Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
А кој тебе те убедува да не веруваш? Сакаш да веруваш? Верувај си! Ти родител си им на атеистите?

Епистемолошки гледано и твоето знаење доаѓа од ВЕРУВАЊЕ.

Epistemology.cmap

Oттука можеш да видиш дека изворите на сознанието се состојат од:

- рационализам: ВЕРУВАЊЕ дека умот е извор на сознанието
- емпиризам: ВЕРУВАЊЕ дека сетилните искуства се единствениот валиден извор на сознанието
- нативизам: ВЕРУВАЊЕ дека барем одреден дел од сознанието е вроден

Односот кон добиеното сознание е:

- скептицизам: ВЕРУВАЊЕ дека светот не може воопшто да биде спознаен
- идеализам: ВЕРУВАЊЕ дека светот се состои само од идеи
- реализам: ВЕРУВАЊЕ дека сите нешта во светот можат да бидат спознаени
- прагматизам: ВЕРУВАЊЕ дека реалноста постои но не може да се спознае директно
- објективизам: ВЕРУВАЊЕ дека претпоставената реалност е однадвор и одвоена од спознавачот
- интерпретивизам: ВЕРУВАЊЕ дека претпоставената реалност е изградена од самиот спознавач.
 
Последно уредено:
Можеби доаѓа од верување знаењето на атеистот, но атеистот повеќе сака знаење отколку догматско верување.
Мислам дека да постоеше престолот на твојот бог реално, атеистот ќе најдеше начин да гребе по истиот за да го анализира и има знаење за истиот со цел, знаење за богот.

Не знам атеист кој што се задоволил со оној христијански концепт верувај и доволно е. Тоа е една голема препрека кон знаењето.

Барем јас така мислам во врска со атеистите.
 
Последно уредено:
И што кажа всушност? Догматско верување и сите тие верување (повеќето од нив и не се) е исто? Не ќе да е. Ова се црковни толкувања на поими кои во стварноста се малку поинакви. Реков јас едно време.
Cave ab homine unius libri.
Станува збор за верување во богови кој никој не ги докажал. Имаш потреба од такво верување? Верувај си бе брат. Се додека мене не ме ставаш во твоето верување и не ме осудуваш за моето неверување си во ред.
 
Последно уредено:
Епистемолошки гледано и твоето знаење доаѓа од ВЕРУВАЊЕ.

Epistemology.cmap

Oттука можеш да видиш дека изворите на сознанието се состојат од:

- рационализам: ВЕРУВАЊЕ дека умот е извор на сознанието
- емпиризам: ВЕРУВАЊЕ дека сетилните искуства се единствениот валиден извор на сознанието
- нативизам: ВЕРУВАЊЕ дека барем одреден дел од сознанието е вроден

Односот кон добиеното сознание е:

- скептицизам: ВЕРУВАЊЕ дека светот не може воопшто да биде спознаен
- идеализам: ВЕРУВАЊЕ дека светот се состои само од идеи
- реализам: ВЕРУВАЊЕ дека сите нешта во светот можат да бидат спознаени
- прагматизам: ВЕРУВАЊЕ дека реалноста постои но не може да се спознае директно
- објективизам: ВЕРУВАЊЕ дека претпоставената реалност е однадвор и одвоена од спознавачот
- интерпретивизам: ВЕРУВАЊЕ дека претпоставената реалност е изградена од самиот спознавач.
Ти се сведуваш на верување.Верата е категорија која нема никаква основа.Верата е најблиска до незнаењето.Постојат две реални категории,знаење и искуство.
 
Тоа искуство ти е релативно...
A знаењето на какви категории се дели?
 
Дали како атеист би прифатиле да бидите кум на ваш другар за свадба а покасно и за крштевање на неговите деца??
Ако на него му значи тоа, зш да не, .... се работи за почит кон човекот, а не кон религијата.
Тоа е исто кога некој другар/пријател/роднина слави слава, велигден, бајрам, ....... му го честитам празникот.
Почитувањето кон човекот пред се'.
 
Дали како атеист би прифатиле да бидите кум на ваш другар за свадба а покасно и за крштевање на неговите деца??
Да, безразлика на тоа татко ми е кум на близок негов другар иначе е тежок атеист кога ги крштеваа децата он не беше во црква т.е не влезе внатре :) ја не сум крстен исто така :) кога се оженив ептен оти женами запна сакала да биде со венчавка па мораше да се глупирам на постари години да се крстам :)
 
Абе сето то е во ред, ама кумот требит да влезит в црква да сменит прстени, да се откажит од сатаната ко ќе се крштевeт децата :gjavol:. Мене не ми е проблем влегвењето в црква, то го третирам ко влегвење во музеј или ко в полиција да се сликаш за пасош, мене ми пречит кажвењето на се то шо се прајт таму и на оставањето пари.
 
А што ако прстените се симбол на сатаната. Како во господар на прстените. Таму само лошите чичковци имаа прстени [emoji2]
 
Дали како атеист би прифатиле да бидите кум на ваш другар за свадба а покасно и за крштевање на неговите деца??
Кумството и славите пред се ги разбирам како прашање на традиција а не како религиозно определување, така да не гледам проблем зашто некој атеист не би прифатил такво нешто.
Исто така сметам дека атеист не треба да има проблем да влезе во црква,џамија, синагога или било каков верски објект. Верник не те прави тоа што го правиш (крштевање, сунет, свадба во црква и сл.) вистински верник се познава во неговите убедувања. Крај на краишта ако отидеш на фудбалска утакмица немора да значи дека си хулиган, или ако отидеш на оперска претстава не значи дека слушаш класична музика :)
 
мн добро мислење за денешно зачленет :свиркам:
 
Од дамна бев активен на форумов, ама си го заборавив пасвордот од акаунтот а богами и од мејлот па морав вака нов профил :)
 
Дали како атеист би прифатиле да бидите кум на ваш другар за свадба а покасно и за крштевање на неговите деца??
Тоа едноставно не е можно.
Атеист не може да биде кум на венчавка, може само да биде прв сведок при склучување на граѓански брак.
Значи, институцијата кум, постои само при венчавка, а не при склучување на граѓански брак.

Тоа што луѓето обавезно го употребуваат изразот кум за првиот сведок, тоа е сосема друга работа.

Инаку првиот сведок, може да биде (и најчесто е) и кум (секако доколку има венчавка).

Тој што е кум на децата, не мора да е и истиот кум при венчавањето (но најчесто е)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom