Да не даватe пари за Socks5, еве ви бесплатен скенер, сами наоѓајте си.
http://free-socks-proxy-scanner.soft32.com/
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, кај беше порано да го споделиш ова? Хич не си другар бре хеј!!!

А ние опрчуеле 35$. Нека истече договорот со овие чорапчињава што ги имаме, па да се инсталира ова.
Него, ...... едно почетничко прашање. Дали ако се земе впн ..... тоа значи дека земаш само еден впн и еден тунел? Со проимер, за да се сфатиме, ... ми треба од Њу Јорк. Имам повеќе акаунти. И сега, за секој акаунт ми треба посебен впн? Или има некоја опцја во комбинацја со прокси да се среди од еден впн?
Додека го пишував ова, ми текна дека должам објаснување за тоа зошто ги пишувам во кирилична форма МАК, ИП, впн и сл.
Е па драги форумџии, пред 2 недели се уверив дека сите ние, целата наша комуникација е надгледувана, анализирана и што ли ти уште не од “горните“. Кои се тие “горни“ не е ни битно колку што е битно како да се заштитме. Имено, заради овој проблем со ИП и амазон, ...... имав конверзација по гмаил со еден пријател. И двајцата сме на гмаил. Комуникацијата беше насловена како спуф мај МАК адрес. И тука си разменивме мислења и сл. НО, .... кога се видовме во живо и почнавме да дискутираме за истото, сакавме да изанализираме како и што сме кажале. И за таа работа моравме да се вклучиме на маил. Хмммммм, тука дојде комплетниот шок, кој потоа прерасана во ужас. Комуникацијата едноставно ја смена. И од мојот акаунт, и од неговиот. А и двајцата сме типови кои НЕ бришат мејлови. И наместо да дискутираме за проблемот, дискусијата се сврте во сосема друг правец. Заклучивме дека чичко гугл ни ги скенира мејловите и оние за кои мисли дека се несоодветни ни ги брише, а вероватно и после тоа занаат и кога идеш да мочаш.
Така да дечки, да не ми се случеше на мене, знам дека ќе бев скептик и некако тешко дека ќе го поверував ова, дека и нас обичните смртници не набљудуваат.
Од тогаш, моите комуникации кога се работи за вакви работи се сведува на два момента, ..... пишувам на македонски и ги ставам во некој фајл работите кои сакам да ги кажам (ворд, ексел, пдф, ..)................ јбга, ми направија да станам параноичен.