината за некакво хејтање освен ако тролаш. Тогаш ќе јадеш пријави!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Старец Пајсиј бил опкружен од луѓе секојдневно колку што ти не би поминал со луѓе за 5 животи. Кој кукавичлик? Знаш кој бил неговиот подвиг? Не гледам која е причината за некакво хејтање освен ако тролаш. Тогаш ќе јадеш пријави!
Mислиш дека би тролал на една толку значајна тема? :X3:
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
За Божјата промисла

"... За да ни даде пример за тоа како Бог промислувава и суди за Своите креации, додека многу пати ние се
навредуваме и се лутиме затоа што не ги разбираме Неговите дела, о. Пајсиј ни го раскажа следниов случај:
"Еден старец во пустината, гледајќи ги неправдите во светот, се молел Бог да му открие зошто благочестиви и
верници луѓе се сиромашни и страдаат неправедно, додека неправедните и грешните се богати и задоволни.
Додека молел Бог да му ја открие оваа тајна, слушнал глас кој му рекол:
- Не се обидувај со својот ум и сила да обфатиш она што не можеш. Но сепак, ако сакаш да научиш нешто, оди во светот,
внимателно следи она што се случува, и ќе ти се даде да разбереш еден мал дел од Божјите
судбини. Тогаш ќе дознаеш, дека Божјото промислително управување на животот е неиспитливо и недостижно.
Кога го слушна ова, старецот ја напуштил пустината. Поодел малку и стигнал до една ливада. таму имало
чешма во близина на едно старо дрво со широка вдлабнатина. Тој се скрил во неа, за да ги следи раздвижениот пат
кој минувал крај ливадата. По малку покрај него поминал богат човек на коњ и застанал да се напие вода и да си
почине. Седејќи на ливадата,го извадил ќесето во кое имало сто златни монети, и почнал да ги брои.
Кога завршил, наместо да ја врати во џебот, без да сака,му паднало ќесето на тревата. Откако се нахранил
и си починал, се качил на коњот и заминал без да сфати дека го заборавил ќесето.
По некое време поминал друг човек. Застанал до чешмата и го видел ќесето со злато, го зел и
побегнал во полето. По малку дошол еден сиромав. И тој бил уморен, пиел вода и седнал да јаде леб.
Во тоа време богаташот се вратил гневен да си го бара ќесето, погледнал гневно се, нафрлил се врз сиромашниот
и му извикал да му ги врати парите. Сиромавиот го уверувал и се колнел дека не го видел неговото ќесе, но
Најбогатиот почнал да го удира и да го тепа, додека не го умртвил. Потоа ја претресол неговата облека и откако не го
открил ќесето, останал многу огорчен.
Старецот внимателно следел сè, многу се ожалостил за неправедната смрт на Сиромавиот и со
солзи се молел на Бога:
- Господи, што значи оваа Твоја волја? Кажи ми како Твојата добрина може да поднесе таква неправда?
Еден губи парите, друг ги наоѓа, а трети е неправедно убиен!
Додека се молел и плачел, се јавил ангел Божји и му рекол:
- Не тагувај, не се огорчувај за злото и не мисли дека тоа што се случи не е по Божја волја. Запомни дека работите кои
се случуваат се затоа што Бог ги допушта, за да ги вразуми луѓето и за нивна корист.
А сега слушај внимателно: човекот кој загуби парите, е сосед на оној кој ги најде. Тој имал градина,
која чинела сто златни монети. Богатиот, кој бил алчен човек, го принудил да му ја продаде градината
само за педесет. Во својата беспомошност тој се молел Бог да му даде според правдата Своја, и
Бог му платил двојно. А сиромашниот човек, кој беше убиен неправедно, некогаш исто извршил убиство,
но искрено се покајал и го живеел остатокот од својот живот според Божјата волја. Тој постојано се молел Бог да
му прости за убиството и велел: "Боже, дај ми и мене истата смрт каква што јас предизвикав на другиот!" Секако Господ му простил штом се покајал. Но Тој бил воодушевен од побожноста и
чувствителноста на Својот слуга, кој не само што се обидел да ги почитува заповедите Негови, но сакал и да плати за
гревот. Така Бог ја исполнил неговата желба и дал можност да умре од насилна смрт - така, како сакаше
самиот тој - и го зел на небото до Себе, како го украсил со слава за неговото длабоко и несебично
покајание!
Третиот човек, алчен, кој ги изгубил златните монети, и извршил убиство, требало да отиде во пеколот заради
своите два гревови - алчност и скржавост. Бог допуштил да изврши насилство и убиство, за да може
човекот да почуствува душевна мака, која ќе го доведе до покајание. Така гревот на убиството станал причина
за неговата одлука да го остави светот и да стане монах.
Сега каде и под кои околности гледаш дека Бог е неправеден, немилосрден и суров? Не треба да ги
истражуваш Божјите судбини, бидејќи тие се точни и познати само на Него. Додека ние судиме неправилно
и Божјите судбини ни се чинат неправедни. Треба да знаеш дека многу нешта се случуваат по Божја волја
од причини што не знаеме. Затоа за нас е правилно да велиме: "Праведен си Ти, Господи, и
праведни се Твоите судови. "
Старецот Паисиј Светогорец
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Шест кратки поуки од старец Паисиј

1. За противењето на сè поголемите морални соблазни, старецот го рече следново: „Потребна е внимателност. На братот наш му треба помош. Ќе го прифатиме она што го кажува како оправдување, и со љубов ќе му помогнеме. Ако сите го презрат, што ќе се добие од тоа? Нема пат до Месечината за таму да можете да побегнете. Потребна е внимателност и љубов. Должни сме да се ставиме во положението на другиот за да го разбереме.“
2. Ѓаволот постојано нè наговара да се споредуваме со оние што се полоши од нас.
3. Лесно е да се роди дете, но тешко е да се воспитува.
4. Говорејќи со едни млади теолози, старецот им рече: „Свештениците не се грижат да ги наполнат малите црквички, туку сакаат да градат големи храмови, како би изгледало дека се зафатени со работа.“
5. Исто ним, им додаде: „Потрудете се да станете свештеници, а не попови, и епископи, а не владици. Едно е свештеник, а нешто сосем друго е поп; едно е епископ, а нешто сосем друго владика.“
6. Честопати се случува наместо орел, каква што би требало да биде државата, таа да се претвори во чавка што ги колве своите граѓани. На збор е подготвена да умре за нив, додека во стварноста, не прави ништо.
Извор: http://agapi.mk/kratki-pouki-od-starec-paisij/
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Во Москва ќе се отслужи молебен на преп. Пајсиј Светогорец

Учесниците во движењето против абортусот во Москва ќе се соберат на молебен кон светиот Пајсиј Светогорец – покровителот на движењето за запирање на абортусот.

Надалеку е познат одговорот на отец Пајсиј на прашањето упатено кон него: „Можно ли е да се направи нешто за да се спречи абортусот?“ Одговорот на светецот беше:

„Можно е, но потребно е државата да се придвижи кон Црквата, за луѓето да можат да ги дознаат последиците од недостатокот на плодност. Свештениците се должни да им објаснат на луѓето дека законот со кој се дозволува абортусот, противречи на евангелските заповеди. Од своја страна, и лекарите се должни да зборуваат за опасностите на кои се подложуваат жените што абортираат. Погледни: европејците имаат воспитание, што им ги оставаат во наследство на своите деца. Ние, пак, кои порано го имавме стравот Божји, го изгонивме и не им оставивме ништо во наследство на идните поколенија. Затоа сега им го дозволуваме абортусот, го озаконивме граѓанскиот брак... Ако еден човек ја нарушува евангелската заповед, одговорноста паѓа на него самиот. Исто така, доколку во државниот закон постои спротивставување кон евангелските заповеди, тогаш гневот Божји паѓа врз целиот народ, со цел да го воспита“.

Старец Пајсиј Светогорец ги благословувал верниците да учествуваат во граѓански демонстрации и други општествени активности, чија цел е востановување на забраната за абортус, која до XX век била присутна во законодавството на сите држави.

Преподобен Пајсиј Светогорец беше впишан во Диптихот на светите со одлука на Синодот на Константинополската православна црква, на 13 јануари, оваа година.

Извор: Православие.ру
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=vesti_od_pravoslavieto&action=details&record_id=1617
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби и нешта, барајќи оправдување во она “Кажи ѝ на Црквата” (Мт. 17, 18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква. Добрите деца никогаш не ја обвинуваат својата мајка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom